Левучари, левичари, леваци

  • Креатор на темата Креатор на темата filoksenos
  • Време на започнување Време на започнување
Абе ниту еден извор не е 100% точен, ама некако повеќе ќе му верувам на зборот на MIT или универзитетот Oxford отколку рандомец на форум.
 
Секоја година 13ти август е посветен на 10% од популацијата чиј прв избор е левата рака во извршување на секојдневните обврски.
 
од деснава рака прстите ми се поспретни, пишувам со неа, полесно ми е да свирам гитара на неа, левава рака ми е посилна али прстиве ми се неспретни, нешто поситна работа неможам да извршам, на пр со десна сечам леб со лева рака макам.
иначе со лева шутирам :)
 
Приказна на мојот живот.

funny-graphs-write-left.jpg
 
десна рака, лева нога
баш се назгодни играчи леваците и нога и рака
 
Левак сум. Баба ми едно време се обидувала да ме премисли, ама изгледа не наишла на разбирање од моја страна. Другите не се бунеле нешто, ама сепак, не ме одминала, како и другите леви маченици овде на форумов и пошироко, благо ментално заостанато прашање изговорено со подотворена уста: Како можеш да пишуваш со лева? :confused: Ете така! Не можам да пишувам со десна, па морам со лева! :rolleyes:
Со текот на времето почнав покоординирано да се служам и со десната рака, но за прецизни работи секогаш ја користам левицата.
Инаку ракописот ми беше просечен, но мастилото ми правеше проблем и листовите ми беа секогаш подизвалкани кога пишував со пенкало.
Сега со тастатуриве е лесно. Целиов пост со десна рака го напишав :vozbud:!
 
бев левак ама и мене ме шлакаа, сеа сум ни ваму ни таму, пишам со десна цртам со десна, ама тегли отварам со лева карти со лева фрлам делам со лева цепам дрва со десна рака(нормлано десната рака раководи напред со левата придржавам)...свирам лошо на гитара со лева, шутирам со лева у фудбал во ракомет со десна, најјако е кога играм кошарка во двочекор можам да ги изненадам противницте со менување на раката и да положам со лева :icon_lol:
 
Јас пишувам со десна рака, но кога треба да отворам шише, тегла и сл. секогаш ја користам левата рака, така ми е полесно :)
 
јас се правам со лева рака. само со десна ног шутирам.
Инаку еднаш 3 недели ми беше левата скршена и во гипс и видов многу мака. многу ми беше тешко и ништо не ми одеше.Затоа е убаво човек да може со двете (y)
 
Најголем проблем ми беше ѓезвето. Кафе не можев да си ставам со лева рака а да не истурам малце. Среќа прекинав кафе да пијам...
 
Левичари ............. Социјалисти, Комунисти, Социјал-Демократи, Анархисти и.т.н.
:pos::pos::pos:
 
И мајка ми и татко ми пишуваат со десна рака, а се’ друго прават со лева.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom