Кромберг и Шуберт (Индустриска зона Жабени)

  • Креатор на темата Креатор на темата *LION*
  • Време на започнување Време на започнување
Не знаеме како ќе биде..ама многу што се пријавиле на огласот кога слушнале дека 8 илјади е платата веднаш се откажале.
Да точно платата не е голема, напротив.
Но од друга страна најверојатно се откажале оние кои имаат друг извор на приходи или домашните ги ранат, а не дека невработеноста во Битола е мала или има голем избор на работа.
 
Пазарот на труд ќе ја одреди платата што ќе се дава ако има во Битола повеќе работни места што се нудат а помалку луѓе што барат работа нормално е да се покачи плата. На која точка ќе се сретнат понудата и побарувачката таа ќе биде минимална плата. Инаку прочитај го уштеднаш мојот претходен пост ќе ми ја сфатиш поентата не сум сигурен дека ја сфати.Поздрав. Инаку некој со основно завршено сигурно дека нема да има иста плата и работна позиција со некој што има електор факултетет. На тој со електро факултет сигурно нема да му понудат 8000 плата.
не не... те сватив...мислев и ти мене ме свати дека зборувам за најниската плата на најобичниот работник
 
А само 8000денари е платата што се нуди во таа фабрика или има и позиции кој што се и повеќе платени и бараат да имаш електро завршено?
 
Да го прашам другар ми Лион дали знае дека во Кавадарци град со 40 илјади жители градинката не работи зошто не е обезбедена квота на деца?
 
Не реков дека не се бара јас.
 
Колку деца треба за квотата ? и можеби е скапа градинката ?
 
Да го прашам другар ми Лион дали знае дека во Кавадарци град со 40 илјади жители градинката не работи зошто не е обезбедена квота на деца?
Каква врска има градинката/ите во Кавадарци со темава?
 
Не гледате дека поентата на лавчето му е да не убеди дека се работи за најмалце 300 евра, а кога ќе му кажат дека се работи за 140 евра, тогаш или го криви пазарот и кривата на понуда и побарувачка, де факто, при цетерис парибус, или пак прашува колку се платени оние со електро, а тие кутрите за маките што ги трпат на факултет сигурно ќе бидат бедно платени во било која фирма во македонија(освен неколку), и повторно, при цетерис парибус, кривата на понудата е виновна, де факто ние луѓето сме криви...

Конкретно на темата, убаво што се отвара фабрика, лошо е тоа што се мали платите, па и за оние без образование, бидејќи работа е работа, не секогаш треба да се цени според образованието.
 
Не реков дека не се бара јас.
Ако нема доволно заинтересирани за таа работна позиција што е платена 8000 денари а им требаат работници(нема да се повлечат од инвестиција од 25 милионји евра) ќе им понудат следниот пат 10 000 -12 000 за да прифатат да работат. Тоа е пазарна економија понуда побарувачка. Работодавачите гледаат што помала плата ти да добиеш а ти како вработен бараш што повисока плата да земеш и ќе се најдете негде на средина односно пазарот на труд побарувачка и понуда. Гледам некој се жалел имал основно му понудиле 8000 денари а колку очекувал дека 18 000 ќе му дадат? И тоа во град како Битола каде што повеќе има побарувачка отколку понуда на работни места. Тоа е поентата. Кој му одговараат условите ќе се вработи кој не му одговараат нека најде поплатена работа во Битола ако смета, ако некој не му се работи нека не работи. Никој со сила не тера некој да работи ти се свиѓа работи не ти се свиѓа не работи тоа е тоа.
 
Едноставно тоа нема да се случи од многу проста причина што невработеноста е многу голема во градот. Во секој случај не за догледно време.
 
Не гледате дека поентата на лавчето му е да не убеди дека се работи за најмалце 300 евра.
Тие плати важат за Бунарџик прочитај уште еднаш што напишав и реков дека тие плати што се во таа фабрика во Битола ќе бидат пониски. Не биди спинер и да извртуваш зборови да ги вадиш од контекст
 
Не гледате дека поентата на лавчето му е да не убеди дека се работи за најмалце 300 евра, а кога ќе му кажат дека се работи за 140 евра, тогаш или го криви пазарот и кривата на понуда и побарувачка, де факто, при цетерис парибус, или пак прашува колку се платени оние со електро, а тие кутрите за маките што ги трпат на факултет сигурно ќе бидат бедно платени во било која фирма во македонија(освен неколку), и повторно, при цетерис парибус, кривата на понудата е виновна, де факто ние луѓето сме криви...

Конкретно на темата, убаво што се отвара фабрика, лошо е тоа што се мали платите, па и за оние без образование, бидејќи работа е работа, не секогаш треба да се цени според образованието.
300 евра верувам дека е плата но тоа е за 6 дена во неделата * 10 саати.
Тоа му доаѓа некаде околу 1 евро од саат, па толку зима возач на рикша во Бангладеш.

Ако ви е целта да ги стигнеме Индија, Бангладеш, Того... у реду тогаш.
 
Абе ни уште имаме во Југоисточна и Источна Македонија конфекции што претежно ги држат Грци каде што се работи за 6000 денари месечно 6 дена во неделата по 10 саааати а ми кажуваш дека тие во Бунарџик што земаат од 300 евра па нагоре биле во лоша состојба. Иди првин оправи ги текстилците и кожарите па после збори за други стопански гранки. Заборава на фактот дека во Македонија има дестици илјади текстилци што работат за 100 евра месечно! И што даваа лани преклани што умирале работнички заради превисоки температури и несоодветни работни услови во текстилните фабрики! Не ме заебавај тие што давале од 300 евра па нагоре не чинела а тие што даваат по 100 евра не ги спомна! Не биди дволичен
 
А извини колку даваш ти сатница и каде може да се аплицира за работа.
 
Како земале 6000 плата, а минималецот е 8050 денари?Исто и робувањето по 12-14 сати?Тука нешто чуре и смрде, некој не си ја врше работата, разбираш...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom