Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
И така то...
Ги фалиме убавините на Галичица, а туристите не можат да ја видат
Сонцето се уште го нема стопено снегот на планината Галичица, па посетителите и натаму не можат со возило да се искачат до познатите рекреативни места во националниот парк.
-Педесетина автомобили, меѓу кои и со странски регистарски таблички деновиве заглавија на тесниот планински пат поради неисчистениот снег и неуспешно го завршија патувањето на Галичица, сведочат за OhridNews планинари од Охрид.
Ваквата слика, за жал, се повторува секоја година. Патниот правец од Трпејца до Отешево во зимскиот период не се одржува, бидејќи не бил на листата на приоритетни патишта.
Патот е прооден дури откако ќе се стопи снегот, кој годинава на Галичица се задржа подолго. Поради тоа љубителите на природата не можат да уживаат во убавините на националниотпарк Галичица.
Охриѓани со години слушаат најави од политичарите за изградба на зимски центар на Галичица. Оваа планина има голем туристички потенцијал, но тој не може да биде искористен без соодветна инфраструктура.
OhridNews

1
25.04.2013 07:00
Прочитана е : 1239 пати
© 2013 Ohridnews.com. Сите права се задржани.