Понуди: Дочек на Нова година 2013

Статус
Затворена за нови мислења.
сигурен си дека не го помеша значењето на зборот пиратерија?

Не бе оти, две кутии петарди си ги пукам ко ништо, башка уште нешто земам зависи од тоа колку пари имам.
 
Не знам каде но знам со кого и знам дека за прв пат со нас ќе ја викаме и Mary Jane :D <3
 
Како да не заеби некој кога луѓе како тебе си прават по 100 планови и си го бираат најдобриот... а шо е со другите 99 шо ќе ги сјебеш?
Ние сме околку 10тина души или се делиме на 4-5. Баш поради тоа имаме повеќе опции. Не го бираме најдобриот туку го одбираме оној кој на сите ни одговара бидејќи доколку сме 10 души, обично изнајмуваме некој си објект и правиме нова година таму, а доколку бидиме 4-5души, ондак се збираме во некој ресторант и таму прославуваме (други опции нема, значи не се 100). Нормално е да се има површи опции уште од сега затоа што скоро секогаш кога се договаравме средината на Декември, знае да речат дека ќе идат , а уствари биле договорени на друго место. И 5 до 12 нив ги нема. Не дека мене ми смета што ќе одат на друго место, туку дека не кажуваат дека се договорени со други, туку се договараат со нас. И извини друже али кај нас во друштвото пасува оваа опција за секој вид на ваков ден, и незнам што ти е чудно што се договараме 1 пред Нова Година со 2-3 опции на ум.
 
Знам отприлика со кого, но сеуште незнаеме точно каде. Стан/куќа сигурно нема да биде бидејќи 7 години по ред све славам во стан или куќа, оваа година нема шанси :)
 
Не бе оти, две кутии петарди си ги пукам ко ништо, башка уште нешто земам зависи од тоа колку пари имам.
Во тој случај сигурно си мислел пиротехника . Sorry јазичар сум - професионална деформација . :D
 
Ќе славам со другари во едно село на Скопска Црна Гора.
Вака, порано за Нова година си викав: абе ајде, забава ко секоја забава што може да се организира секој ден у годината, небаре секој ден може да ни е Нова година (или попозната израка секој ден велигден).
Минатата и оваа година ми дојде свест како ќе славам, со кого и каде.
Односно, битно ми е каде ќе ја славам Нова година од причината:
Ако идеме у некој кафич каде ќе има прегласна музика, што немоеш да се слушнеш со тие што ти значат - односно со кого си одбрал да ја отпратиш старата година. И пола муабети ти отидоа у прегласна музика, журкање, алкохол и на крај беди и све останато што следи.

Битно ми е со кого ќе ја славам:
И да сум на најубавото место, све да има ќе ми биде бедно и мизерно затоа што ги нема луѓето кои ми се нешто во животот и кои ќе ми го направат отпраќањето на старата година со мерак. Па така и само грицки да има приложено нема да ми биде гајле.

Битно ми е како ќе славам:
Не планирам да се напраам камен, али ќе си пивнам колку да се расположам и свесно да уживам во моментот. Никогаш не сум се напраил дрво па да не се сеќавам што беше и како беше.

Тоа е тоа.
 
Веќе 2-3 години по ред викам заеби "прослави", и пак завршувам негде на мноогу лошо место.

Се надевам дека годинава нема така да излезе, туку ќе останам дома ко за промена.
 
Желба ми е да одам во Прага и се надевам ќе си ја остварам! :)
 
Желба ми е да одам во Прага и се надевам ќе си ја остварам! :)

Нема да зажалиш ако појдеш во Прага.. Јас бев минатата година таму и си поминав незаборавно поминав 4 дена со малку пари.. ја дочекавме на плоштадот и она нешто вреди да се види :D
 
Желба ми е во Виена ама оваа година предност им давам на Милано-Верона за 11.000 ден. :love:
http://www.savana.com.mk/default.as...01-4c1e-4565-b144-5348142110c6&menuID=1&mID=1

Во дискотека сигурно е 2000-3000 ден + облека 5000 ден не вреди за во дупка да се даваат толку пари. Она што ќе се види со окото е поубаво она она што ќе се изеде и испие. ;)

http://www.savana.com.mk/Default.as...1e-4565-b144-5348142110c6&ln=3&mID=1&menuID=1
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom