Samsung Galaxy S III или iPhone 5?

  • Креатор на темата Креатор на темата Prilep4an4e
  • Време на започнување Време на започнување
SGS3. It doesn't take a genius.
Мада јас би го почекал нексусот.
 
И јас ја имав истава дилема пред неколку месеци, се решив за С3 и не згрешив. Знам многу луѓе што користеа порано ајфон 4,4с,5 и се разочараа од 5-ката. Не зборувам за деца од 12, 13 години туку за возрасни. Земи си С3 и ич не му ја мисли :D
 
Галакси С3. Јас го имам кецот веќе 2 години и сум презадоволен од самсунг , другарчиња за тоа време ги сменија и ајфон 4, 4с и 5.
Перформансите им се тука некаде , нема голема разлика. Оперативниот систем на андроид според мене е далеку попрактичен и постабилен. Другите опции се тука некаде , освен цврстина и издржливост (тука иде поен за ајфон 5ка) меѓутоа постарите модели им се крш. Мојов на пример нема гајле , преживеал стотина падови и на екран и од страна :D
 
А нели ионака секој смартфон поскап од 300 евра по дифолт веднаш по купувањето ќе се облече во заштитна футрола? Кога тоа ќе го земеме во предвид, квалитетот на изработка и дизајнот навистина и не играат улога. Дизајнот и квалитетот на самата футрола веќе добиваат приоритет тука. Јас мојот S3 го пикнав во Urban Armor Gear, тоа е најдоброто што можев да го најдам и сега сум сигурен дека е далеку подобро заштитен од било кој гол ајфон, без разлика што ајфонот е метал и стакло.
 
Кој од овие 2 телефони е подобар ??? И кои се предностите на едниот и на другиот телефон и нивните " маани " ...

iPhone-ите општо сите 90% го плаќаш брендот отколку перфомансите. Според мене подобра опција ти е Самсунгот. А и далеку е појак во перфоманси, дизајн, малку повеќе држи батерија, подобро слика и снима итн....Со еден збор САМСУНГОТ.
 
Е ептен јаки аргументи си дал, жими пивото. Зошто е камерата подобра? Имаш бенчмаркови од прва рака? Zero shutter lag си пробал?

Што со апликациите? Google play да не заостанува случајно? И на Андроид не ти треба jailbreak (и губење гаранција) за да инсталираш кракирана апликација.

Стабилност? Молам? Што и да си пиел денес, сакам и јас од истото.

Квалитетот на изработка ти го признавам како аргумент.

Чим има милион дај уште некој, до сега имаш 1 валиден.

А тоа за апдејтите, тоа не ти е доблест туку мана. Андроид е исполиран оперативен систем на кој не му требаат апдејти и закрпи секој ден. Пред да има голем release прво асално се тестира системот. Затоа поретко искача ама кога ќе искочи, си немаш маки за разлика од ios каде што по секој голем release има поплава од критики.

Немам ни андроид, немам ни ајфон. Ама треба да си тотално глуп за да го пишеш тоа што ти го пиша.
 
Немам ни андроид, немам ни ајфон. Ама треба да си тотално глуп за да го пишеш тоа што ти го пиша.
Aу, па што не кажа уште во старт дека си припадник на онаа секта што навредува во недостаток на аргументи, полесно ќе се разберевме.
 
Немам ни андроид, немам ни ајфон. Ама треба да си тотално глуп за да го пишеш тоа што ти го пиша.
Ти си глупиот у случајов, немаш ни Android, ни iPhone, а даваш критики како врвен "познавач".
 
Камера, Апликации, Стабилност, Квалитет на избработка.... (милион други) ... па на крај што е најбитно изглегува апдејт денеска, и ти денеска го имаш.

Не чекаш месеци за официјален апдејт, не бараш ромови и не трошиш време на форуми.
Се гледа дека благо кажано, поима немаш.
Камера - виолетовата камера на ајфонот е подобра за тебе? ОК.
Апликации - не знам ни што сакаш да кажеш со ова. До сега сите апликации што ми требале сум ги нашол. Нема што нема.
Стабилност - која верзија на андроид последен пат ја имаш користено, 0.1 pre alpha? Овој "аргумент" не само што нема врска туку е и крајно смешен.
Квалитет на избработка - ако металот се смета за поквалитетен материјал тогаш така нека биде. Мене не ми игра баш никаква улога.
Апдејтите не ми играат улога бидејќи не сум користел официјален никогаш. И замисли не трошам време по форуми, туку имам еден РОМ и чат-пат еднаш месечно проверувам дали има нови верзии од него.
Инаку ова губење време по форуми и не ти е баш аргумент затоа што истото го имаш и кај ајфонот. Плус кај андроид и не ти треба губење време по форуми затоа што за разлика од ајфон, пиратски апликации се исталираат најнормално без рут или други тракатанци, само симнеш и инсталираш.
 
Значи користам и Galaxy S и iPhone 4 и мене ми е полесно за работа на iPhone-от. iOS е многу по стабилен од Android. Мене ми се допаѓа повеќе пластиката на Samsung.
Но кога веќе се има избор и се имаат пари за iPhone, без размислување. И една работа мене ми е јасна, кога имам пари да си дозволам iPhone, ондак имам пари и за апликациите кои мислам дека мене би ми биле потребни. Не би го полнел смартфонот со сваштарија. Игри две три, за други игри се има компјутер или конзола.
 
Не е веќе кој е/има помоќен телефон, туку кој екосистем и кои карактеристики/опции(не технички карактеристики/спецификации) ти ги преферираш.
Јас би ти рекол одбирај според тоа; можеби ќе ти се допадне материјалот со кој е изработен iPhone-от, или пак може ќе ти се допаднат опциите на камерата на S3-та, може ќе ти се допадне опцијата на Епл "Passbook", или пак мултитаск опцијата на С3.
Како и да е, се зависи од тебе и ти што преферираш повеќе.
 
Значи користам и Galaxy S и iPhone 4 и мене ми е полесно за работа на iPhone-от. iOS е многу по стабилен од Android. Мене ми се допаѓа повеќе пластиката на Samsung.
Но кога веќе се има избор и се имаат пари за iPhone, без размислување. И една работа мене ми е јасна, кога имам пари да си дозволам iPhone, ондак имам пари и за апликациите кои мислам дека мене би ми биле потребни. Не би го полнел смартфонот со сваштарија. Игри две три, за други игри се има компјутер или конзола.

Ај да те прашам како корисник на ајфон.Како бе функционирате без виџети жити све? За да провериш временска прогноза или мејл мора да ја отвориш апликацијата?
Мултитаскинг?
На ајфон 6 сигурно ќе ви ги најават виџетите како нешто револуционерно и невидено дотогаш.
Или пак Виндовс 8 телефоните без глобални нотификации. :facepalm:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom