Помош околу Microsoft Office (Word, Excel, PowerPoint)...

  • Креатор на темата Креатор на темата Fords
  • Време на започнување Време на започнување
имаш и еден друг, покреативен, но малку pain in the ass начин. а тоа е да идеш на insert>chart>line, е сега ти се отвара паралелен excel документ кој е во врска со вордот. од тука, во вордот ти се појавува нов toolbar “chart tools design". тука кликаш на edit data, па идеш на excel и таму внесуваш парамерти кои линијата на исправаат или искривуваат по потреба.
мислам дека од тука можеш да експериментираш и видиш како понатаму иде.
поз и знам дека си се снашол со paint< но и ова е добра комбинација да се импресионира некој ако треба ;)
 
само што инсталирав word 10 и не можам да најдам references. ај ако знае некој нека пише каде да ги најдам. фала.
 
само што инсталирав word 10 и не можам да најдам references. ај ако знае некој нека пише каде да ги најдам. фала.

Исто е и на 2010

word_references_tab.jpg
 
Исто е и на 2010

word_references_tab.jpg
проблемот е што references го нема во лентата. значи прво е Home, Insert, Page Layout и Mailings
другите ги нема, вклучувајќи го и references.
ако знаеш ти или кој било друг како да го најдам за да се појави во лентата.

п.с. фала:)
 
DFyEb3D.png

На било што да правам во excel ми прави ваква грешка.
 
Некој да ми помогне со функциите во ексел !
Сакам да направам да ми рачуна проценти од било кој број.
Да речеме од бројот 156 во едно поле да рачуна 70% во друго 30% итн.
Се сеќавам во средно не учеа ама помина многу време од средно :pos:
 
Еве пример табела:
Untitled.jpg

Numbers колоната е D, % е E i Result е F!
Функцијата за Result колоната F е : Fx=Dx*(Ex/100) каде што x е бројот на редот.
Направи го ова само за првиот податок и удри ентер и во Result ќе добиеш колку е 5% од 100. Означи ја оваа ќелија, кликни со стрелката на десниот дел од означената келија кај што е резутлатот и влечи надолу ќе добиеш автоматски резултати за другите. Ако сакаш два процента различни, додај само уште една колона за новиот процент. Функцијата е иста :)
Сега ако не ти е јасно, здравје :)
 
Excel помош!
во табела има неколку иљади предмети, реден број, опис, димензии, забелешка... и во една графа треба да има и линк до слика од предметот (сликите се со ист број како и редниот број на предметот значи предмет број 1 - 1.јпг, предмет број 349 - 345.јпг, предмет број 7654 - 7654.јпг.... е сега како може и дали може таа графа со линкови да се генерира автоматски значи да нареди од 1 до даљнег линкови од фотки со броеви во чекор +1 (сите се во ист фолдер прмер D/images/) пошто сега рачно ставање на линкови е бавно комплицирано фрустрирачки стресно нервозно депресивно неуротично безнадежно иритирачко

ПС
и како да му кажам на Ecel-ot да миу ги отвара фотките со друг програм (сега дифаулт му е интернет експлорер а то е бавно, припаѓа често...)

ППСС
имам офис 2013
 
Пробај вака:
=HYPERLINK("D:\images\" & A1 & ".jpg"; "Slika " & A1)​
... може да треба наместо ; да ставиш , помеѓу линкот и името на линкот. Патем A1 замени го соодветно на ќелијата во која е запишан редниот број. Лупни ентер и провери дали е ок. Ако е, ископирај ја ќелијата во сите редови (ќелијата, не содржината на ќелијата, за да се смени автоматски бројот на редот во формулата):
 
сите приатели на pLaToOn се и мои приатели, сите неприатели на pLaToOn се и мои неприатели.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom