Не знам какво зло на Sith Lord му нанесе црквата или некое црковно лице (имаше додуша некои написи за сексуални злоставувања на деца од страна на некои свештеници во неки цркви), но црквата барем во Македонија не ја гледам како нешто агресивно или узурпаторско. Секоја црква е во помала или поголема мерка институција. Секоја од нив има во свој посед објекти (цркви, манастири, школи секоја од нив има свои ”вработени”, секоја од нив има расходи и сметки така да не е невообичаено и на некој начин да прибираат парични средтва. Тоа барем мене ми изгледа се работи на добротворна база какао и наплата на услугите. Има луѓе кои мислат дека венчавката или закопот треба да се (обредите) бесплатни и дека црквата не треба да зема пари но можеме исто така да се прашаме зошто адвокатите земат пари... книговодителите, лекарите..... ??? 500 денари дадени за свештено лице еднаш да го освети деловниот објект каде си ставил 3-4 иљади евра роба и плаќаш 500 евра секој месец кирија не е причина црквата да се прогласи како мафијашки бизнис. Знам дека владиките се возат во лимузини и живеат во палати , но свештенството мислам делка е доста скромно. Со иста логика можеш да речиш дека градежниците се мафиози оти директор на градежна фирма има 3 коли.... а работникот??? Во очите на Бог свештеното лице не е во ништо повредно или ”повисоко” од обичниот верник. Значи ако си свештеник - не си во ништо во предност пред лицето на Бога. Власта.... не знам дали црквата е со власта или не или дали значи дека сега со ВМРО ќе биди на власт а со СДСМ беше во опозиција, но лично не гледам ниту чуствувам некое мешање или учество или влијанија на Македонската православна црква во власта. Поголемо влијание чуствувам во Грција, во Србија отколку тука.