Дневна доза хаику

  • Креатор на темата Креатор на темата Mary Poppins
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
За они кои не знаат, хаику поезијата потекнува од Јапонија. Хаику-то е тростих и обично е израз на некое доживување на поетот, ама притоа поетот не се нурнува во некои длабоки размислувања. Што не значи дека по дифолт хаику поезијата нема поетска вредност. Хаику поезија се пишува во сегашно време што значи дека е поезија "овде и сега". Не смее да биде премногу накитена и во никој случај да да содржи рима. Обично нема наслов, но секако има и исклучоци. Темите во овој вид поезија се природата, љубовта (не еротската), секојдневието...
Слободно напишете и нешто повеќе за нејзиниот развој ако знаете.

Е сега целта на оваа тема е да постирате ваши омилени хаику "песнички" кои сте ги прочитале некаде или пак да бидете креативни и сами да напишете и да ја споделете овде.
(Ве молам без тролање со охридската и не знам која друга хаику поезија, темата не е во ЧДА)!

***

Само гледам и
не прашувам. Она сум
кое го гледам.
(Јосип Ости)

Црнина од облаци
ја покрила
големата порта на срцево
(А Поповски)

Од кој спомен е овој снег
што врне
врз сите волшебни мостови
(А Поповски)

Љубов!
Секоја ноќ да ја
сонуваш жената до
којашто спиеш.
(не сум го запишала авторот)

Голи вистини
смрзнуваат пред очи.
Пушти ги внатре
(Вероника Костадинова)

Додека мерев
длабочина на поглед,
потона мигот!
(Вероника Костадинова)

Прав врз книгата.
Со прст некој испишал
чуден, нов наслов
(Никола Маџиров)

Продолжете... :)
 
Патник -
Под тоа име нека ме знаат,
на овој есенски дожд.
(Башо)

Од ветрот носен,
чадот од врвот Фуџи
исчезнува во далечината.
Кој ја знае судбината на моите мисли
што заскита со него?
(Сајгјо)
 
Седејки тивко,
правеќи ништо,
пролетта доаѓа,
и тревата расте сама од себе... --- Башо...
--- надополнето: 13 декември 2012 во 00:39 ---
Би ви ја препорачал книгата Јапонска Хаику поезија од Владимир Девиде
 
Внатре во мене
Бизони во стампедо
Онде пештери


Внатре во мене
Светска вознемиреност
и еден насмев.

Џек Галмиц




Паѓаат ѕвезди!
Можеби истата на
која сме ние.

Јосип Ости

http://www.blesok.com.mk/avtor.asp?lang=mac&id=108
 
Еве од мене сега ја напишав...:D

Огнот тлее...
топлина покрај каминот...
пуцкањето на костените скоро подгорени...
волнено клопче пурпурно, предење...
 
Еве и нешто сериозно од мене :D

Самотник по сувата пустина...
бега горчливо од светлината...
која го создава...
единствениот сопатник...
сенката негова...
 
Овде обично
летам, но сега тонам:
снег до колена. (В.Мартиновски)
......................................................
На книгата пајак.
Собира пајажина
наместо да плете. (непознат автор)
......................................................
Стигнавме фатени за раце
на половина пат
до никаде. (Me, Myself and I) ;)
 
Матката која гордо постоеше во иднината...
беше последица од минатото...
за сегашната слобода...
на штркот во лет...
 
Фосили на лицето...
кожата збрчкана...
грижи на челото...
дете во утроба...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom