Заби и сѐ во врска со забите

  • Креатор на темата Креатор на темата isabelle
  • Време на започнување Време на започнување
Фала многу. Барав за лакалут и ги најдов и сенситив и флуор. Не знам која е за мојот случај. Како можни варијанти ми се само сенситив или да користам флуор наутро и алпин навечер...Треба да прашам забар најверојатно.
 
не е баш офтопик , за орална хигиена е да си прашам и јас нешто, дали може да се најде во нашава земја некаде она што американците го викаат tongue cleaner/scraper, значи не она што го има на задниот дел на повеќето четки туку специјалen чистач за јазикот само за таа намена, секаљде ги има и тоа на повеќе фирми ама кај нас не сум видел, ако знае некој пишете !
 
Мислам дека имаше во аптеката во Рамстор и во една аптека ЗАМ што е на Ленинова после Зегин Буњаковец, ама не сум сигурна. Има по подобро опремените аптеки, побарај чистач за јазик.
 
фала ти најмногу ! ке проверам :)
 
Фала многу. Барав за лакалут и ги најдов и сенситив и флуор. Не знам која е за мојот случај. Како можни варијанти ми се само сенситив или да користам флуор наутро и алпин навечер...Треба да прашам забар најверојатно.

Најубаво е консултација со стоматолог, јас има проблем со крварење на непцата и ми ја препорачаа лакалут ама не ми помогна многу, после тоа друг доктор ми ја препорача парадонтакс и за разлика од лакалутот после второ четкање одма се позна разлика.
Во секој случај освен овие две пасти за заби други медицински незнам и дали има кај нас.
 
Вадење живец боли?Знае некој?
Конкретно вадењето живец е безболно бидејки тогаш забот ти е умртвен т.е немаш чуство за болка .
Првен кога ке заминеш да ти го прават забот тебе ти ставаат лек за да ти го умртват живецот .
Е тогаш ке те боли ама се издржува не е нешто страшно .
 
Вадење живец боли?Знае некој?
Зависи дали се вади со умртвување на живецот или пак со анестезија. Во секој случај ако те боли барај анестезија да ти стават. Тоа е твое право , на крај краева ти си плаќаш за услугата и сакаш да биде безболна. Доколку боли вадењето живец знај тоа е грешка на стоматологот не е твоја вина.
 
Вадење живец боли?Знае некој?

Јас вадев пред 1 седмица. Го вадев од страна, зошто ако се бушеше од горе и отиде пола заб. И му ставаше нешто да го умртви, бев на неколку пати. Но првиот пат малце го чепна-Мозочен удар ќе добиев. Е сега кај тебе незнам како е ситуацијата, но само ќе го умртви со инекција и 1 секунда е вадењето. А ако сакаш можеш и без анестезија...тогаш можам да ти кажам само СО ГОСПОД НАПРЕД :D
 
Мене ме чепна дури бушеше, ми требаа едно 20 минути за да се вратам во нормала.
Долната шестка ми беше растур. И забарката реши да го вади живецот а не целиот заб, иако беше скоро печен за вадење, но сепак сакаше да спаси што може да се спаси. Додека ми го бушеше расипаното, незнам како ми налета на живецот. Господ во пижами го видов тогаш. Плус додека ми го ставаше лекот...
Глуп човек, 4-5 месеци трпев болка, наместо да отидам на време на забар. На крајот од што ме болеше неможев главата под перница ја пикав, немав спиено 3 дена. И на крај молев за да одам што побрзо на забар :D
После месец дена откако ми стави лек, го вадев живецот со најака анестезија и повторно осетив болка. Знам имав стиснато една салфетка во рака, и се стегам викам издржи издржи а ова не се трпи. Кога ми го вадеше сум одел нагоре по столот од болка:icon_lol:
После тоа имам вадено живец на уште три заби (се шестки:D) и тогаш се помина во најдобар ред.
 
Мене ова ми беше втор живец. Овој пат вадев на шестката. За да не ми го вади забот, мораше од страна да буши. Првите 2 пати кога ми стави лек за умртвување на живецот ме болеше ама одма легнав да спијам за да не ме боли. Јас кога имам проблем со заб одма одам на забар, ич не сакам да чекам, зошто уште поголем проблем можам да си направам. Често идам на контроли.
 
Абе за вадење заб видов како е..страшно..иначе докторкава ми вика ќе ти го спасам забов ова она,почна да буши,осеќав онака нормална болка,и ми вика ова многу длабоко е,сеа ќе ти ставам лекче може малце ќе те боли,напиј се аналгин(искрено леков од кога ми го ставија за умртвување на живец не ме болеше ич,нз дал е добро или лошо),и само на крај ми спомна ќе го вадиме живецот,и одма напраив една фаца и ми вика, не се секирај ич нема да боли..ама од постовиве глеам дека и не е баш така :))
 
Скоро сите заби ме болат, а некои имаат и кариес, ама не можам да го совладам стравот за да појдам на стоматолог. Не гледам никакво решение за мене. :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom