Паркови за одмор на пензионери и прошетка со внучиња!

  • Креатор на темата Креатор на темата Suncica.s
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 февруари 2013
Мислења
3
Поени од реакции
2
Возраст
75
Јас сум пензионерка и често шетам со внучињата во паркчето кај нас. Морам да ги пофалам надлежните во Автокоманда за направеното паркче со клупи, зеленило и убав поглед. Секој ден кога времето го дозволува тоа се шетаме со моите две внучиња тука.

Не знам какво е вашето искуство, ама кај сестра ми на пример нема нешто слично и нема каде да се прошета.

;) Имам среќа што живеам во урбана населба!
 
А за бесплатниот превоз за пензионерите што имате да кажете?
 
Дојде време и пензионери да заебавам.. "Од партија те пуштија?"

Бабава ептен модерна море... Си сретнал ти кај нас некоја пензионерка да знае компјутер/интернет да користи па и на форум да дискутира? Колку сме само напредна пензионерска држава еј.
 
Бабава ептен модерна море... Си сретнал ти кај нас некоја пензионерка да знае компјутер/интернет да користи па и на форум да дискутира? Колку сме само напредна пензионерска држава еј.
Зошто да незнае... од какви се професии се пензионирал народ, тебе те чуди за еден посран компјутер дали знае да користи или не.
 
Наместо да тролате може да се преименува темава во Паркови низ и Македонија да се дискутика на неа, во Велес има 2 парка од кој едниот се вика младински парк и последниве години солидно го уредија а другиот е градски парк и последниве 20 години е во фаза на уредување т.е се нема идеја, волја и пари да се среди, јас редовно се шетам низ големиот парк и ми се свиѓа зеленилото, мирот и тишината кој те прават да се чуствуваш спокојно ;)
 
Во општина Аеродром има повеќе паркови од сите останати населби во Скопје заедно, па пак никој не прави акаунти на форум специјално за да го истакне тоа.
 
Нејзината сестра сигурно живее во Тетово.
 
Јас сум пензионерка и често шетам со внучињата во паркчето кај нас. Морам да ги пофалам надлежните во Автокоманда за направеното паркче со клупи, зеленило и убав поглед. Секој ден кога времето го дозволува тоа се шетаме со моите две внучиња тука.

Не знам какво е вашето искуство, ама кај сестра ми на пример нема нешто слично и нема каде да се прошета.

;) Имам среќа што живеам во урбана населба!
Многу убав поглед,на еден коњаник и на шлепери,
Таму ли ги шеташ децата, на кој воздух,на која трева,
на кој пекол во летните месеци и т.н.
Да си ја кажеме вистината,паркот е стварно убав за приквечерни прошетки,за баби и внуци,и претпладневни.
Но ај преку ден стапни на тоа плочките летно време ако смееш.Тоа е затоа можеби што е паркот млад-нов а кога ќе пораснат дрвјата ќе биде другачије и подобро.
Но има и уште подобро,10000000000000000 пати подобро.
Ете ви ја прекрасната шума на Гази Баба на сто чекори.
Но има ли таму некој. И јас ги шетам внуците и таму и ваму.
Но Гази Баба е незаменлива но празна,цело лето и зиме.
До душа ќе видиш почесто млади како играат фудбал.
Но на извонредните трим патеки нема да сретнеш никого.Или ќе се изначекаш за да видиш некој.Има на две места ладна „Мавровска“ вода,две чешми кој везден течат.
Има пристап од сите четири страни.Има на повеќе места куќички со маси и столчиња.А клупи на секое патче. Има и тревната површина во големи парцели.Има и разни птици и прекрасни песни се слушаат цел ден.Сенки колку сакаш.
Рај и за очите и за телото и за вашето и на внуците здравјето.Се што ќе понесете за нив-сендвичи,има да го лапнат,после толку трчање на тој чист кислород. А кога ќе ги вратите дома,мири сте бидеиќи и тие ќе бидат мирни.
Ама вие не одите таму бидеиќи нема таму да ве види комшиката,а и таа не оди поради истите причини.
Појдете утре да се уверите во овие мој тврдења.
--------------------
Ајде Кајганаџии,на еден ФУДБАЛ на игралиштата во Гази Баба, и на неколку гајби ладно пивце,,,,,,од под чешма...
Значи доста собиранки,покрај автопати и раскрсници како што е паркот во Автокоманда,и во задимени тесни кафичи.
Ајмо друштво и младо и старо у планине- Гази Баба е наша.
 
;) Имам среќа што живеам во урбана населба!
Зошто олку скромно фалење? Пиши ко што треба, да го личи. Тони е лаф!!! Тој изгради плоштад со споменик од Филип и гради паркови!!! Не ко оној комуњарон од Подржикоњ што само бекатонки прередува.
 
Бабава ептен модерна море... Си сретнал ти кај нас некоја пензионерка да знае компјутер/интернет да користи па и на форум да дискутира? Колку сме само напредна пензионерска држава еј.

А зошто да не?! Има многу паметни и образовани луѓе во нашата земја коишто може да си го дозволат тоа. ;)
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 15:58 ---
Зошто олку скромно фалење? Пиши ко што треба, да го личи. Тони е лаф!!! Тој изгради плоштад со споменик од Филип и гради паркови!!! Не ко оној комуњарон од Подржикоњ што само бекатонки прередува.

Се согласувам со тебе!! ТОНИ е вистинскиот човек за Гази Баба!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom