Незнаев дека е забрането мрчење, мислев дека ова е форум каде што секој може да си каде што мисли, нели?
Но сепак, тоа што сакав да кажам беше тотално друго.
Не читам ни Тајм, ни Дејли нити пак Плус24. Тоа што ме натера да искоментирам е нивниот циничен и безобразен пост т.е. одговор во кој што се замислуваат дека нивниот сајт е најдобар и сите други “порталчиња“ можат да им носат вода. Тоа што забораваат е дека нивниот сајт / агрегатор не е самостален туку е зависен од други сајтови т.е. портали. Ако тие се решат да го стопираат пристапот - тука ќе биде и крајот на Тајм, Дејли и останатите слични. Не им е издржан бизнис моделот.
Пошто може пак не е јасно, ќе земам неколку примери.
Твитер имаше отворена платформа и АПИ и секој можеше да направи ридер и да заработува, пошто наместо на оргиналната платформа, луѓето влегуваа на тие ридери. На Твитер тоа не му се виде логично и на крај ги купи најголемите 2 ридера и го ограничи пристапот до своето АПИ. Сите останати агрегатори на Твитер отидоа во ветер.
Фејсбук и Зунга. Зунга на времето беше цар на ФБ. Секоја нова игра беше попопуларна од предходната, секој ден се повеќе корисници имаа и не се гледаше крајот. Отидоа на берза и се беше розево. Еден ден, ФБ го смени алгоритмот што и како се појавува на зидот на корисниците и уште некои мали но значајни промени и Зунга тргна надоле. Ниедна нова игра не успеа да се искачи до каде што акционерите очекуваа и моментално акциите на Зунга го допираат дното.
Поука на приказната: немој да се силиш кога зависиш од друг!!!
Примерите ти се точни, ама неспоредливи со ова од тајм.мк.
Твитер стана популарен сајт само поради тие ридери и тоа што на крај ги откачи и им ограничи пристап до API-то не отсликува добра слика за Твитер како платформа што е одговорна пред своите корисници и развивачи на апликации. Сепак, Твитер повеќе не зависи од тие апликации, доволно е популарен самиот по себе и може да преживее и да биде профитабилен. Од друга страна развивачите на апликации останаа со празни џебови и/или се борат за профит.
Фејсбук стана популарен сајт еден голем дел поради Фармвил и сличните играчки на Зинга и исто на крај ја откачи и пак остави дури посилен впечаток од Твитер како платформа што не им е баш гајле за развивачите на апликации. И Фејсбук може да опстане, не знам само на колку голем рок и да биде профитабилен иако им паѓаат акциите, ама сигурно нема да пропадне утре. На Зинга акциите им паднаа вртоглави 74% од лани кога излегоа на берза.
Наспроти тоа,
На Дневник, Вест, Утрински им се ЗГОЛЕМИ читаноста поради Тајм.мк а со тоа и паричките што толку ги сакаат. Не гледам сценарио во кое Тајм.мк им придонесе некаков негативен ефект со тоа што им ги агрегира вестите. Па ако поради тоа што се сили му забранат пристап на Тајм.мк големите весници добиваат
помалите кои во никој случај нема да сакаат да се откажат (за да ги поддржат поголемите), бидејќи ќе добиваат ЗГОЛЕМЕНА посетеност (бидејќи ги нема поголемите), повеќе пари, а бидејќи веќе е популарен тајм.мк ќе продолжи да бележи профит.
Бенефитот е од двете страни во сите три случаи, ама си разбрал погрешно. Не дека Дневник, Утрински, Вест зависат премногу од Тајм, ама
ДОЛГОРОЧНО не добиле ништо плус со нивниот престој на Тајм како што добиле Твитер и Фејсбук со тоа што им помогнал некој друг да станат популарни. Ќе си продолжат со истите објавувања и истите посети како да ги немаат тајм.мк посетите за разлика од Твитер и Фејсбук кои добија долгорочно. Сигурно на 100% од читачката база нема да им текне да отвораат 10 весници за да прочитаат некоја новост, ќе отворат само 2-3 и тие можеби ќе имаат долгорочен профит. Ама кои ќе бидат тие 2-3? Зошто да земаат ризик и да се обединуваат со конкурентот кога не знаат кај кого ќе одат тие посети?
Дали ме сфаќаш сега?