ФОТО: ГОРИ ПОШТАТА ВО СКОПЈЕ
Голем пожар избувна во главната пошта во Скопје. како што пренесуваат некои медиуми, нема повредени, а екипи на противпожарните екипи пристигнуваат и учествуваат во гасењето на пожарот. Пожарот избувнал во 16:20.
Според првичните инфромации, повредни во пожарот нема.
Веќе еден час противпожарните екипи се обидуваат да се справат со пламените јазици кои ја зафатија главната пошта во Скопје. Во моментот пристигнаа и водени топови а електричната енергија во околните згради е исклучена. Со пајак служба се отстранети сите возила кои се наоѓаат во близина на објектот. Има и неколку амбулантни возила на лице место, а инаку освен сообраќајот полицијата го контролира и движењето на граѓаните по улицата и не дозволува приближување до објектот од безбедносни причини.
Бевме на нашите работни места кога почна да мириса на изгорено и црн чад почна да влегува во нашата канцеларија. Се слушаа викотници од ходникот „пожар, пожар“ раскажува видно вознемирен еден вработен во Македонски Пошти.
-Се обидов со пп апаратот кој беше во канцеларијата да го гасам пожарот но огнената стихија почнав да ја гледам и да се гушам од чадот. Го фрлив апаратот и почнав да трчам кон излезот. Од чадот не се гледаше па го згрешив патот и тргнав кон тоалетите. Не знам во таа гужва кој ме извади надвор. Мислам дека се уништени сите сервери за градовите и целата опрема што ја имаме. Не знам од што избувна пожарот ама се беше за многу кратко. Фала богу, мислам дека нема повредени колеги - вели вработен во Пошти, како што пренесува репортерот на Плусинфо на лице место.
Реков, само жртви и повредени да нема другото не е проблем, ќе се напрај.
мене ми мириса на огромна пљачка заташкана со пожар на дебело бетонска зграда - изгоре јебига
И јас мислам дека е таква работата.