Точно е тоа, потполно те разбирам и тебе и сите други кои го имаат истово или барем приближно слично мислење околу Федерер. Е сега каде лежи проблемот.... се помалку и помалку победи за Федерер против Мареј,Ноле, Надал во последно време. Тоа се тие три тенисери од кои всушност треба тој да се плаши, бидејќи тие добро знаат како се победува еден Федерер, а останатите... се уште со треперење на рацете играат во поважните ситуации. Макар и Енди покажа несигурност во доста битни моменти, на пример тајбрејковите... тоа е тој авторитет кој го има Федерер врз останатите тенисери... но дефинитивно драстично помалку важи над Мареј, Ноле и Рафа, а посебно кај другиве двајца.