Aбе, горе - долу офто - пик, ама морам да си кажам. Ко фан на сублиминалните пораки за кои „верглаше“ Хикс...
Најинтересни се скриените пораки во турбо фолк делата.
Слично како и The Beatles и големите турбо фолк мајстори знаеле да си поиграат со интелегенцијата и досетливоста на социјалистите ширум Југославија преку мозаикот на пораки што го „рекламирале“ на омотите на своите албуми.
Еве, пример е турбо фолк легендата Синан Сакич, кој во тоа време соработувал со познатата хард кор група „Јужни Ветар“.
На прв поглед, омотот е обичен и нема некоја голема креативност при неговото правење. Но, тоа само така изгледа.
Прво, Sinan...тој алудира на англиското Sin, односно грев. Но, некои тврдат дека не е само грев, односно преку овај албум тој се „искупува“ за гревовите како што тоа го правеше Роберт Плант во Зеплин. туку тоа мора да се прочита на српски, односно син си е син, нормално. Е, кога та ќе се спои со Јужни ветар, се добива син и јужни ветар. Сите знаеме за западниот ветар кој се ширел од Запад према Урал (капиталистичкиот ветар) ама кој е тој јужен ветар?
Е тука веќе се бара објаснување во делот од фацата, односно очите на омотот. Очите се сеткави и сини. Тоа значи дека се работи за некоја појава на југ од Југославија, односно моно е да е светилникот Фарос, во средоземно море. Значи, очите светат (светилникот) во средоземно море (на Југ од Југославија).
Е сега, што е поврзаноста со Египет? Епа, тогаш знаеме дека Тито бил во коалиција со Египет, па кога тој си имал проблеми со Израел, Југославија испраќала помош, односно војска и пари. Сега, кога Југославија си има проблеми (внатрешни) овој пејач бара помош од Египет на најсуптичен начин. Тој на овој начин ги „уценува“ арапите, оти ги потсетува дека во војната со ИЗраел, неговиот син бил војник таму. Затоа тоа Син(ан), односно неговиот син се борел за слобода на СинАЈ, и јужни ветар, односно поддршката од Југ за Југославија. Многу едноставно, ама не на прв поглед!
Горе има „На Балкану - NO 10“. Тоа значи дека доколку Египет не помогне, ќе има десет држави (новоформирани) на Балканот. Затоа ја имаме разочараната фаца десно на омотот. Тоа како да ја претставува иднината на Југославија и Балканот.
И самите песни кои се наоѓаат на овој прекрасен албум, (може да ги прочитате на левата страна се) ја дообјаснуваат приказната на омотот: Пример, првата песна „Ја никог немам“, односно Југославија е џабе во неврзаните, кога никој не и помага, па сега го чекаме Египет евентуално. Или „Она је прошла без бола“, демек еврејско арапската војна помина без болка, ама заради Југославија, и плус Египет го врати СИНАЈ во своја управа. Последните две, „Нико осим тебе“ и „Нечу да знам за приче разне“ се поврзани.
првата е наменета и за СССР, ама и за САД, значи двојна политика, како што правеше и другарот Тито. И втората е во случај да „процури“ оваа приказна.
Патем приказнава е „дешифрирана“ од извесен Милош Б. од Земунски Телеоптик, па поздрав до него