Inside The Actors Studio

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ова е една од најдобрите емисии кои ќе ги најдете посветени на актерите и филмот воопшто. Домаќин е Џејмс Липтон, кој ја има создадено емисијата и е нејзин водител. Создадена за првично да им помогне на студентите кои студираат актерство, режија и продукција во рамките на The Actors Studio, емисијата за кратко време станува вистински бум и е неверојатно популарна во САД. Липтон има одлична селекција на гости и ретко да викнал некој кој не заслужува да седне таму.

inside-the-actors-studio-8.jpg


Inside the actors studio датира од 1994 година, кога прв гостин на Липтон беше Пол Њуман, од тогаш на столчето спроти Липтон седнале Де Ниро, Дастин Хофман, Бред Пит, Џони Деп, Едвард Нортон, Том Круз и кој се не.

Мислам дека е ова емисија која ќе им се допадне на сите филмомани, бидејќи јас кога ја открив ми даде сосем поинква перспектива кон глумата и воопшто создавањето на филмот. Емисијата е забавна, едукативна и имате можност да ги видите ликовите од филмското платно во сосем поинакво светло.

Ако сакате да погледнете поголем број од емисиите следете го YouTube каналот SirPsychoFlea бидејќи има прикачено поголем број од интервјуата

Темава ќе седи во Филм и ТВ, а не во подфорум емисии затоа што е малку поспецифична и во секој случај уникатна. Овде можете да вадите дел од интервјуата, да поставиме некое делче од интервју кое ве импресионирало или чисто да видите кој се бил гостин и да видите што имаат да кажат. Верувам и дека некои за прв пат ќе се запознаат со емисијата преку темава и бргу ќе се заразат со интервјуата.

Еве како за отворање. Крајниот дел од интервјуто со Џони Деп, можеби најпосетуваното интервју на Липтон досега.

 
Џони деп како најубав од досегашните гости природно има најголема посетеност.
Некои и по два пати му гостувале.
Иако доста имам изгледано не ми се баш посебно интересни. Липтон прави пари, а самобендисаните повторно добиваат можност да зборат за себе и сопствената небитна улога во општеството.
 
најлегендарно ми е со еди марфи и кевин спејси :)

Ако се сеќавам добро, мислам дека баш во оваа емисија Спејси ги правеше имитациите на познати актери, така?:)
 
дада го обожавам шоуво и секогаш го гледам наместо оние квази комични шоуа на лено,летерман итн.
 
Бредли Купер е единствениот негов студент шо успеал да се појави кај него во емисија.
 
Доста интересен концепт на емисија,кај што се навлева повеќе од живото на глумците..
А еве нешто друго ,(за да не отварам тема,нека биде во склоп на оваа) кај што после оскарите,главните актери од номинираните филмови или така нешо се собираат на маса и отворено се дискутираат работи околу филмовите,режисерите ова она...oscar roundtable 2012
 
Нешто што задолжително треба да се изгледа: ТВ емисија во која актери зборуваат за нивните филмови и улоги.

Првото видео што го изгледав е за Едвард Нортон.

Останатите ќе ги линкувам дирекно кон Youtube за да не ја кочиме страницава:

- Ал Пачино
- Роберт Де Ниро
- Ентони Хопкинс
- Морган Фримен
- Бред Пит
- Џони Деп
- Роберт Дауни Џ.
- Шон Пен
- Вал Килмер
- Ричард Гир
- Еди Марфи
- Џим Кери
- Робин Вилијамс
- Вил Смит
- Расел Кроу
- Мет Дајмон
- Том Хенкс
- Хилари Свонк
- Џулија Робертс
- Кристофер Валкен
- Џорџ Карлин
- Рики Џервајс
- Том Круз
- Мајкл Џ. Фокс

Има и други...

Господ здравје да му дае на дечково што ги ставил на Youtube, имам за гледање за цел месец. Но за жал морал да ги исече сцените од филмовите кои ги пуштаат, за да не му ги избришат клиповите поради copyright. Затоа, ако некој ги најде на торент би му бил многу благодарен.

Уживајте!
 
Koлку ми е жал за Мајкл Џ. Фокс немате појма, дури се расплакав на видеово. Во 40 минути можете да видите како состојбата му се влошува, во еден момент мораше да стане да се напие апче и да се врати... Трагедија, не можеше да му се случи на подобро дете...
 
Интервјуто со Робин Вилијамс е дефинитивно врвот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom