Work and Travel - Германија

  • Креатор на темата Креатор на темата Dev!L!sH
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 септември 2008
Мислења
65
Поени од реакции
23
Локација
The City of Townsville
Како што можам да забележам од информациите кои ги даваат агенциите, интересот за летна работа во Германија е значително зголемен. Најчесто работните позиции се McDonald's и Housekeeping и се поголем број студенти се пријавуваат.
Сигурно има некој меѓу форумџиите што бил, а сигурна сум и дека има многу меѓу нас што ги интересира тоа искуство. Па, споделете :)
 
Го пишав ова на еден друг форум, еве и овде:
Јас бев летово, а ќе одам и наредната година пак.
Од агенции колку што знам само Контекст испраќа студенти за Германија.
Можеш да бираш дали сакаш да работиш во Мекдоналдс или како одржувач на канцеларии (а.к.а чистач). Јас работев во Мекдоналдс и сум презадоволен.
Се прават многу пари пошто стартните трошоци ти се мали, платата е голема за наш стандард, а и таму не е нешто поскапо за разлика од овде (храна, смештај, превоз...). Нормално, зависи и во кој град ќе си.

Единствено што ти е потребно е да знаеш Германски. Али не онака само да мумлаш, туку да знаеш да се разбереш со некој. Ако не знаеш Германски заборави на идење.

На кратко кажано, ако сакаш да се прошеташ - иди во Америка. Ако сакаш да направиш пари - иди во Германија.
 
Го пишав ова на еден друг форум, еве и овде:

На кратко кажано, ако сакаш да се прошеташ - иди во Америка. Ако сакаш да направиш пари - иди во Германија.
Ако сакаш да видиш како е на Survivor дојди во Македонија.
 
Абе топ е ова се, мој другар беше лани работеше на каса во Мекдоналдс, направи некоја пара, али еве треба германски да знаеш добро, тоа е прв услов, е сеа видов во контекст давале и курс некој со тие 12,500 што ги даваш за наоѓање работа и слично, ама кога стапив во контакт со нив ми рекоа дека е исполнета квотата до пред јануари и дека е направена листа за чекање, но не ветуваат дека ќе најдат работа...
 
Јас имам слушнато само убави зборови за Контекст, лани еден мој другар беше во Улм работеше во МкДоналдс со некое си средно ниво на познавање на јазикот. Ми кажа дека добро се заработувало, платата му била околу 1300 евра (без прекувремени часови), трошоците за живеење биле малку поскапи во однос на нашиве, сепак станува збор за помал град, киријата што тие ја плаќале била 200 евра по лице, додека во Минхен изнесувала од 350 евра па нагоре.
И јас се пријавива за ова лето за во истиот тој град, па ќе видиме како ќе биде :) .
 
да ,да многу луге се задоволни што одат и се вракаат од Мек
Доналдс. Браво бре оваа Германија
 
Ме кочи Германски знам основно ниво.... а Англиски владеам прилично добро. Можам да аплицирам и да одам?
 
Не знам колку ке ти помогнам со одговорот но моја пријателка исто така го познаваше основното ниво на Германскиот јазик а владеањето на Англискиот прилично и помогна и успеа да отиде во Германија да работи во хотел,само да не те излажам плата и беше 1900 евра месечно(ова прво ке ја прашам повторно па ке пишам одново на темата).Мислам дека можеш да аплицираш и да се распрашаш подобро,ништо нема да изгубиш.:)
Ако мислиш дека нема да те примаат заради слабото познавање запиши се на забрзан курс по Германски.
 
Фала многу ако не ти е тешко пиши ми за сигурно инфо. :)
 
Јас имам слушнато само убави зборови за Контекст, лани еден мој другар беше во Улм работеше во МкДоналдс со некое си средно ниво на познавање на јазикот. Ми кажа дека добро се заработувало, платата му била околу 1300 евра (без прекувремени часови), трошоците за живеење биле малку поскапи во однос на нашиве, сепак станува збор за помал град, киријата што тие ја плаќале била 200 евра по лице, додека во Минхен изнесувала од 350 евра па нагоре.
И јас се пријавива за ова лето за во истиот тој град, па ќе видиме како ќе биде :) .

Дали ти самиот си избираш во кој град би сакал да работиш? од причина што имам роднини во дизелдорф и келн па би можело да помогне околу сместувањето.
 
Да, кога ја потполнуваш апликацијата на македонски (онаа што останува во Контекст) наведуваш во кој град сакаш да работиш, ако се пријавиш навреме (јас се пријавував крајот на октомври) речиси сигурно ќе го добиеш посакуваниот град.
 
Абе топ е ова се, мој другар беше лани работеше на каса во Мекдоналдс, направи некоја пара, али еве треба германски да знаеш добро, тоа е прв услов, е сеа видов во контекст давале и курс некој со тие 12,500 што ги даваш за наоѓање работа и слично, ама кога стапив во контакт со нив ми рекоа дека е исполнета квотата до пред јануари и дека е направена листа за чекање, но не ветуваат дека ќе најдат работа...
Да и јас сум на иста мака.. И мене ми го рекоа истото, ама планирам да ги оставам документите.. Да си ја пробам среќата.. А освен Контекст (во случај да нема работа) знае некој друга агенција за Германија што праќаат студенти? Некоја посигурна?
 
Да не знаете искуство од некој што пратил апликација директно во Завод за вработување во Бон? Јас испратив таму, сега гледам по други форуми, тие што прашале преку маил пред да пратат им рекле дека оваа година е исполнет бројот од 10000 апликации. Дали тоа значи дека тие што сме испратиле ке не вработат или?
 
може и така да се испрати? кои услови требаат? ако може појаснување (или во ПП) ...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom