На убавицата , Медина што се вика ...
Трагите на сеќавањето далеку ме носат,
На своето минато низ призмата на судбината гледам,
Во гужвата голема , фрагмент од минатото скинат,
Го најдов бисерот, и љубовта на младоста ја следам.
Успомена најдрага , со ништо не извалкана,
Сета моја судбина, со неа е крунисана.
За убавицата станува збор, на која и нема рамна,
Што срце ми маѓепса, што љубовта ми ја пламна.
При првата моја средба со таа стројна арапска убавица
Ашик голем почуствував ,како Сулејман кон Белкиса кралица.
Медина и е името ... град на чесниот Небијј
Светла Медина , легло на нашиот Ресул.
На триесет години ја посетив ... кај неа дојдов,
Кај личотијата таа ,нетрпеливо итајќи појдов.
Ме прегрна задоволно и гостопримство ми даде,
А душата моја задоволна, нејзе и се предаде.
Со секој нов ден, љубовта се повеќе пламнуваше,
Кога трагите на Ресулот мој, насекаде ги гледаше.
Таму е тој... Мухаммед, Ебу Бекир .... Омер,
Таму се асхабите, Фатима и чесниот Умејр.
Таму е Ухуд , Хендек, Киблетејн, Куба,
Таму е Хамза покриен со земјината руба.
Во мислите често , скоро секој ден,
Пред очите слика, поглед убав,бисерен.
Мухаммедовата џамија со десет минариња,
Наполнета до крај со безброј сеџадиња.
Во нејзината утроба, мубарек тело лежи,
Него да го посети, секој му’мин се стреми.
Дури илјада пати во неа намазот е повреден,
Од намазот во друга џамија на време обавен.
Уште многу карактеристики во себе таа крие,
Но кој да ги каже сите, кој целосно да ги опише?
Да завидувам не смеам, но кога би смеел...,
На нејзините жители,зависен би тлеел:
На секоја капка вода, во неа што ја пијат,
На секоја капка пот, во неа што ја лејат.
Бидејќи горештините нејзини, на душата и годат,
Повеќе од жедниот,ладна вода кога му нудат.
Секое зрнце песок во Медина што го има,
На моето срце подраго му е од мојата татковина.
Разделбата со саканата,велат многу боли,
Но, разделбата со Тајјиба уште повеќе пори.
Како може нешто толку силно да се сака,
Некој ќе праша, и одговор за тоа ќе посака.
И најмалата ситница, спомените ги буди,
Кога ќе помислам на Медина, болка срцето ми нуди.
За нова средба, мојата душа копнее,
Ах тој копнеж мил,постојано што тлее.
Еден дел од мене сеуште во тебе живее,
Мухаммедов пустински бисеру … по тебе копнее!
Муса Аид