Сите при-пејд картички да се регистрираат

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
АЕК бара регистрирање на броевите на сите при-пејд картички

Сите корисници на при-пејд картички, кои досега не ги регистрирале своите броеви, се уште имаат можност тоа да го направат кај своите мобилни оператори, соопшти денеска Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Регистрацијата може да се изврши со идентификување на претплатникот на самото продажно место со проверка на податоците од оригинален и валиден документ за идентификација, повикување од претплатникот на посебно утврден број каде ќе може да ги наведе бараните податоци (Т-мобиле - 1233, Оне оператор - 14181, Вип оператор - 140150), испраќање на податоците од страна на претплатникот преку кратка текстуална порака на посебно утврден број, внесување на податоците од претплатникот преку соодветна интернет страна (веб портал) или друг начин утврден од операторите и/или давателите на услуги.


Според АЕК, причина за реализирање на тој проект, поддржан од трите мобилни оператори во државата, се податоците и искуствата кои покажуваат оти користењето нерегистрирани при пејд картички знае да предизвика несакани последици. Неретко при-пејд картички се злоупотребуваат, се користат како анонимни броеви и ја нарушуваат безбедноста на голем број на граѓани.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=1A45EF49CE3D404EACF5C6EB7FBCA8CF
 
Доколку некој не сака да се јавува во One на 14181 тоа може да го направи онлајн тука.
 
Што ако не ја регистрирам ќе ми ја поништат картичкава ?
 
До кога ова и дали може да се регистрираат вип броевите онлајн?
 
Што ако не ја регистрирам ќе ми ја поништат картичкава ?
Ко ке купиш нова сим картичка дури не ја пријавиш имаш забрана за повици,па можи да напрат и на тие шо не му се пријавени и сакаш нејкиш ке ја пријавиш :)
 
Ко ке купиш нова сим картичка дури не ја пријавиш имаш забрана за повици,па можи да напрат и на тие шо не му се пријавени и сакаш нејкиш ке ја пријавиш :)

Е тоа е зафркнато ама јас можам и лажни податоци да ставам од каде ќе знаат дека стварно се грешни, поентата ми е дека ова ми е стварно глупо. Глобално следењето на лица од страна на (кхм..) по ова ќе стане многу полесно.
 
Доколку припејд картичката е купена од официјално продажно место на операторите, сигурно е регистрирана.
Прашањето ми е дали знаете по колку време неактивност картичката трајно се исклучува и дали тие картички кои се деактивирани ќе ги има во системот/именикот на АЕК?
 
Супер потег.....
 
а што ако имам припејд уште одамна и го изгубив тоа PUK број ??? и што ќе биде?
Најверојатно ќе ти ја заменат картичката или евентуално го имаат пук кодот кај нив.
 
Епа крајно време беше ова да се спроведе. Прекурчија дечишта со тие анонимни сим картички. Ќе ти се закачи некој и ќе те малтретира со денови додека не му здосадиш!
 
матичен број???? да не сакаат и бројот од кредитната да им го кажам...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom