Australian Open 2013

Кој ќе го освои Australian Open годинава?

  • Novak Djokovic

    Гласови: 34 43,0%
  • Roger Federer

    Гласови: 25 31,6%
  • Andy Murray

    Гласови: 13 16,5%
  • David Ferrer

    Гласови: 1 1,3%
  • Tomas Berdych

    Гласови: 1 1,3%
  • Jo Wilfried Tsonga

    Гласови: 0 0,0%
  • Juan Martin Del Potro

    Гласови: 2 2,5%
  • Некој друг, ќе наведам кој во мислење.

    Гласови: 3 3,8%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.038
Поени од реакции
3.635
sfx90248.jpg
Прв од четирите грен слема во годината ќе биде Австралијан Опен, турнир кој се одржува уште од 1905тата година.​
На самиот почекот овој турнир се викал Австралоазиски шампионат од 1905. до 1927. година. Од 1927. до 1969. турнирот го имаше името Австралиски шампионат, а после тоа го добива денешното име, Австралијан Опен (Australian Open). Локацијата на овој турнир не била фиксна, дури 5 градови од Австралија и 2 од Нов Зеланд имале шанса да го организираат овој турнир : Мелбурн, Сиднеј, Аделаид, Бризбејн, Перт, Кристчрч, Хастингс. Турнирот имаше и паузи, вкупно 9 години не е одржуван во периодот од 1905. до денес. Поради првата светска војна, немало услови за игра во годините помеѓу 1916-1918, поради втората светска војна од 1945-1946 како и 1986. поради промени во календарот.​
Во последните години, како и во оваа, знаете дека мечевите се играат во Мелбурн Парк кој е изграден во 1988. најмногу поради поголемиот капацитет во однос на дотогашната локација во Којонг. Мелбурн Парк е еден најголемите спортски комплекси на светот кои можат да бидат користени и за други пригоди. Најголем стадион/арена е Rod Laver Arena со капацитет од 15 000 седишта, потоа следи Hisense Arena со 10 500 седишта. Трета по големина е Margaret Court Arena.​
rodLaverArena_960.jpg
На почеток од одигрувањето на турнирот, логично, овде играле исклучиво само Австралијци бидејќи требало многу време за да се стигне до Австралија. Први странци кои дошле да играат тенис во Австралија биле репрезентативците на американската дејвис куп репрезентација (1946.)​
Од 1969. година турнирот бил отворен што значи дека професионалците од сите други земји можеле да играат на него. Сепак, многу од нив не играле се до 1982. поради финансиски причини. До 1988. година турнирот се играл на трева, а веќе истата година турнирот ја променил локацијата во Мелбурн како и подлогата која била Rebound Ace.​
Од 2008. година турнирот се игра на подлогата Plexicushion. Федерер е единствениот тенисер кој успеал да го освои турнирот на две различни подлоги.​
australian-open.png
Како што може да видите, најмногу победи има Рој Емерсон, вкупно 6 од кои 5 во низа што е најмногу во историјата на овој турнир. Ако гледаме само во отворената ера (Open Era), најмногу титули имаат Федерер и Агаси, вкупно по 4, а интересно е тоа што во отворената ера никој не успеал да освои повеќе од 2 турнири во низа на Австралијан Опен.​
Еве ја и листата на сите шампиони во Open Era :​
lista-pobednika-u-open-e.png
Бодовите кои ќе ги освојат играчите годинава во однос на нивниот пласман :​
bodovi.jpg
Оваа година турнирот ќе биде посиромашен со неирањето на еден од најдобрите играчи на светот, Рафаел Надал. Главен фаворит според мене, а и според многу други ќе биде Новак Ѓоковиќ како што беше и минатата година, а секако заедно со него како најголеми фаворити одат Федерер и Мареј. Во моментов е многу тешко да се верува, а и очекува нешто повеќе од Ферер, Тсонга, Бердих и Дел Потро кои ќе се обидат да го искористат отсуството на Рафа и можеби да забележат полуфинале, пред се тука најмногу мислам на Ферер. Покрај нив, не треба да се изостават и останатите двајца тенисери од топ 10, Јанко Типсаревиќ и Ришар Гаске.​
За жените ќе бидам многу краток, бидејќи многу помалку се обраќа внимание. Јасно е кој е владателот во женскиот тенис, Серена Вилијамс. Покрај неа, се уште не се знае во каква форма ќе излезе Марија Шарапова, а и може да изненадат Ана Ивановиќ и уште многу други.​
Актуелен шампион е Викторија Азаренка која ја совлада Марија Шарапова лесно во 2 сета (6-3 6-0)​
Официјалниот сајт на турнирот : http://www.australianopen.com/index.html
Се надевам дека ви се допадна отворањето на темата за првиот најважен турнир годинава, исто така очекувам одлични мечеви и многу драма во Мелбурн.​
За крај, победникот од времененски најдолгото грен слем финале кај мажите, Австралијан Опен 2011 :​
Novak Djokovic - Rafael Nadal (5-7,6-4,6-2,6-7,7-5)​
novak-djokovic-391296811.jpg
Победникот од многу краткото женско финале, ден пред епскиот меч помеѓу Ноле и Рафа.​
Aza137831880.jpg
 
Ноле освојува повторно :P
Роже си владее на Вимблдон, Рафа на РГ...па мора и еден Ноле кај што ќе владее :LOL:
 
Јас ќе навивам за ЈУЛИЈА ГЕРГЕС.

Пишете ги двојките од прво коло кога ќе бидат познати . од 128 меча , ќе се најдат 6 меча со 90% сигурност .
 
Фала Богу, дојде тениска 2013-та!

Типувам финале Мареј-Новак, со тоа што на Новак му давам поголеми шанси за освојување на пехарот.

Кај жените Вика или Серена.
 
Со душа го чекам, се надевам ќе имам слободно време да изглеам што повеќе мечеви. 99% сум сигурен на Ноле или Енди, гласав за Енди па ќе видиме...

п.с Штета за нашиот Рафа, што побрзо враќање на терените!!
 
Јас ќе навивам за ЈУЛИЈА ГЕРГЕС.

Пишете ги двојките од прво коло кога ќе бидат познати . од 128 меча , ќе се најдат 6 меча со 90% сигурност .
И од тие 6 меча коефициентот севкупно нема да ти е ни 2.:D

Иначе не би ништо да прогнозирам, прибидејќи се тоа што сум прогнозирал испаднало обратно, Новак, Мареј и Федерер ќе ја водат битката за титула, не ја исклучувам можноста за да се вмеша уште некој залутан тенисер, но тие тројца имаат најголеми шанси за триумф.
Почеток на сезона е, уште некои работи не се баш нај јасни, останува да видиме првите неколку кола како ќе се одвиваат работите.
Кај жените е каша - попара .

Ждребот мислам дека е во петок, четврток спрема петок ноќта, не сум баш сигурен, како и да е, ќе се пишат тука двојките од првото коло, барем на првите 10 носители.
 
И од тие 6 меча коефициентот севкупно нема да ти е ни 2.:D

Фотос , какви се овие киксеви. Играм 1.9 квоти . Или +/- гемови , или хендикеп гемови . Претходните 3 гренд слема во првите 3 дена секогаш еднаш фаќав по 5-6 илјади денари . на 100 денари уплата. Сега поостро ќе играм, нормално.

Инаку веќе кога сме кај ова , Игор Ј. , ќе ја играме ли играта барем за Австралија Опен ? :) Да живне малку подморумот за Тенис .
 
Ноле, ez. Може и Мареј да иде далеку, сепак AO е рај за дефанзивни играчи.

Ех да беше Rebound Ace подлогата...
 
Фотос , какви се овие киксеви. Играм 1.9 квоти . Или +/- гемови , или хендикеп гемови . Претходните 3 гренд слема во првите 3 дена секогаш еднаш фаќав по 5-6 илјади денари . на 100 денари уплата. Сега поостро ќе играм, нормално.

Инаку веќе кога сме кај ова , Игор Ј. , ќе ја играме ли играта барем за Австралија Опен ? :) Да живне малку подморумот за Тенис .
Споделувај тоа што ќе го играш, ќе те следам :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom