Пронајдена мртва медицинската сестра што откри детали за бременоста на Кејт Мидлтон
Медицинска сестра од болницата во која што беше примена принцезата Кејт Мидлтон поради компликации во бременоста, а која австралиски водители ја измамија преку телефон претставувајќи се како кралица и принцот Чарлс, пронајдена е мртва во близина на болницата.
Телото на 46 годишната Јасинта Салдана пронајдено е во близина на болницата во која работела, а полицијата се сомнева дека починала при самоубиство.
Во болницата во која таа била вработена до вчера престојуваше Кејт Мидлтон, која беше хоспитализирана поради компликации во бременоста.
Итната помош веднаш пристигнала на местото на кое било телото на починатата при што веднаш утврдиле дека е мртва.
Иако сеуште нема сигурни потврди за причината на смртта на оваа медицинска сестра, познато е дека токму таа разговарала со австралиски водители кои ја излажале представувајќи се како британска кралица Елизабета и принцот Чарлс. На тој начин дошле до информации за принцезата Кејт и за нејзината бременост, по што британската јавност беше во шок бидејќи некој наседнал на една таква „аматерска “ шега.
Принцезата Кејт и принцот Чарлс објавија службена реакција за смртта на медицинската сестра, и тврдат дека се многу тажни поради трагедијата што се случила, и нагласуваат дека не биле воопшто тажни поради информациите што излегоа во јавност.
По објавувањето на оваа вест, за смртта на медицинската сестра, социјалната мрежа фејсбук врие од коментари ширум целиот свет.
- Честито. Сега секој ден од својот безвреден живот можете да се гледате во огледало знаејќи дека сте одговорни за смрт на една невина личност, напишал Лари Копер.
Лутите корисници на фејсбук сметаат дека двајцата водители треба да дадат отказ.
Од управата на болницата во која работеше медицинската сестра објавија сочуство до семејството на починатата вработена, нагласуваат и дека се работело за почитувана и популарна медицинска сестра која во истата болница работела веќе четири години.
Познато е дека Јасинта Салдана имала сопруг и две деца, а сега останува да чекаме да се откријат и вистинските причини за нејзината смрт.
Мене овде ми многу нешто мирише .