Се случуваат падови во животот кај секој, не си единствен што имаш мисли, празнина и сето тоа што го доживуваш и низ што поминуваш низ животот. Главно е да не губиш надеж, самиот Господ ни дава веќе надеж за вечен живот.
Мора нешто кај тебе да промениш, нешто има што не чини во тебе, секој има недостатоци - нема совршен човек, промената ќе ја почниш од тебе. Лично мене духовникот ми даде совет да го читам почесто светото писмо, особено Новиот Завет каде што се кажува за нашиот Господ Исус Христос.
Стани, не останувај паднат, секој знам дека си паднат, но стани и движи се, ајде сега најпрво Оче наш неколку пати, па Исусовата молитва - Господи Исусе Христе, Сине божји, помилуј ме грешниот и почнуваш да го читашНовиот Завет (денеска како за почеток од апостол Матеј првите 3 глави, од утре по една глава - во една недела барем 7 глави, а во денот по една глава).
Па ќе дојди време за пост, ќе си се исповедаш, верувај многу подобро ќе ти биди, ако имаш потреба побрзо - побрзо исповедај си се и причести си се ко ќе дојди празникот Успение на Пресвета Богородица. 4 пати да се исповедаш во текот на годината за четирите големи поста и да си се причестиш со крвта и телото на нашиот Спасител Исус Христос доста е, по договор со духовникот уште еднаш ако ти дозволи за некој од големите поста.
Исповедта е да речам една психологија, каде што се прочистува човек психички и духовно, му ги кажуваш пред свештеникот и Господ гревовите и светштеникот со благослов што го има претходно добиено те разрешува од сите гревови што му ги исповедаш, па можиш тука и мислите што те мачат да ги кажиш многу подобро за тебе ќе ти биди, верувај и тоа многу подобро ќе се осетиш после.
Многу е важно да не се откажуваш никогаш, јас сум свесен колку многу сум недостоен и што сум жив моментално, но Господ е тој пак што е добар и милостив, Он не води некогаш и низ маки и низ невојли и разни искушенија, низ стрмен пат, за на крајот ко ќе дојди да не земи да не најде во покајание и да не прими во неговото вечно царство и за да бидеме свети. Тежок пат бил зад тебе, а сега стани и продолжи да живееш, остави го тоа што било и поминало, моли му се на Господ. читај свето писмо, исповедај си се и причести се ко ќе дојди денот, па Господ нека те благослови, нека те води низ животот и нека ти ја пополни таа празнина што ја имаш.