Гори манастирот Трескавец!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Гори манастирот Трескавец


Изгорени се двата конаци, потврдуваат извори на Press24 од терен
Пламени јазици го зафатија манастирот Трескавец во Прилеп. Изгорени се двата конаци, потврдуваат извори на Press24 од терен. Засега нема информации во какви околности избил пожарот. Нашата екипа се упати кон манастирот. Очекуваме повеќе информации.
Treskavec.jpg


Знае некој нешто повеќе?:confused:
 
Гори манастирот Трескавец
Македонија | 4. февруари 2013 - 14:33
Изгорени се двата конаци, потврдуваат извори на Press24 од терен
Пламени јазици го зафатија манастирот Трескавец во Прилеп. Изгорени се двата конаци, потврдуваат извори на Press24 од терен. Засега нема информации во какви околности избил пожарот. Нашата екипа се упати кон манастирот. Очекуваме повеќе информации.
Treskavec.jpg

Знае некој нешто повеќе?:confused:

Сега и јас прочитав, плус дека црквата не била во опасност а противпожарни екипи се на патот.

Едит: На курир прочитав „од нивни информации“ противпожарните екипи не биле во можност да стигнат до манастирот. Центарот за кризи треба да реагира.
 
Не знам како ќе стигнат искрено ако воопшто тргнале, оти до таму само џип мислам може да се искачи оти патот не е нешто погоден за други возила.Жал ми е само за местото бидејќи е прекрасно и има многу стари фрески, кој што го посетил знае за што зборувам.
 
Црквата не е во опасност, конакот изгорел !!!
 
Од сеуште непознати причини избил пожар во некоја од собите на манастирот Успение на Пресвета Богородица - Трескавец.
Манастирот е во пламен!
Материјалната штета е голема. Противпожарните екипи се упатуваат кон манастирот да помогнат во гаснењето на пожарот и спасувањето на едно од најсветите места во Македонија.
Неофицијално дознаваме дека пламените јазици целосно го опфатиле манастирот Успение на Пресвета Богородица - Трескавец, загрозена е и манастирската црква, која моментално е приоритет за спасување на противпожарните екипи и доброволците.
Конаците од манастирскиот комплекс најверојатно нема да биде возможно да се спасат од пламените јазици.
Манастирот потекнува од 13 век, и е оддалечен 13 километри од Прилеп и сместен на непристапен терен, што само ја отежнува интервенцијата на пожарникарите.

http://10bez10.com/vesti/3558-treskavec-e-vo-plamen
 
Манастири, пошти, планинарски домови, трафостаници.. одлично тргнало
 
Два конака се веќе пеплосани
Taка е значи конаците се изгорени, манастирот не е чепнат. Овие дегениве од Телма па најава гори манастирот....ццц.
Конаците се изгорени не манастирот !!!
 
Едно од најубавите места во Прилепов. Секоја година традиционално си го посетував во август на сам ден Успение пресвета Богородица. Голема штета че биди ако местото на било каков начин го изгуби својот препознатлив сјај. Од 13ти век е плус, не е вчерашно.......
 
Едно од најубавите места во Прилепов. Секоја година традиционално си го посетував во август на сам ден Успение пресвета Богородица. Голема штета че биди ако местото на било каков начин го изгуби својот препознатлив сјај. Од 13ти век е плус, не е вчерашно.......
Ќе си остане истиот сјај исто како Јован Бигорски. Свети места се тие...од горе некој ги прави да се со таква енергија и убавина.
 
Штета навистина е голема. Треба да се подели државава на неколку подрачја и секое подрачје да има по еден авион за гасење за вакви ситуации. Штетата би се ублажила тогаш за 70%.
 
ширете Прилепчани
Центарот за управување со кризи во Прилеп упатува апел до сите граѓани кои поседуваат теренски возила веднаш да се упатат кон манастирот Трескавец и да помогнат колку што можат во гаснењето на пожарот што го зафати овој голем манастирски комлекс.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom