Faith in humanity restored

  • Креатор на темата Креатор на темата Andrew
  • Време на започнување Време на започнување
Доказ дека позади профилот на бездомник не секогаш стои пијаница, наркоман или човек од дисфункционално семејство. Секој заслужува втора шанса.
Чичево добива 100 долари и го снимаат како ќе ги потроши, ми се сопли душата.
Сега и за него како и за оној што претходно го имав постирано се подигаат напори да се соберат средства за да си го среди животот.
Баш faith in humanity restored.

 
9k2ys8.jpg


2ecouok.jpg
 
Гест за воодушевување на 8 - годишниот Јован http://youtu.be/ivgASDkV4zE

немам зборови..❤

Nothing else matter ли е тоа на почетокот на клипот ? :) Браво за малиов. Додека некој се расфрла со милиони евра за глупости, 8 годишно детенце покорисно ќе ги искористи парите кои ги собрало... јебем ти држава јебем ти.
 
Граѓаните собраа пари за казната на Милорад Георгиевски

Организирани преку социјалните мрежи бројни граѓани денеска во едно кафе во Скопје собраа доволна сума на пари за да му ја платат казната на Милорад Георгиевски.

Тој во сторијата на Телма рече дека нема иако го молел судијата да не му изрекува казна повисока од неговата пензија, судот го казнил со 150 евра.

Причините за казната се дека Георгиевски продавал на пазар 15 коприви и 20 марули, од што тој обезбедувал средства за да си ги плати сметките за комуналии.

Неговиот телефон постојано ѕвони и граѓани од земајата и од странско кои се револтирани на ваквата судска одлука му нудат помош.

http://telma.com.mk/vesti/gragjanite-sobraa-pari-za-kaznata-na-milorad
 
Пред некоја недела кога доаѓав за Скопје, во автобус седнав до една госпоѓа, на седиштето позади возачот. Возачот беше излезен надвор пред вратата и чекаше да дојде времето за поаѓање. Додека чекавме автобусот да тргне, една друга жена му се приближи на возачов, тивко нешто му зборуваше, а овој упорно и велеше НЕ. Не разбрав точно што беше работава, но очигледно жената што седеше до мене разбра. Го повика возачот до неа и му рече:
-Нека се качи, јас ќе платам за неа карта, речи ѝ нека влезе, не мора да ѝ кажуваш дека јас плаќам.
Возачов така и направи, женава разбра кој платил за неа и мислам дека не знаеше како да се заблагодари.

Разбирам возачиве не можат да пуштат луѓе без билет, но можеби жената си го изгубила паричникот, можеби последните пари ги дала за лекови, а мора да појде во Скопје..
Ова што го направи женава беше навистина хумано од нејзина страна, помогна и не бараше ништо за возврат.
(y)
 
во четвртокот , женска ми си го изгуби новчаникот на сред нови сад, по 1 саат дури забележавме дека и го снемал, тргнавме за назад да го бараме, ни се јавија од МК дека човекот што го нашол ѕвонел дури во скопје да бара информации, добил број од мајка е и мајка е не контактира да појдиме да си го земиме Новчаникот ни го врати со се во него, до динар, документи се што имаше внатре не беше земено. сакавме да му дадеме пари или да го почестиме нешто за добрината ама батката ни рече
ај ве молам, па имам јас две ќерки на ваша возраст, знам како е кога ќе се изгуби нешто. со оглед дека со ЛК отидовме таму имаше да се маткаме по амбасади до сега.
свака му част на чичето.
 
Не е баш, ама убаво ми дојде на душичкава.
http://off.net.mk/video/razno/kjotekot-ne-e-reshenie-osven-koga-e
Мрсулов скапан што може да се види горе на видеово, имал 30к следбеници на Инстаграм.
По видеово, добрите луѓе на интернетот почнале да стануваат следбеници на членот од обезбедувањето кон кој се упатени навредите, и сега он има 90к следбеници ))

fArp7jh.gif
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom