Спортска опрема (информации, размена, купување продавање)

  • Креатор на темата Креатор на темата Makarov's Lead
  • Време на започнување Време на започнување
Дечко ако не ти се толку неизбежни ракавиците, земи си лента за врзување, нешто слично на завој:
mma_hand_wraps_180_inch_red.jpg
Ги има на ebay по 5$//6$
 
Нема некои поголеми проблеми. Сум примил доста удари на тренинзи и единствен проблем е што ми се сече устата што мислам дека со штитник за заби ќе се реши тој проблем. До сеа да не се подречам ми се нема одлепено протезата и слично.. :)
Можеш да си направиш проблеми потоа ..
--- надополнето: 11 март 2013 во 23:14 ---
Дечко ако не ти се толку неизбежни ракавиците, земи си лента за врзување, нешто слично на завој:
mma_hand_wraps_180_inch_red.jpg
Ги има на ebay по 5$//6$
Ги има во секој спорт шоп иначе се викаат бандажери :)
--- надополнето: 11 март 2013 во 23:30 ---
Иначе има ли некој сајт во Македонија за спортска опрема ? :) :)
 
Дечко ако не ти се толку неизбежни ракавиците, земи си лента за врзување, нешто слично на завој:
mma_hand_wraps_180_inch_red.jpg
Ги има на ebay по 5$//6$

Не можеш да тренираш со бандажери само.Без ракавици можеш да издржиш само првите 2-3 месеци кога ја вежбаш основата ама после ништо не правиш без ракавици,пред се не можеш да правиш спаринг.
 
баш такво нешто, од 5 кг или зависи што ќе најдеш :)
KWON во трговски. Е сега за цената не ми кажаа сигурно, ми рекоа околу 5000 ама не е сигурно може и поевтино да е, да си отидеш и да провериш лично колку е најубаво.
 
Не можеш да тренираш со бандажери само.Без ракавици можеш да издржиш само првите 2-3 месеци кога ја вежбаш основата ама после ништо не правиш без ракавици,пред се не можеш да правиш спаринг.
Бандажери се викале, ете, ич не ми текнуваше у моментот... Инаку не се лоши за мавање во вреќа, јас имав едни како војнички али се искинаа, од лош материјал беа...
 
Јас не одам на натпревари, а и не планирам барем сеа за сеа.
Овој ми е втор месец како тренирам и не го тренирам за да одам на борби туку за самоодбрана (за недај боже). Можеби кога ќе сум поголем (17-18 години) ќе одам, но сега за сега не. (таман до тогаш и протезата ќе ми ја извадат хD)
На мене ми е за на тренинг, кога правиме спаринг некој и малце да ме удри од протезата веднаш ми се сече устата, а некогаш ми се и подувува. Не сакам некој професионален штитник кој ќе ме чини 1000 или повеќе денари, мислам дека до 200-300 денари може да се најде аматерски штитник, но зошто и тие пари да ги дадам и после така дома да ми стои.

Има добра причина зошто некои штитници се 100, а некои 1000 денари. Колку пари, толку штитат.

Во твојот случај пак, приказната е сосема поинаква. Прво ти треба специјална гума (braces mouthguard), а не било што. Може да се најде по Интернетов по цена од 1000 денари па нагоре, ама без никаква гаранција. За гаранција ќе ти треба некој да ти ја направи специјално за тебе ако сакаш да ти биде точна. За тој луксуз цената е од 100 евра па нагоре.

Второ, воопшто не е паметно да добиваш било какви удари во пределот на забите, независно колку тие удари се лесни или јаки. Твоите заби се посебно затегнати и опуштени за да се наместат како треба, затоа и носиш протези. И да имаш гума ударите дефинитивно ќе влијаат на целиот процес.
 
Значи дефинитивно ќе ми смета :(

Прочитај го последниот пасус од @nikola.b истото и јас ќе ти го пишев.

Нема никаква поента да добиваш удари во вилица а ако ги добиваш значи или тренинг партнерот не се контролира како што треба или ти работиш погрешно. Ако не си доволно добар да се штитиш и правилно да ескивираш немој да одиш во таков спаринг, рано ти е а може да имаш и штета посебно со протезава.
 
Значи дефинитивно ќе ми смета :(

Полека малце со тоа спарингот додека ја носиш протезата ќе си направиш двојна штета. Гумата нема да те заштити од добри удари, а како што сфатив од постовите арно се млатарите тамо. Инаку чисто информативно заштитната Гума за вилица се моделира според формата на забалото. Ова значи дека ја купуваш ја ставаш дома во ѓезве да врие јако, ја вадиш ја ладиш одма со ладна вода и ја загризуваш јако со забалото, тогаш ќе ја добие твојата форма, ако треба малку ја кратиш од двата краја кои ги има и тоа е тоа. На овој начин можеш да ја адаптираш и на твојата фиксна протеза но горните совети беа добри прво поправи си ги забите па после мавај спаринзи.
 
Да не може некаде случајно во Скопје да се најде ѕиден фокусер,нешто налик на ова
41cw1Pf3Q7L._SL500_AA300_.jpg
 
Здраво ценети форумџии :) Барам да купам летна шпризерка и карбонско весло (по можност криво) за К1 ако некој знае каде има да се продава опрема од овој вид ве молам нека пише а може и у ПП заради нотификацијата, ако некој продава може и на старо само да не е искинато/искршено. Однапред биг тенкју позз.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom