Прилеп ќе добие модерна кино сала

  • Креатор на темата Креатор на темата BrunoFresh
  • Време на започнување Време на започнување
B

BrunoFresh

Гостин
Министерсвото за култура обезбеди 200.000 евра за опремување на новата кино-сала во Прилеп, која треба да биде готова во првото полугодие од идната година.

Кино-салата ќе располага со најсовремена дигитална опрема, а ќе биде сместена во адаптиран дел од Центарот за култура “Марко Цепенков”.

Според проектот, новата кино-сала, ќе биде една од најморедните во државава. Во минатото, Прилеп имаше две кино-сали, “11-ти Октомври” и “Работнички”, кои, иако за тоа време тие беа доста современи, сепак, со децении се нефункционални. Затоа, проекциите од филмовите засега се прикажуваат во салата од Центарот за култура, што е само времено решение.

(Видеото можете да го видите на странта во долунаведениот извор!)

Извор: Сител Телевизија


Мислам дека Прилеп конечно заслужуваше вакво нешто !
 
Почна политичката кампања, кино до избори, автобуска до избори, влезната авенија до избори, ма упм до избори !!!
Бев 1-2 оделение кога мислам дека работеше кино работнички, после стана магацин, па бинго па еве ВИП е 10 години може...
Во Цепенков големата сала не е за кино, а кај ќе е адаптиранава не знам точно зошто ако е големата тогаш стварно ќе треба голема инвестиција зошто кино не е училишни смотри...
 
Ова одамна требаше да се заврши али ај :)
Како и да е добредојдено е .
 
се надевам не е некој предизборен маркетинг
ако е ова вистина одлична вест за нас прилепчани
само да не каснат со премиерите на холивудските блокбастери и супер че биди :)
се надевам на IMAX :D
 
У кино моеш да фатиш женска,ако фатиш женска може да никне љубов,ако никне љубов ќе никнат дечиња..
Е така се дига наталитетна стапка,со кина.Не со Кина,ама со кина..< :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom