Македонија во Европска унија ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за влез на Македонија во ЕУ ?

  • Вкупно гласачи
    211
За ова дискутиравме и „гласавме“ на форумов во 2007 и 2008 година. Темата е тука.
Дали сериозно ни е потребна уште една ваква тема? И дали треба секоја година да дискутираме за истото?

Моето мислење е - не. Се согласувате да ја затвориме?
Темава е само за нервози и може да се затвори
 
Acid Не треба да се затвори темата. Ова не е прашање што еднаш се одговара за секогаш, барем не додека не сме влезени. Колку време помина од 2007 и колку работи се сменија? Сигурно има полно луѓе што си го смениле мислењето по ова прашање. Ако ме прашуваш мене, нема да биде премногу и ако се отвара една тема секоја година.

ОН: НЕ У ЕУ !!!
 
Не у ЕУ, причината е едноставна имаме повеќе направено за човекови права отколку сите членки заедно x2. Не би сакал, кога ќе влеземе во ЕУ да почне некое етничко чистење на било кое малцинство, како што е тоа случај во Франција со Циганите. Кога си во ЕУ, тогаш секое негодување од страна на Брисел тие како влегло во едното уво излегло од друго.
 
Jaс не гледам како би ни било полошо ако влеземе во Еу? Ова кај нас е дива лига.
Нормално никој од страна нема да дојде и да ни даде, не ни сакам да дојдеме до тој степен да молиме за милостина. Гледајте ги придобивките од таа заедница како ние би можеле да го искористиме тој пазар од 500 милиони луѓе, да ја направиме Македонија нормална земја во која пред се ке се почитуваат основните граѓански права.....
Ние немаме моќ да смениме некоја глобална политика затоа што сме капка во морето, моментално сме затворени во кафез, со стандард на афричка република, со мизерни инвестиции......
И ке ве молам не пишувајте како Грците биле мизерни, разликите помеѓу нас и Грција се неспоредливи, гледајте реално станавме црна дупка во Европа...
Со членство во ЕУ може само да имеме придобивки сфатете го тоа.
 
ЕУ не е конкурентна повеќе.

Кризата во ЕУ ќе биде долга, распаѓачка, конфликтна.

Ние под итно треба да влеземе во евроазиските интеграции кои ги води Русија.
 
Да сакаш да влезеш сега во ЕУ е исто ко да сакаш да се приклучиш на Југославија во 1990.

Аха, рајт.

Македонија треба да учи од земјите кои го одбраа патот на изолационизмот. Има уште такви, знаеме како котираат.
Или ќе ги пратиш геополитичките трендови, или некогаш ќе добиеш „милум или силум“ честитка.
ЕУ е реалност. Македонија мора да го зацрта патот за таму. Јас не велам дека ќе биде сјајно. Но, цела геополитичка структура на светот низ историјата е споебана, па нема таков „рај“.

И да, кога ќе се распадне ЕУ, јавете ми се. Слободно. Пошто, ко шо гледам, се се распаѓа, со години. Белгија, Италија, ЈУКЕЈ, ... само Македонија е вечна...

И со можност да одбира дали ќе оди или не во ЕУ...:icon_lol:
 
Гледајте ги придобивките од таа заедница како ние би можеле да го искористиме тој пазар од 500 милиони луѓе, да ја направиме Македонија нормална земја во која пред се ке се почитуваат основните граѓански права.....
И сега можеш да го искористиш тој пазар, како што странските инвестиции кај нас, затоа што имаме трговски договори со сите земји, проблемот е што ЕУ бара стандарди за кои требаат пари, дали си во ЕУ или не тоа е малку битно.
Тогаш ќе биде бетер, бидејќи кој ги шиша од Брисел, оти сме во ЕУ тек тогаш ќе биде анархија. Вака барем за тој пусти влез во ЕУ слушаме.
Пример, во Грција, Бугарија се почитуваат човековите права на малцинствата ? Не.
 
Аха, рајт.

Македонија треба да учи од земјите кои го одбраа патот на изолационизмот. Има уште такви, знаеме како котираат.
Или ќе ги пратиш геополитичките трендови, или некогаш ќе добиеш „милум или силум“ честитка.
ЕУ е реалност. Македонија мора да го зацрта патот за таму. Јас не велам дека ќе биде сјајно. Но, цела геополитичка структура на светот низ историјата е споебана, па нема таков „рај“.

И да, кога ќе се распадне ЕУ, јавете ми се. Слободно. Пошто, ко шо гледам, се се распаѓа, со години. Белгија, Италија, ЈУКЕЈ, ... само Македонија е вечна...

И со можност да одбира дали ќе оди или не во ЕУ...:icon_lol:
А Норвешка и Швајцарија се изолирани земји? Не
Слепото следење на трендови е како да одиш со врзани очи, може ќе поминеш добро, а може и да паднеш во провалија. Дека ЕУ може да се распадне, не, ама да се повлечат одредени одлуки, како на пример, Еврото, централизирањето на владите во една влада во Брисел и некој други чисто бирократски наметнати закони тоа би било пожелно
 
Норвешка и Швајцарија? Па и двете комуницираат со ЕУ на неверојатно високо ниво. На најбитното - free trade. Единствено што им стои црвената линија кога е во прашање слободниот проток на луѓе. А и со тек на време и тоа ќе стане формално. Уствари, и тоа е бе.
Само што не се de jure членки.

Цел свет се составува во блокови. Имаш Афричка Унија, Јужно Американска Унија, за NAFTA да не прајме муабет.
Завршена работа е тоа со централизирањето и други мадафака муабети. Globalisation will take it's tall.
Што се однесува до мене, уште утре да влеземе во ЕУ, најтаман ќе биде. Меѓутоа, уште е рано. За пет до седум години ќе се склопат условите за тоа, па потоа ќе се европеизираме.

А за да се европеизира, Балканот прво треба да се балканизира.
 
И сега можеш да го искористиш тој пазар, како што странските инвестиции кај нас, затоа што имаме трговски договори со сите земји, проблемот е што ЕУ бара стандарди за кои требаат пари, дали си во ЕУ или не тоа е малку битно.
Тогаш ќе биде бетер, бидејќи кој ги шиша од Брисел, оти сме во ЕУ тек тогаш ќе биде анархија. Вака барем за тој пусти влез во ЕУ слушаме.
Пример, во Грција, Бугарија се почитуваат човековите права на малцинствата ? Не.
Бара ЕУ стандарди неможе да се менуваат закони на секоја недела како ке им текне само за да прикријат некој криминал, неможе со вакво судство да очекуваш странски инвестиции. Остај ти малцински права тоа се живи глупости, зборам за основните човекови права кои важат за сите.
Гледај што се случува во Хрватска какви криминални скандали излегуваат на виделина, тука е најголемиот проблем на тие кои ги пуштаат овие тези.
И незнам од кај ти предвиде дека ке биде анархија? Барем ако е за утеха во ниедна земја членка на ЕУ нема диктарура тоа моментално треба да не радува.
 
Моментално во ЕУ, се сите десни националистички партии или ако не се на следните избори ќе ги добијат.
Бугарија влезе во ЕУ, влезе, судството се подобри, не, криминал не (нормално криминалци се на власт), значи не зависи од ЕУ дека тие работи ќе се сменат, основни човекови права и тоа нема да се подобри. Проблемот е што кога ќе влезеш во ЕУ, нема кој памет да ти соли, нема новинари што ќе добиваат пари од ЕУ фондовите за да развијат дебата за човекови права, бидејќи кога си во ЕУ тоа по автоматизам важи, како демек кај нас е подобро и од Шведска, шипинки.
ЕУ ви е слично како Југославија и таму бевме и кои беа најразвиени земји? Словенија и Хрватска, затоа што знаеја како да си побараат од колачот.
Ние не знаеме, нас да ни дадат пола светско богатство на располагање, ние нема да знаеме како да си го побараме, за тоа имаме крш автопати, железница што ни старо железо нема да отиде, едвај еден аеродром направивме т.е ни го направија, затоа Скопје е центар на Македонија, затоа што таков го направија во Југославија, се што треба и не треба е во Скопје.
 
За пет до седум години ќе се склопат условите за тоа
Оптимист си, ептен. Или под ова ќе се склопат условите мислиш ќе не внесат сите на шутеви и некој ќе го отплетка балканскиот јазол со меч?
 
Оптимист си, ептен. Или под ова ќе се склопат условите мислиш ќе не внесат сите на шутеви и некој ќе го отплетка балканскиот јазол со меч?

Федерализација и сецесија. Главните предуслови. Архе на сите услови - балканизацијата.
За тоа, второто изгледа :P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom