Посветување внимание - некогаш и сега

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Долго време се мислев на оваа тема да ја отворам и еве ќе гледам некако да воведам на некој начин. Сите ние имаме обрвски и повеќето сме зафатени но она што ми е моабетот е семејството додека бевте мали сигурно сте се шетале со вашите родители во кино сте оделе заедно сите на вечера и веќе кога пораснавте веќе е друга приказната нели? вие повеќе сте зафатени кој е оженет - омажена и сл. и веќе ви е не обврнувате внимание на вашите родители исто како и додека бевте со нив веќе ги заборавивте на некој начин и ги барате само кога ќе ви притребаат? Отприлика некако вака делува сликата некогаш и сега врската помеѓува вас и вашите родители нормално тоа е релативно не е кај секој но моабетот прашањето ми е следново дали сеуште посветувате внимание барем 2 пати годинишно за вашите родители? и на кој начин посветувате внимание?


Ништо во животот не е поважно од семејството – затоа посветете им го времето кое го заслужуваат, пред да биде доцна...

Инаку ако сакате да прочитате и по сликовито да биде објаснето кликнете тука :)
 
Барем два пати годишно? Ако под посветување внимание мислиш на поклон за 8-март и нешто слично тоа не е внимание според мене.
Доволно е да поминувам време со нив, да помагам дома ако не ме мрзи и било каква комуникација да воспоставам. Сеедно дали барам пари или прашувам како се
 
Барем два пати годишно? Ако под посветување внимание мислиш на поклон за 8-март и нешто слично тоа не е внимание според мене.
Доволно е да поминувам време со нив, да помагам дома ако не ме мрзи и било каква комуникација да воспоставам. Сеедно дали барам пари или прашувам како се
Воопшто не ни мислев на празник мислев на обичен ден на пр. се јавуваш на твоите и организираш вечера и се собирате едноставно :) и според мене материјалноста т.е поклон и не е баш посветување на внинамие
 
Прашањево повеќе би требало да се однесува за оние кои не живеат со родителите. Тие што живеат со нивните нема логика да не посветуваат внимание.

Иначе да, гледам барем 3-4 пати месечно да се видам со татко ми и да видам како се работите дома. Немам време за почесто.
 
Ме допре темава морам да признаам. Ме воспитаа да бидам самостојна и секогаш да си ја барам сама среќата. Ми покажаа дека они се столб зад мене во се она што ќе намислам и ќе решам. Секогаш ја имав слободата да одлучам што и како понатаму. Никогаш не ми се спротиставија за нешто ниту се обидоа да ме разубедат во некоја одлука. Знаев и сеуште знам да погрешам, да преземам поголем чекор, да паднам и повторно да се кренам, но секогаш да ја преземам одговорноста за моите постапки. Ретко поминував време со нив, можеби десет години поминаа додека се освестив дека времето ги гази и дека постои можност да се свртам и да не бидат позади мене, да заминат и никогаш повеќе да не ги видам. Знаев само телефонски да ги побарам или да наминам еден викенд да ги видам. Мислев дека тоа е доволно. Обврските се зголемија, времето се скрати и во еден момент сфатив дека јас воопшто и не разговарам со нив, ниту ги гледам, ниту ги слушам. Од тој момент до денес речиси секој слободен момент им го посветувам, знам да ги однесам на викенд, да отидам на одмор со нив десет дена, да ги однесам на вечера, знам да излезам на кафе, да се шетам по улици и да ги гушкам. Буквално се што правам е да поминам квалитетно време со нив. И најважно од се е што почнав да ги слушам.
Толку е краток животот, многу брзо поминува, искористете го времето со своите за подоцна да не се каете и секогаш запрашајте се дали доволно сте покажале љубов кон нив.
 
Родителите имаат премногу работа, неможат да се замараат со проблемите на нивните деца. :tapp:
 
Родителите имаат премногу работа, неможат да се замараат со проблемите на нивните деца. :tapp:
Кај мене е така цел живот мајка ми малце повеќе е со нас татко ми не го ни гледам така е зборот де ... :)
 
Кај мене е така цел живот мајка ми малце повеќе е со нас татко ми не го ни гледам така е зборот де ... :)
Нема потреба од кажување и кај мене е така и кај другите. Најлошо е што нервозите сепак ги истураат на нас ...
 
Се наежив при читањето на приказната.Чиста вистина,
во мојов случај неисполнета.Никогаш не најдов време за тоа.Транзиција,трчање,безработица,деца,граници,пазар,
полиција,уписи,свадби,кампањи,избори па дури и војни.
Секој ден иста песна,,утре ќе појдам,немам време денес.
А се дешавало и на семафори да се разминеме како странци,кога се уште беше на нозе.
Но сепак често ја посетував,влези од врата,остави лековите на маса и повторно турнисе во животот што тече како брза река и ни за момент не застанува и те носи кон напишаното.
И секој ден се постар уморен се враќав дома,но јас не го осеќав тоа,се уште имаше сила во мене трчав.Но еден ден лековите за мајка ми,ми останаа неотпаковани.Немаше потреба од тоа.Не и беа веќе потребни.О колку брзо дојде тој ден,кој мислев никогаш нема да дојде.А мајка ми знаеше често да ми каже-Да видиш кога ќе ме нема,ќе ме барате.А јас последните зборови не ги ни слушав,бев веќе втурнат по скалите удоле да се впуштам во брзиот животот.
Да знаете,колку била во право,
јас го осеќам сега тоа.
 
прашањето ми е следново дали сеуште посветувате внимание барем 2 пати годинишно за вашите родители? и на кој начин посветувате внимание?

Потполно си во право во целата онаа содржина која што ја имаш напишано пред ова прашање. Да, ги забораваме навиките за посветување на внимание кон родителите. Искрено повеќе се засегав кога бев помал на баба ми и мајка ми да им донесам цвеќе на 8ми март, да соберам 100 денари да не јадам 2 недели на училиште за да купам поклон за нивниот роденден вклучувајќи како и татко ми. Со 100 денари можев да купам некој си украс или цвеќе или обетки за баба ми и мајка ми, колку што разбирав тогаш, а за татко ми некој ефтин мирис. Сето тоа не дека е многу малце или не сум разбирал тогаш, но сето тоа ми беше со цел да се потсеќаат на мене онаму каде што ќе бидат со овие подароци, да кажуваат на приајтелите што сум правел за нивните родендени или деновите за жената итн. Но да, овие сите работи сеа изчезнаа. Голем дел од нас предвреме мислат да ги изненадат своите мајки, баби за 8-Март но секогаш тоа завршува со реченцата: "Леле, заборавив". Јас тоа го поправам со тоа што во следните 2-3 дена ќе се обидам да доставам поклон до нив макар и обично цвеќе како што е обичајот. Исто така секогаш сме се збирале за Нова Година или слична вечер која што одбележува нешто за да вечераме целата фамилија. Сега тоа се дешава само меѓу нив, а моето место е празно, бијдеќи сеа сме поголеми и овие работи ги славиме со другарите, дечковци/девојки итн. :)
Искрено стварно треба повеќе да посветуваме вниамние на родителите, сепак зборот РОДИТЕЛ е нешто што не донело на овој свет, ни помогнало здраво и право да порасниме и ги поминувале сите патишта на нервози и солзи само да не доведат нас до овој степен, па и понатаму да се поддржуваат ако бар не ништо друго.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom