Телефон vs. Телефон - Тема за споредби, искуства и препораки

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
Зависи за што ќе го користиш и што ти е најбитно кај телефонот? Камера, процесор, рам, изглед, батерија?
Земав Poco... Перформансите ми беа побитни, ваљда не згрешив:/

А Mi8 моментално нема по мобилариве...
 
Земав Poco... Перформансите ми беа побитни, ваљда не згрешив:/

А Mi8 моментално нема по мобилариве...
Со здравје да се служи, меѓу тие два дефинитивно подобар е на перформанси поко.
 
Гледав рецензии за Самсунг А7 дека нема опција за брзо полнење и дека звучникот вади лош звук. Дали новите серии како А40 и А50 се подобра опција?
 
Гледав рецензии за Самсунг А7 дека нема опција за брзо полнење и дека звучникот вади лош звук. Дали новите серии како А40 и А50 се подобра опција?
A7 2018 има многу подобри задни камери од А40, А50.
За звукот и А50 има тапа звук, ама онака е со сите нишани, дизајн, перформанси, брзо полнење, камерата ништо посебно.
 
A7 2018 има многу подобри задни камери од А40, А50.
За звукот и А50 има тапа звук, ама онака е со сите нишани, дизајн, перформанси, брзо полнење, камерата ништо посебно.
значи подобар е А7?
Тоа брзо полнење, препорачливо е или не
 
Гледав рецензии за Самсунг А7 дека нема опција за брзо полнење и дека звучникот вади лош звук. Дали новите серии како А40 и А50 се подобра опција?

А40 и А50 се ефтинурија, А7 ти е класа над нив во секој поглед, убав екран и камера, слаби перформанси имаат сите 3, али ако не играш игрици нема да имаш проблем.
 
значи подобар е А7?
Тоа брзо полнење, препорачливо е или не
Па добро е како не, иначе А7 е поквалитетна изработка, подобра задна камера како што реков, ама од друга страна има широки безели, гломазен е неубав во рака, А50 е што се вика скоро без безели, малку помал во димензии позгоден во рака, понов побрз чипсет и андроид итн.
Еве ги реална големина како излгедаат еден до друг

a50 vs a7 real size.PNG
 
шо е тоа безел?
 
Гледаш на сликата и што мислиш што е тоа што го има А7, а го нема А50? :D

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
гугле вика bezel - рамка. па најверојатно така би дошло на нашки.

а тоа што нема скоро ич рамка, не го прави поподложен на оштетувања екранот? баш на ивицата се најосетливи.
убаво изгледа ама колку е практично
 
бев во нептун го гледав и го споредував Samsung А7 со Hyawei Mate P20 Lite, иста цена се ама самсунгот поубав екран има дефинитивно. Само шубе ми е со нептун да не имаат чкљ стока за трета класа држави. Во Vip е 4 илјади поскап па зато сум во недоумица.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom