Вратен жив здрав, ај да шкртнам нешто повеќе.
Се лупнавме со друштвово уште од 6 прв ред и чекавме сат и пол до почетокот. И тогаш почна In The Flesh. Огнометите, механики на сцена и проекциите на ѕидот ме фрлија во транс првите 2 минути. Ко ме пушти првичната еуфрија почнав да пејам да викам, да шкрапнам неколку слики за спомен. Се ежев поголем дел од времето, не можев да се соземам дека пред мене стои член од Пинк Флојд и го изведува во живо еден од омилените албуми на сите времиња. Ме воодушеви целокупната прецизност и посветеност од Роџер и другите музичари, преку дечките шо ги работеа светлата и озвучувањето, до батето на кранот. Немам буквално никакви замерки. Неколку слики:
Деца од сиропиталиштата во Белград на Another Brick In The Wall pt 2
Goodbye Blue Sky
Слики на воени жртви пратени од луѓе. Се прикажуваа на пауза.
Доста се.
Вредеше секој денар, патот од 12 сати, чекањето пред арена. Дефинитвно најдобар концерт на кој сум присуствувал, by far.