Зошто дозволуваме да манипулираат со нас?

само едно знам ако дозволиш самиот ќе те изедат жив а и ако си глуп :) и све што лета не се јаде (y)
 
Медиумите, новинарите, власта, па дури и личностите кои ги познаваме манипулираат со нас. Зошто, и зошто го дозволуваме тоа?

Сите сме свесни дека на телевизиите од мравка прават слон, и згора на се народот верува на тие приказни. Зошто? Зошто веруваме на медиуми каде што од еден до друг медиум истата вест ќе ја слушнеме во 1000 верзии? Сето тоа го прават само за рејтинг, а сепак успеваат во намерата.

Прост пример и во маркетите каде што цените на производите се 99, 199, 1999 не лажат дека не се скапи па повторно манипулираат со нас иако сме свесни за тоа.

Темава воопшто не сакам да ја водам на политичка дискусија нити пак сум партиски определен ама сите добро знаеме дека сите политичари ветуваат ама тешко и дека остваруваат. И пак народот ги следи своите миленици и ги прати, а сепак се само манипулирани од сопствените идоли. И за тоа се свесни.

Сопствената држава манипулира со сите нас, со лажни ветувања, со лажни пропаганди ни замачкуваат очи, а сите ја знаеме реалноста. Сведоци сме на лажги и од блиски пријатели, но сепак нив им простуваме до некоја граница. И пак и пак истото се врти во круг, народот да се манипилура. Зошто сето тоа го дозволуваме и не превземаме никакви мерки, туку упорно се лажеме дека не манипулираат со нас?
Ајде де, сите го знаеме проблемот. Као ќе го решиме? Еве ти си се позамарал со воведов, имаш ли предлог мерки? :)
 
Прост пример и во маркетите каде што цените на производите се 99, 199, 1999 не лажат дека не се скапи па повторно манипулираат со нас иако сме свесни за тоа.
ова си нема врска со манипулирање, чист маркетинг, сакаш купиш сакаш не :) друготo да :)
 
Доколку некој од страна го следеше Јанко бурек со специјалниот гостин др.Латас (доктор на телевизиски науки и професор на незнам кој факултет) веднаш ќе добиеше желба да си ги собере парталите и по брза постапка да бара азил во Македонија. Просто да неможе човек да поверува колку ни била ситуацијата розева.
Луѓето се туркале за да инвестираат во Македонија, први во Европа според брзината на отворање на фирма, први во Европа според рамните даноци, се отвораат нови работни места секој ден, на балканот имаме најевтина струја, најевтин бензин, а бе да слушаше некој Данец, Германец, Норвежанец гарантирам дека ќе ни завидеше.
Цела среќа што имаме експерти како Латас да ни кажат дека треба да си ставиме розеви очила :cool:.

П.С. Зошто дозволуваме да манипулираат со нас? Зар постои некој што сеуште верува :cautious:
 
Фали образование за да не манипулираат со народот, кој поради недостиг на образование и искуство се пали на секоја објава и реченица пред се со национална реторика. Таков си е балканот таков си ибл од секогаш.
 
За жал многу луѓе веруваат
 
Ако навистина мислите дека на сите им е јасно што се случува тогаш навистина ја преценувате интелигенцијата на нашиот народ.

Ретко некој да ја гледа комплетната вистинска слика,сите гледаат(гледаме ) дел од вистината за тоа што се случува али во најголем дел сепак го гледаме тоа што сакаат да го гледаме.Најголемиот дел е што вистините што ги гледаме,или не сакаме да ги прифатиме или ги имаме комплетно погрешните решенија за истите.

Не пробувајте да живеете за да направите промени ( ќе станете огорчени ).Живејте си за себе,да станете поуспешни,побогати,помоќни,со самото тоа автоматски ќе направите промени.

.
--- надополнето: 3 декември 2012 во 23:47 ---
Фали образование за да не манипулираат со народот, кој поради недостиг на образование и искуство се пали на секоја објава и реченица пред се со национална реторика. Таков си е балканот таков си ибл од секогаш.

Финтата е што е потребно не било какво образование туку правилното образование.Ние имаме многу "образовани" кадри со истото тоа што го имаме сега.Не е важно колку книги си прочитал туку кои.

.
 
Секој од нас подлегнува на пропаганда или манипулација - тоа е факт. Сите имаме систем на верувања и во зависност од тоа дали ни одговара или не - ја прифаќаме манипулацијата здраво за готово.

За мене барем, најздрав пристап е мотото: Question everything. Верувај, но проверувај. Дури и некој што сметаш дека има кредибилитет ти каже нешто, сослушај го, но не му верувај целосно, провери од други извори, гледај да држиш некој баланс.

Само тоа е спасот да остане човек при здрав памет во ова општество во кое живееме.

Иначе манипулацијата и пропагандата не ги измисливме ние на Балканот, тие постојат подеднакво насекаде, само секоја индивидуа си има свој начин како се справува со неа. Затоа и апатијата и политичка и општествена се толку високи секаде во светот. Затоа што се помалку луѓе им веруваат на медиумите и политичарите иако истите постојано се трудат да измислат нови начини и топла вода за убедување на луѓето.
 
Македонија е земја на робови, од Самоил до пред 45' Македонецот немал сопствена држава.
Медиумски сподоби како "неќам да им го споменам името" и политичари од типот на "неќам да им го споменам името" се обичен курташак, раничка во усна шуплина која се јавува после намален имунитет.

Мислам луѓе дај да бидеме реални жените тука ни биле ебани од туѓи војски со векови, родените копилиња или јаничарите или пак селските кметови отсекогаш биле тука да се погрижат да никогаш не пркнеме како народ и држава.
Ова е ропски народ со ропски навики, роб може да роди само роб нешто како што маче секогаш ќе роди маче, а никогаш куче.

Јас сум куче.
Ав.
 
Зошто манимулираш.
Зошто кажуваш дека сите сме изманипулирани од некого, зошто генерализираш ?
Како дојде до таков заклучок, за да го пишуваш тоа што го пишуваш ?
Дали ако ти се чувствуваш изманипулирано, треба сите така да се чувствуваме ?
Ако не сакаш да ја водиш дискусијата кон политика, зошто воопшто ја споменуваш политиката ?
 
Chosen никад не бил маж се кара бетар од жена и менува мислења ко хотелска собарица наместо да каже кога ќе се вработи па макар да било тоа и преку партиска книшка шо е доста ,доста је мајку му .

Ајде темава клуч
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom