Анкета: Будизам = Атеизам ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали Будизмот е во суштина Атеизам?

  • Вкупно гласачи
    71

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Локација
Охрид, Македонија
Темата е отворена по барање на членовите, и гласовите ќе бидат прикажани јавно.

Повелете со дискусија, нека има "жар во борбата".. но без употреба на оружје за масовно искористување на оффтопик терабајти.
 
Будизмот не му доаѓа пак како верување во нешто? додека кај атеизмот у ништо не се верува
 
Будизмот не му доаѓа пак како верување во нешто? додека кај атеизмот у ништо не се верува

За во принцип да негираш нешто, потребни се некакви факти, односно верба во истите. Од тука следи...... до бесконечност ;)
 
Можам да видам од каде доаѓа идејата за споредба, но одговорот е сепак негативен.
Многу луѓе сакаат да ги групираат атеистите во некаква заедница кога всушност не се.

Атеизам не е негирање на Бог туку недостаток на верба во истиот што е слично, но сепак има разлика.
Ова всушност е единствената заедничка особина на атеистите барем по дефиниција.

Некој може да е сериски убиец, а вториов најголем филантроп и доброчинител и двајцата да бидат атеисти по што ќе биде смешно да се стават во ист кош и поради тоа никогаш не може атеизмот да се изедначи со будизмот кој има правила и обичаи иако нема Бог како централна фигура.

Ако не се лажам го имам слушнато и терминот атеистичка религија (се мисли на будизмот) што според мене сам по себе е контрадикторен бидејќи атеизмот е една особина, а религијата е барем во случајот со христијанството и коранот цела книга со инструкции што да правиш, како да правиш, што да јадеш, што да јаваш, што да е*еш итн.

Пак ќе кажам можам да видам од каде доаѓа идејата, но според мене прашањево е излишно бидејќи само ако погледнеме што е Атеизам и што е Будизам и ги ставиме на вага одма ќе се види дека ниту се ниту можат да бидат еднакви.
 
По барање на членовите? Мислиш по барање на Gurdjieff.
Како и да е. Анкетава нема врска, и одговорот е многу очигледен.

Будизмот се смета за религија, а атеизмот е неверување (значи не е религија)

Можеби половина будисти да бидат атеисти, ама тоа не значи дека атеистите се будисти (тука не правите разлика)
Најчесто будистите се и теисти, што значи дека веруваат дека постои барем еден бог, како може воопшто да се направи споредба со атеизам?

За во принцип да негираш нешто, потребни се некакви факти, односно верба во истите. Од тука следи...... до бесконечност ;)

За да негираш ти требаат факти и верба во истите? Не ми требаат факти, јас ако го негирам постоењето на бог зошто ми се потребни факти? Ти побарај факти за неговото постоење, тоа нели треба да ти биде побитно
 
Многу глупо ми е прашањево, Будизамам е религија коа верува во бог, а Атеизам е неверување, како може да биде верувањето еднакво на неверувањето, no sense.
 
Многу глупо ми е прашањево, Будизамам е религија коа верува во бог, а Атеизам е неверување, како може да биде верувањето еднакво на неверувањето, no sense.

Прашањево е поставено оти има будисти што не веруваат во бог. A не сфаќаат дека будистичката философија не го поддржува атеизмот
 
Со оглед на тоа што во Будизмот не е претставен семоќен,сезнаен и сечинителен ентитет,нам познат како Бог,и со оглед на тоа што атеизмот претставува отсуство на верба во Бог,очигледно е дека се работи за нон-теистичка религија.Многумина дури би милувале да кажат дека Будизмот не е ниту религија,туку филозофија,но јас лично сметам дека се работи за религија со елементи на филозофски пристап кон многу учења застапени во самиот Будизам.
Прашањево не е нималку глупаво,бидејќи очигледно е дека постојат многу спротиставени мислења.
Дури ни самиот Буда не одговарал на прашања поврзани со егзистенцијата на Бог,ги насочувал следбениците кон самореализација,да се развива духовната сила која води кон одговор на сите прашања.Заклучно ова,според мене,Буда насочувал кон спознавање на Бог(доколку тој постои) а не кон слепа верба во него.
Samurai Jack-во кој Бог веруваат Будистите,кога веќе спомна?
 
Атеизам не е негирање на Бог туку недостаток на верба во истиот што е слично, но сепак има разлика.
Атеизам е одбивање на верба во божества,не е никаков недостаток на верба. - Општа дефиниција.
 
но јас лично сметам дека се работи за религија со елементи на филозофски пристап

Значи ти сметаш дека будизмот е религија со елементи на философски пристап а во темава си гласал дека будизмот е еднаков на атеизмот?

Јас од воа извлеков дека ти немаш поим уствари што е атеизам
 
Ајде за Чаксон и останатата фела која не разбира што е атеизам,да дефинираме.

Замислените ентитети наречени богови,немаат независно постоење надвор од човечката психа.
 
Ајде за Чаксон и останатата фела која не разбира што е атеизам,да дефинираме.

Замислените ентитети наречени богови,немаат независно постоење надвор од човечката психа.

Aбе неинформиран, прво не те цитирав тебе, не знам шо се обраќаш. Друго он рече дека будизмот го смета за РЕЛИГИЈА. А гласал во анкетава со ДА! Јасно ти е сега?
 
Aбе неинформиран, прво не те цитирав тебе, не знам шо се обраќаш. Друго он рече дека будизмот го смета за РЕЛИГИЈА. А гласал во анкетава со ДА! Јасно ти е сега?

Второ и јас тебе не те цитирав.Гледам се мачите тука да дефинирате што е атеизам,па си реков да помогнам.

Знам Чаксон дека губењето на јакната те погоди многу, и од тогаш па навака страдаш од психози,ама ќе те опраиме.
 
:pos:
Не беше јакна, палто беше. А јас па од тебе ќе чекам да ме опраиш, грев еден. Точно, не ме цитираше, ама ме спомна, можеш ти и без мене да коментираш, така да за друг пат да си знаеш.

Знаеме шо е атеизам, не се секирај
 
Во Буда, кој друг...
:facepalm: не траскај глупости... Буда не е никаков „Бог“ во кој „веруваат“ будистите, Буда бил спиритуален учител, нема тука никаков еквивалент со Исус кај христијанството.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom