Кој телефон е најдобар Xperia S, Galaxy S II, One S или Google Nexus 4

  • Креатор на темата Креатор на темата koletheman
  • Време на започнување Време на започнување
И како што гледав спидтестови, iPhone 5-ката е скоро со иста брзина со Nexus 4-ката, иако нексусот има 4-јадрен процесор...Мислам дека е до оперативниот систем.
Али сепак, разлика у цените има да биде голема, па така би го земал нексусот пак, иако за (можеби) 50ина евра+ иам ајфон 5 :D
 
Нексус само заради апдејтите друго ништо.

Сепак треба да знаеш

камерата не е ни блиску до квалитетот на другите телефони
екранот не секогаш реагира на допир
и треба да го пазиш дека е од стакло, ако падне ќе ти пукне.

тие 3 работи ги има во секое можно ревју за телефонот.


*телефонот нема да биде 13 000 денари туку 22 000(+- 2000) денари.
 
И како што гледав спидтестови, iPhone 5-ката е скоро со иста брзина со Nexus 4-ката, иако нексусот има 4-јадрен процесор...Мислам дека е до оперативниот систем.
Али сепак, разлика у цените има да биде голема, па така би го земал нексусот пак, иако за (можеби) 50ина евра+ иам ајфон 5 :D
Ова ѓубре за беспари не го зимам

Дефинитивно Нексус 4 е подобар од наведените телефони.
Тач му е перфектен, работи екстремно флуидно, со сигурност ќе добиваш надградби во следните 2 години, камерата му е нешто ситно полоша од С3.

Единствена мана е што задното стакло има сериозни проблеми со кршење.
Ако имаш некој да ти го донесе од странство ТОП ако не нема шанси да го најдеш во мк под 500 евра !
 
оти за Европа 300 евра, а за америка 300 долари скрос нефер од страна на гугл, уште не знам кој шуте го напрајл со стакло позади

што мислите дали ке падни цената на Galaxy S III, HTC One X откако ке излези Nexus 4, ме интересира за евопски и американски пазар пошто планирам од онтернет да купам
 
А зошто Nexus 4-ката на gsmarena пишува за цена About 230 EUR? :S
И плус не е скап телефонов и да е 350-400 евра (на официјалната страна за телефонов на гугл пишува from 299$ без договори у готово веројатно), за вакви перформанси и све што има на телефонов - тоа е преодлично.
Corning Gorilla Glass 2, True HD IPS, quadcore, 2GB RAM и батерија 2100mAh!!!ОМГ а не е ни 500 евра :O
Ја овој би го земал да ги имав парите БЕЗ РАЗМИСЛУВАЊЕ: Влагам у продавница и ко леб би го купил...

На другите продавници освен Гугл Плеј стор кај што е распродаден, цените се од 500 долари некаде. Јас го порачав 8гига верзијата од уса ама има 8-9 недели чекање зошто немаат на залиха :(

Сакам да купам андроид телефон ама не можам да се одлучам па вие што ги имате овие телефони пофалете ги или искритикувајте ги

Претенденти се:
- Google Nexus 4 LG ( се очекува Гугл да го продава за 299 долари за 8 Гига хард, убав е, голем екран, солидна камера 8 Мегапиксели, 4 јадрен процесор, 2 гига рам, ама негативна страна е што нема мемориски слот, стаклена позадина има, сам бега од џеб :), ако падни 99% ке се скрши стаклото назад

- Sony Xperia S( овај брз е, спремен е, располага со 1.5 Гигахерци Дуал Кор, 1 Гига рам, 32 Гига внатрешна меморија хард, исто нема слот за мемориска, камерата 12 Мегапиксели малку мати особено навечер, невкусни копчиња има напред не многу практични, користи Андроид 2.3 со можност за надградба на 4

- Samsung Galaxy S II( велат најдобар телефон, ама јас велам се додека не излезе S III, 8 Мегапиксели камера, Дуал Кор 1.2 Гига, не се крши колку и да паѓа, од пластика е маската, и овај стар андроид користи не знам до кој можи да се апдејтова
- HTC One S не знам што да кажам солиден, добар на излгед, добра камера 8 Мегапиксели слични перформанси ама некако HTC не ми напраиле некој кеиф макар што и за него би можел да се одлучам


Јас се мислев меѓу Галакси Нексус, ХТЦ Оне Х и Гугл Нексус 4. Ако можеш да порачаш од Америка на ибеј и на крегслист имаш ко нови Галакси Нексус за 200 долари, додека за 100 долари повеќе го имаш 4ката (со 8 гига и 350 долари со 16 гига).
Така да јас на твое место би се мислел меѓу двата Нексуса :)
 
На другите продавници освен Гугл Плеј стор кај што е распродаден, цените се од 500 долари некаде. Јас го порачав 8гига верзијата од уса ама има 8-9 недели чекање зошто немаат на залиха :(

Како го порача преку Гугл Стор? Мене ми вика дека не е можно од Македонија да се порачува сеуште...
 
Од понудениве Нексусот јас би го одбрал. Затоа што летово еден другар сакаше од Америка да си донесе добар телефон па ме замоли јас да му одберам, и од тоа што можев да најдам тестови на Гугл се одлучив за Нексус 4. А инаку темава денес ја гледам отворена на повеќе форуми, па мислам дека попаметно ќе ти било да погуглаш малку наместо да чекаш тука некој да ти тресе од ракав.
 
Ми го порачаа во Америка :)

Очекував ваков одговор, имам и јас еден пријател во Чикаго па ако сака да ми го порача и да го препрати кога ќе стигне би било одлично. Инаку, зборуваме за овој модел на Нексус или некој постар? Бидејќи ако е постар не сакам, овој е нов, во Октомври е пуштен.
 
Очекував ваков одговор, имам и јас еден пријател во Чикаго па ако сака да ми го порача и да го препрати кога ќе стигне би било одлично. Инаку, зборуваме за овој модел на Нексус или некој постар? Бидејќи ако е постар не сакам, овој е нов, во Октомври е пуштен.

За овој, Нексус 4ка :)
 
мој совет, кога веќе разгледуваш вакви телефони, да го земеш HTC ONE X, одличен е, го имам веќе 3 месец,го рутнав и многу е корисен, едниствена мана е лошата батерија која реално трае еден ден, тука имаш можност со помош на рут да го контролираш процесорот за колку батерија да користи
 
LG отсекогаш ми биле одбивна фирма, немат некојси квалитет, слаб екран и камера од секогаш имале, а плус сега треба да го пазам да не ми падни и да се скрши, а тоа е невозможно, сега ако падни цената на One X, ке биди стеснат изборот меѓу него, Sony Xperia S и Nexus 4 LG
 
А да ти понудам Samsung Galaxy Nexus со 11 и пол месеци гаранција за 17.000 ден, секако со кутија и цела опрема и плус ставен скрин протектор уште одма и силиконска футрола ... едноставно како нов да го купуваш сега !

Работи на 4.2.1 и секогаш прв има апдејти, еден од најдобрите нексус модели
елџито не ми се допаѓа баш дека е елџи, стакло позади и цената сигурно нема да биде кај нас толку ефтина

Бела боја е и перверзно му стои :)

white-galaxy-nexus.jpg


Samsung-Galaxy-Nexus-White.jpg



Во замена со ХТЦ Ево 3Д колку доплата би требало ?
Одприлика?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom