Луѓе кои што се сериозни за својата колекција на музика (аудиофили) Hi-FI зависници на форумов

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Ако се толку добри колку некои слушалки од 200 долари, тогаш зошто се толку евтини? Чудно ми е малце.


Затоа што се од таква фирма, не даваат пари на маркетинг, не даваат пари на презентации и слично, не работат со голем профит. Не дека се добри како тие од 200 долари, но блиску се а чинат 1/10 од нив.
 
Ако се толку добри колку некои слушалки од 200 долари, тогаш зошто се толку евтини? Чудно ми е малце.

Слушалките кои се евтини, евтини се оти толку и вредат, не повеќе. Евтините слушалки, кои можат да бидат комбинирани со микрофон, се обично парче пластика, обични кинеско небрендирано ѓубре, која има вградена електроника чисто колку да заврши работа и ништо повеќе од тоа. Имајќи на ум дека чинат мали пари, таквите слушалки ем толку се квалитетни, ем толку и траат: едноставно, не се наменети за сериозно слушање или мониторинг на квалитетен звук, туку се чисто „прирачни„ слушалки за еднократна употреба, после која ги фрлаш во канта.

Слушалките кои чинат битно повеќе, битно повеќе се и квалитенти и трајни и брендирани и даваат квалитетен звук па затоа можат да чинат повеќе десетици и повеќе стотици Евра.

Проста и лична споредба на евтните со квалитентите слушалки го дава одговорот за причината за разликата во нивните цени.
 
Овие како би ги оцениле во споредба со претходните 2 за кои што прашував?


Oвие се за луѓе кои сакаат силни ниски тонови, средните се слаби.

OMG,OMG,OMG!!!

ЛЕЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ само што ја симнав од Rutracker.org, најновата верзија на Brothers In Arms од MFSL,

disc-jpg.13773



ЛЕЛЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!! ААААА!

Одма симнувајте (аудиофили) и оние кои имаат солидни сетапи, ова е страшнооооооо!
 
Посочениов албум („Браќа по оружје„) од ДС е многу фален по квалитетната снимка па аудиофилите често го користат како референтен при испробувањето на репродукциските способности од своите музични системи. Не сум склон кон рок-музиката, а ниту кон ДС, иако имам неколку нивни албуми, но штом имам прилика ќе го слушнам, барем „информативно„, дотолку подобро ако ми падне во раце хибридно СА-ЦД од овој албум.
 
Дојде и тој ден. Дојде денот кога МАЕСТРАЛНИ монитори, се продаваат за неверојатна цена КАЈ НАС.

JBL LSR305!! ги има во Аудио Центар, само што ги змеав пред една неделa, овие звучници се рамњаат со 2/3x поскапи, сериозно, не е само да е каже така него стварно се толку добри.

5 ѕвезди, од 66 рецензи....ова се гледа многу ретко, цената кај нас е 300 евра, во Америкa е 300 долари за пари.

asasdasd.png





Еве како ги прават попара на конкурентите :D


Купувајте одма!
 
Последно уредено:
Aудофили, расипан ми е портот за слушалки на лаптопот, дали би ми препорачале да си купам usb 3d sound card, нешто вакво ? Ако да, некое солидно за до кај 400 ден. со се шипинг има?


Те цитирам пошто тагирањето не работи :D
 
Па секако од лаптоп нема добар звук, нема ништо да изгубиш така што мислам дека не би бил лош избор, а за цена незнам.
 
Па секако од лаптоп нема добар звук, нема ништо да изгубиш така што мислам дека не би бил лош избор, а за цена незнам.
Што е тоа што го спречува лаптпот да даде добар аутпут за звук?
 
Звучната карта, (чипот и електрониката) заштитата од интеференци - шум, самите џекови, (изолација) и слично.
 
Звучната карта, (чипот и електрониката) заштитата од интеференци - шум, самите џекови, (изолација) и слично.
Која звучна карта или процесор од последните 10 години не може да вози 44 100 стерео на 16 бита без било каков проблем? Кој црн шум кога се е дигитален сигнал до сантим од самиот џек? Дури и ако ја стримуваш музиката преку вајфај и добиеш реален шум, тоа е ниво далеку под она што може да детектира увото.
 
Никој не кажа дека не е доволно за секојдневна употреба, си врши работа. Муабетот ми беше дека ако корисникот горе е засегнат за квалтиетот на звук кој ќе го добие сега, наспроти она кај лаптопот е сосема небитен, затоа што како платформа лаптопите не нудат висок квалитет на оутпут - т.е. немаат добри интегрирани решенија. Членот спомна аудиофили во почетокот на својот пост, што ме наведе да мислам дека бара решение кое ќе понуди исто ниво на квалитет како интегирараното решение.

Шумот кој го зборам, не е од оној тип да слушаш крчење, white noise, или било што мада и тоа се случува неретко, зборам за недоволно чиста репродукција - т.е. сигнал > шум сооднос. Ми делуваш како тип кој ќе негира све, така да тука ја завршувам дебатава.
 
Последно уредено:
Никој не кажа дека не е доволно за секојдневна употреба, си врши работа. Муабетот ми беше дека ако корисникот горе е засегнат за квалтиетот на звук кој ќе го добие сега, наспроти она кај лаптопот е сосека небитен, затоа што како платформа лаптопите не нудат висок квалитет на оутпут - т.е. немаат добри интегрирани решенија. Членот спомна аудиофили во почетокот на својот пост, што ме наведе да мислам дека бара решение коие ќе понуди исто ниви на квалтиет како интегирараното решение.

Шумот кој го зборам, не е од оној тип да слушаш крчење, white noise, или било што мада и тоа се случува неретко, зборам за недоволно чиста репродукција - т.е. сигнал > шум сооднос. Ми делуваш како тип кој ќе негира све, така да тука ја завршувам дебатава.
Ти ми делуваш како тип кој не би разликувал аутпут од лаптоп од било кој "аудиофилски", при слеп тест, така да добро за тебе што прекинуваш.
 
Така е, ме разоткри...:place:
 
Последно уредено:
Здраво пријатели,

дали знае некој да ми каже каде има појачала од ROTEL освен во Аудио центар Болин бидејки тие го немаат моделот кој сакам да го купам.
Се работи за интегрирано појачало ROTEL RA-12 кој во Болин го нема.
Има ли некоја другa продавница да се најди од ROTEL ?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom