- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.161
- Поени од реакции
- 1.324
Весникот Лајм пренесува идеја како да се смират страстите во Прешевската долина
Албански историчари во Македонија се за размена на територии!?

Албанските историчари во Македонија предлагаат разгледување на можноста за обединување на Македонија и Прешевската долина, како еден од начините за надминување на статус кво состојбата во која се наоѓа регионот, пишува весникот "Лајм". На овој начин, пишува "Лајм", Албанците во овој регион нема да бидат, како што велат, загрозени од Србија, а исто така ќе се амортизираат српските барања за поделба на Косово. Според весникот, Македонија и Србија би можеле да направат компензација со прекројување на границите, па во интерес на Прешевската долина, предлагаат да се откажат од дел од некои гранични територии во околината на Куманово и Крива Паланка кои Србија ги бара.
Весникот ја пренесува изјавата на историчарот Скендер Хасани кој смета дека со размена на територии ќе се избрише историската неправда за Прешево. Тој појаснува дека историски гледано Прешево отсекогаш, од кралството Дарданија, па до периодот меѓу двете светски војни, кога долината стана дел од федерална единица на Србија била во рамките на таа територија. "Гледаме дека и денеска има тенденција за етничка миграција, значи дека албанските историски граници се скршени", вели историчарот Скендер Асани за весникот "Лајм".
ВЕЧЕР го контактираше историчарот Асани, но тој не сакаше ниту да ја потврди ниту да ја негира идејата за прекројувањето на границите. Во разговорот, Асани, кој патем е и претседател на Здружението на албански историчари во Македонија неколкупати повтори дека не сака да коментира ништо повеќе во врска со изјавата за цитираниот весник. Единствено, рече дека неговата за "Лајм" била дадена чисто од историска гледна точка, како појаснување на оваа територија од историски аспект, а не како коментар или визија за моменталната состојба на границите.
Неговиот колега, пак, историчарот и актуелен државен секретар за култура Музафер Бислими смета дека идеите за прекројување на границите во Европа се рамни на утопија и тврди дека таквите поделби немаат поддршка кај Албанците кај нас, ниту во Косово, ниту во Албанија.
- Јас не можам да коментирам туѓи изјави, но она што можам да ви потврдам е дека идеите за менување на границите се чиста утопија и дека од Версајскиот мировен договор до денеска не е сменета ниту една надворешна граница во Европа. Овие идеи немаат апсолутно никаква поддршка кај Албанците каде и да живеат. Но, можеби во моментов се користи за некои или нечии интереси, еве на пример и Косово и Албанија се во еден предизборен период, вели Бислими.
Наспроти него, и градоначалникот на Прешево Рагми Мустафа за "Лајм" изјавува дека идејата за размена на територии не треба да се отфрли, туку треба сериозно да се анализира.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B35376C706BE924CA4264429996EEA5B