M
Muranyi
Гостин
Иако ми е непријатна темава,сепак морам да се согласам со Соул-тој е во право,иако жалам што одлучил од инает,поради тоа што некои дебили и идиоти немаат основни познавања од некои работи и ги поистоветуваат Македонците Муслимани со Албанците,да се декларира како Албанец.Јас лично илјадници пати сум бил во друштво(не блиски другари,повеќе би кажал познаници) каде биле нарекувани Шип-тари,исто така и Босанците и Турците,само поради нивната верска ориентација.Или кога погрдно ќе ги наречат-"сечени" и тоа дечки кои се декларираат како Христијани и би требало да знаат кој и што бил Исус.Но,некои будали закоравени едноставно не заслужуваат ниту да ги перцепираш,не па да им објаснуваш.А не знаат идиотите дека Македонците Муслимани говорат можеби,на најчистиот македонски дијалект,паметам дека на доста места имам сретнато таква информација.Во комуникацијата користат многу стари македонски зборови,кои досега не сум ги сретнал во ниеден дијалект во цела Македонија.Јас ги сметам за Македонци,ја почитувам нивната желба да се декларираат како нешто друго,сепак тоа е нивно елементарно право.
Штета,навистина голема штета што сами си правиме раздор во нацијата за разлика,од на пример,Албанците,кај кои кога се работи за националната кауза,интерес,не постои вера.Треба од нив да учиме и да го почитуваме својот народ,без разлика на верската припадност.