Воена индустрија во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата darel
  • Време на започнување Време на започнување

dali ima firmi koi rabotat


  • Вкупно гласачи
    22
  • Гласањето е завршено на .

Македонската воено-одбранбена индустрија, како дел од комплексот на ЈНА, до 1990 година имаше 19 фабрики, кои заедно со неколку претпријатија од Србија, Хрватска и од Босна произведуваа оружја, експлозиви и возила за земјите од Блискиот и Далечн иот Исток. Ќе се обнови ли таа практика по средбата Бесими - Шутановац?

besimi[13].jpg


transparent.gif

Шанса за ревитализација на одбранбената индустрија носи средбата Бесими - Шутановац
Има многу простор за идно здружување и пласман на одбранбената воена индустрија на Македонија и на Србија, коментираат познавачите, откако министрите за одбрана Фатмир Бесими и Драган Шутановац завчера најавија таква можност.

За генералот Митре Арсовски односите во областа на безбедноста меѓу двете земји се многу битни.
- Од голема важност е да се отвори ново поглавје за заработка од некогашното воено производство на двете земји, чии капацитети сѐ уште стојат недоволно искористени, барем во Македонија - вели генералот Арсовски.

Македонската воено-одбранбена индустрија, како дел од комплексот на ЈНА, до 1990 година имаше 19 фабрики. Гигантот „Еуроинвест“ произведуваше композитна заштита за некогаш најдобриот тенк, југословенскиот „М-84“, кој маестрално го победи американскиот „абрамс“ во Првата заливска војна. Произведуваше и панцири и шлемови.

„Металскиот завод Тито“ (МЗТ), со 1.200 работници, правеше мултипликатори за тенк, куполи и други помошни делови. Дури и Русите ги купуваа менувачите на МЗТ за тенковите „Т-55“.

- Овие погони со одредена доза на модернизирање на апаратурата може да ги искористиме и да ги претвориме во ремонтни центри каде што ќе се сервисираат тенковите на сите земји, настанати од поранешна Југославија - истакнува пензионираниот полковник Благоја Марковски.

„Сувенир“ од Самоков беше примарна фабрика за производство на муниција за ЈНА, а извезуваше и во САД. „Тетекс“ од Тетово ги произведуваше најдобрите шинели за ЈНА. Активни се скопски „Диаг“, каде што се произведуваат значките на шведската армија, „Винка“ од Виница, каде што се шијат воени кошули за холандската армија, и „Единство“ од Валандово, каде што се изработуваат сите униформи за британската војска.

- Не смееме да ја пропуштиме шансата за ревитализација на одбранбената индустрија, која, условно речено, мирува од независноста досега. Тоа може да обезбеди заработувачка со која дополнително ќе ја наполниме буџетската каса - објаснува Марковски.

Ако најавите по средбата Бесими - Шутановац се остварат, првпат ќе се направи напор за обнова на оваа доходна индустрија, потсетуваат познавачите.

Воениот аналитичар Петар Шкрбина ја поздравува иницијативата за здружување на капацитетите на индустриите на двете земји.

- Би можеле своето место за продажба на оружје да го најдеме преку отворената врата од Србија. Онаму каде што тие не би можеле, на пример, да стигнат со производство на муниција за продажба, ние да ги замениме со нашите капацитети во „Сувенир“ - смета Шкрбина.

Производ што би ни донел најголема заработувачка, според него, е рестартирањето на производството на македонско-српските ракети и лансирните цевки на ракетните фрлачи.

- Би требало сега да ја искористиме шансата и да иницираме соработка со Србија, исто како што пред неколку години стори и Хрватска, која по здружувањето на силите си овозможи голема заработка - вели Шкрбина.

Автор: Александар Србиновски
 
Македонската воено-одбранбена индустрија, како дел од комплексот на ЈНА, до 1990 година имаше 19 фабрики, кои заедно со неколку претпријатија од Србија, Хрватска и од Босна произведуваа оружја, експлозиви и возила за земјите од Блискиот и Далечн иот Исток. Ќе се обнови ли таа практика по средбата Бесими - Шутановац?

besimi[13].jpg


transparent.gif

Шанса за ревитализација на одбранбената индустрија носи средбата Бесими - Шутановац
of of of koa ko gleam ova sosoncevo mi se prevrtuva vo zeludnikov

ic nisto ne treba da se obnovua a najmalku voenata industrija
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom