Изгубено палто во клуб/дискотека

Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
Ако не треба тука темава, ако не ви е тешко преместете ја.

Вчера во 05:00 сабајле во Велес, клуб Импакт си го изгубив палтото односно го снема од местото каде што стоеше. Го оставив во гардероба и си земав бројче 2 (дека на почетокот дојдов, досадно ми беше). Кај 5 саатот кога си одев, одам таму го давам бројчето и тој таму ми вика дечко нема ништо, земено ти е. Се расправав наваму натаму, џабе е, нема поим сирот каде е.

Имав новчаник, малку пари, лична карта и тоа изгледа. Се обратив кај надлежните ми викаат дека гардеробата работела до 4 и не сносуваат никакви последици. Не може гардеробата да работи до 4, а клубов до 6 и вработениот дреме таму за џабе.. нема корист од него секако.

Прашањето ми е дали има некој центар за вакви проблеми и после колку часа треба да пријавам дека ми е изгубена личната карта? Вината е целосно нивна бидејќи го оставив каде што треба и тој вработениот таму е должен да пази. Не може да го даде палтото на некој ако му рече дека тоа е негово, треба да побара бројче за да докаже дека е негово. Ако е за така јас можам да си прошетам ко у бутик и да си одберам шо сакам.

Ако имал некој слична случка нека пише нешто.

фала
 
Знам многу случаи на кражби на палтиња во дискотека. Затоа никогаш не одам у дискотека со убаво палто :icon_lol:
 
Имавме случка кај што неможевме да ги најдеме јакните, типот од гардеробата ни даде рандом јакни и ни вика еве земете ги овие, па после другите ќе ги земат вашите :pos: Нормално одбивме, пребаравме убаво и ги најдовме...
Мислам дека нема каде да се јавиш, освен да ги пријавиш пошто нивна е вината.
Имав познаници што крадеа порано јакни од дискотеки. Само ради тоа искачаа :facepalm:
 
Па глеј искрено ја никад не оставам палта таму ради овие причини, најчето ги оставаме палтата на пола коњопој а на другата половина се пијачките... Мене ми би било повеќе криво за платото него за личната, тоа се вади пак, ама палтото ем твое ем скапо.. Иначе нема што да се прави, тој или го дал на погрешен човек или ти го украле, памет за друг пат
 
Имавме случка кај што неможевме да ги најдеме јакните, типот од гардеробата ни даде рандом јакни и ни вика еве земете ги овие, па после другите ќе ги земат вашите :pos: Нормално одбивме, пребаравме убаво и ги најдовме...
Мислам дека нема каде да се јавиш, освен да ги пријавиш пошто нивна е вината.
Имав познаници што крадеа порано јакни од дискотеки. Само ради тоа искачаа :facepalm:

Aбе и јас додека го барав моето ги разгледав тоа другите ама ни едно не ми се сфиѓаше, имаше еден добар капут, ама не носам капути

Највеќе ми е за личната кој ќе ја одјавува сега, па нова да вадам.
 
И на едно мое другарче го украдоа мислам во пјур беше.
 
За никаде, па и си плаќаш 10 денари за да ти го чуваат. :pos:
Иначе глупа работа, исто беше и лани за нова година, ти кажуеш само број и он ти го дава, а не ти го проверува бројчето, глупа раја.
 
За никаде, па и си плаќаш 10 денари за да ти го чуваат. :pos:
Иначе глупа работа, исто беше и лани за нова година, ти кажуеш само број и он ти го дава, а не ти го проверува бројчето, глупа раја.

Тука не се плаќа ништо. Ама стварно ми е криво оти немаат никаква одговорност и воопшто не се професионални, ако тоа ти е работа, издржи тие 6-7 саати колку се не знам и прави тоа шо треба, чувај палта и враќај ги правилно
 
Види во агенција ли што е за заштита на потрошувачи дел од Ујп мислам дека беше .Крај крајава полиција :) .Истото му се случи на еден другар во Прилеп ,другио ден излегуваме едно бате со исто палто ко неговото ,пола сат кавга имаше дур не си го зеде другаров
 
Не знам зошто, ама имам впечаток дека повеќето вработени во некои од дискотекиве (нема да именувам кои) мислат дека работат со стока а не со луѓе, а баш тие луѓе пред се се нивни клиенти и со тоа лебот им го ставаат дома на маса. Таквото однесување не ми прави ќеиф, според мене, треба да се има однос на ниво, барем како со клиент.
 
Види во агенција ли што е за заштита на потрошувачи дел од Ујп мислам дека беше .Крај крајава полиција :) .Истото му се случи на еден другар во Прилеп ,другио ден излегуваме едно бате со исто палто ко неговото ,пола сат кавга имаше дур не си го зеде другаров

A број да не знаеш од таму?
 
Значи топилницава скроз ги поремети велешани.
Инаку за палтово, жал ми е што ќе ти кажам но тешко дека ќе го најдеш. Ни полиции ни ништо не ти помага, освен како што вика Пратеников да си го познаеш на улица.
 
A број да не знаеш од таму?
Еве ги ако ова ти помогне нешто

http://www.opm.org.mk/ еве им страна

  • достапност на најнужните производи и услуги;
  • безбедни и квалитетни производи и услуги на пазарот;
  • вистинити и навремени информации и едукација на потрошувачите,заради правилен избор на производи и услуги;
  • надомест на штета кога правата на потрошувачите се повредени;
  • здрава животна средина и одржлива потрошувачка.
 
Тоа е друже, не се знае кој пие кој јаде таму. Гледам од синоќа почнаа со бројчиња како приврзоци да даваат со палтата.
Порано имаше неколку бројчиња, ако отидеш покасно не ти дава ниту ливче ниту ништо. Ти вика бројче тоа и тоа и памти си, и после си одиш му го кажуваш и ти го дава.
Така еднаш јас си го заборавив бројчето(обично си го пишував во телефонот али сега изумив), а и ја претерав со пиење..па на одење10 минути си го барав таму сакото сите исти ми беа :icon_lol:

Ризик е да се остави у гардероба, али у случајов мислам дека треба да сносат некоја одговорност. Чисто сумљам да го земал некој по грешка, ако го земал сигурно едно палто вишок треба да остане. Види таму на групата на ФБ пиши им, може ќе се најде некако..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom