Македонија во Европска унија ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за влез на Македонија во ЕУ ?


  • Вкупно гласачи
    211
Федерализација и сецесија. Главните предуслови. Архе на сите услови - балканизацијата.
За тоа, второто изгледа :P
Сецесија како предуслов за обединување. :D Навидум противречно, но ако ја видиме поголемата слика, логично. И многу германски. :) Ама не гледам место за Британија во приказната, изгледа ќе се менува и ЕУ.
 
Сецесија како предуслов за обединување. :D Навидум противречно, но ако ја видиме поголемата слика, логично. И многу германски. :) Ама не гледам место за Британија во приказната, изгледа ќе се менува и ЕУ.

GBR against GER, same old, same old.

Тоа е единствената „пречка“ за тотална синхронизација засега. За тоа, ќе видиме до кај ќе оди работата, мислам дека ќе има жустрина на економски план. Меѓу нив, афкорс.

У случај да нејќат грдите британки во ЕУ, тогаш... ЕУ ќе биде само континенталниот дел на Европа. Овие, уште две три субдукции и нека се обединат со Исланд :P

Што се Макдонелија тиче, ќе оди, јас стојам на тоа мнение. Дали во kewl EU или во извитоперена форма, ќе оди.
 
Гејлада по 4-ти пат (7 години ја дрибла и уназадува Македонија)
повторно со

26239-1u.jpg
 
I da sakate nema da ve primat ,a koga razbravte deka nemate sansi sega ja vrtite plocata na drugata strana ,ama zaboravate deka ne se cita od drzga strana plocata :)
 
I da sakate nema da ve primat ,a koga razbravte deka nemate sansi sega ja vrtite plocata na drugata strana ,ama zaboravate deka ne se cita od drzga strana plocata :)

Македонскиот народ не е глупав, само нема среќа со „политичарите.“ Имаме многу залутани ликови, со кои, за жал, никако не можеме да се справиме.
Не се согласувам со твојата констатација дека ние досега сме сакале во ЕУ, а сега се предомислуваме, оти се поигрувале со нас.
Ќе зборувам за себе. Јас секогаш сум била против за унија со Германија, Франција и Британија, оние кои ја поделија и преименуваа Македонија, тоа се оние кои заедно до Американците фрлаа напалм и делеа македонска територија, па мораа Македонците да гинат во братоубиствени војни, а сега истите тие работат на целосно битисување на она малку што ни остана. Делуваат од надвор, од внатре, само да не нема. Проблемот е што дечките кои си играт политика не знаат кога да се повлечат за да дојдат оние кои можат да го најдат излезот. На Македонија и треба експертска влада и македонските милионери и милијардери. Доколку се направи план, кој ќе има гаранции, за инвестирање во иднината на Македонија, никој нема да одбие да инвестира, сега парите одат во дупка. Наместо парите да ги фрламе на безначајни реклами, како оние на CNN, можеме да ги искористиме за купување на поддршка. Јас ја поддржува промоцијата на Македонија, но стратегијата воопшто не ми се допаѓа.

Златникот има две страни и двете подеднакво убаво светат.
 
Проблемот е што дечките кои си играт политика не знаат кога да се повлечат за да дојдат оние кои можат да го најдат излезот. На Македонија и треба експертска влада и македонските милионери и милијардери. .
Под услов ЕУ да ни гарантира минимална плата 500 евра и да расне со пораст на трошоци на живот и потрошувачка кошница :)
 
Под услов ЕУ да ни гарантира минимална плата 500 евра и да расне со пораст на трошоци на живот и потрошувачка кошница :)


Па, ние имаме багра што зема многу повеќе од 500 евра, без да направат нешто за да ги заработат, затоа сме на ова дереџе. Таа багра не работи во интерес на државата, напротив, тие работат за туѓи интереси.
 
Нас никој не ни не прашува дали сакаме да влеземе или не
 
Прв пат да се согласам со Боцевски ама ептен му е добра поентата!
Боцевски: Срамна одлука на Брисел

Македонија | 12 декември 2012
bocevski-sramna-odluka-na-brisel-113673.jpeg

„Ваква уцена и вакво силеџиско однесување треба буквално да се игнорира", е коментарот на поранешниот вицепремиер за европски прашања Ивица Боцевски откако Советот на министри на Европската унија не и додели датум за пристапни преговори на Македонија.
Боцевски за Макфакс коментира дека Македонија се судира со нешто што е комплетно изопачување на сите цивилизациски, културни и политички вредности на Европската унија
„Ова е во рамките на она што постојано го зборував. Бидејќи немаме никаква промена на позицијата во Грција, нормално е дека нема да има датум за преговори. Ова е срамна одлука, ова е комплетно погазување на сите европски вредности, затоа што со злоупотреба на механизмите на Европската унија, Република Грција се обидува да го оспори македонскиот идентитет. Јас сум убеден дека Македонија околу тоа прашање нема да преговара и нема зошто да преговара, односно идентитетот на овој народ не може да биде никако поинаков освен македонски. За жал, се судираме со вакво нешто што е комплетно изопачување на сите цивилизациски, културни и политички вредности на Европската унија. Македонија со ништо не го заслужила овој третман што го добива од Брисел во изминатите четири години. Со ништо не заслужила да биде вака оспорувана и понижувана", изјави Боцевски за Макфакс.
Смета дека Македонија со ништо не придонела со ваков третман од Брисел.
„Ваква уцена и вакво силеџиско однесување треба буквално да се игнорира. Македонија има поднесено апликација за членство во Европската унија. Кога Европската унија ќе сака да се придржува до европските вредности коишто самата ги промовира, кога Европската унија ќе сака уште еднаш да си ја заслужи Нобеловата награда за мир, ќе знае многу добро каде да нé пронајде и каде да нé побара за да се реализира македонското членство во Европската унија. Ова е непоимливо што се случува. Се злоупотребува Европската унија за да се понижи и да се оспори идентитетот на еден народ и Македонија мора јасно и гласно ова да го каже. Македонија со ништо не е виновна за ова што се случува во Брисел. Ниту со нешто го предизвикала, ниту пак со нешто го заслужила ова што се случува", коментира Боцевски.
Постојаното инсистирање на добрососедските односи кога Македонија е во прашање е бизарно. Македонија ниту освојуваше туѓи територии, ниту го злоупотребуваше своето малцинство во околните земји заради некакви територијални претензии. Македонија со нејзината војска не надлетуваат туѓи простори, не му се закануваа никому, не прави маневри на други граници. Не ми е јасно каде е спорна политиката на добрососедство кога Македонија е во прашање. Така што, ова е срамно што се случува и мислам треба јасно и гласно да се каже и целото општество треба да застане. Ако слушнам сега некој во Македонија да зборува дека ние самите сме си виновни, за ова што се случува, тој веројатно нема мозок и не знае што зборува", анализира Боцевски за Макфакс.
 
Нас никој не ни не прашува дали сакаме да влеземе или не

Не се согласувам! Да те потсетам, кога САД ја признаа Македонија под уставно име, во тек беше реферндумот против територијалната поделбана Македонија, кој неуспеа. Јас вечерта си бев на прославата што беше на плоштад, а после тоа си гласав против законот за територијална поделба. Никој не ми забрани да одам и да си го исполнам моето уставно право. Јас си носам одлука за мојата иднина. Сите можеа да го направат истото, исто како што требаше и другите да се приклучат кон протестите на АМАН.

Се` зависи од народот! Ако се побуни народот се` ќе биде поинаку.
 
Ме изненади пријатно Боцевски. Затоа за мене ова глупирање на ЕУ, НАТО, ОБСЕ, Албанци, Грци, Бугари има позитивно влијание на националната свест пред се на закржлавените Македонци.
Токму тоа Боце, се немаше мозок и кога се промени име, знаме Устав, Рамковен, Нова Територијална, но тука сме ние, вечните родољуби, постојано ќе ви го покажуваме патото, нашиот, иако е трнлив ние исправено си го одиме, боли ама и убаво ни е.
 
Туку.........
да беше малку од малку македонскиот народ по горд, по решителен ќе си излезеше денес на плоштад и ќе си прославеше за ова - што МК не е во ЕУ односно ќе ја поздравеше одлуката на Брисел -при тоа заблагодарувајќи им се на гнасите кои им ставаат сопки
Ќе им испратеа јасна порака (онака фино , со музика ...) дека народецов не мења ни име нит па сака влез во еу, а они нек си ебат матер и нек си најдат друга државичка да си се поиграваат со неа и да ја уценуваат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom