Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не ме сфати. Ни јас немам ништо против традицијата да се отвори тема кога ќе бидат објавени номинираните, само за тоа е уште многу рано - номинациите ќе бидат објавени на 10ти јануари 2013. Тоа е ОК, и нема никаква врска со оваа тема. Оваа ја отворив со цел да размениме мислења, линкови, информации во врска со филмовите за кои се прогнозира дека ќе бидат номинирани. Откако ќе се објават номинациите, тоа е веќе сосема друга етапа. А додека да бидат објавени номинациите јас би сакал да се обидам (тоа е моја традиција, и во последниве 4 години успевам да ја исполнам) да ги изгледам сите номинирани филмови.Прво, поголемиот дел филмови прво ќе излезат на Арена отколку кај нас на кино. Се разбира дека киното си е кино е таму треба да се гледа, кој може. Второ, многу филмови не се излезени сеуште.
Во секој случај, немам ништо против темава но ќе следи друга кога ќе бидат објавени номинираните, секоја година така правиме, традиција е. Немам ништо против ти да ја отвориш, само не заборавај да ставиш анкета за Оскар за најдобар филм, или ако ете се посреќи нашиот да влезе, анкетата ќе биде за таа категорија.
За MMMM, и јас мислам дека лани беше номиниран.
Јас мислам дека ќе ја имаОчекувам номинација на Ането за Лес Мис.
Се те сфатив, без гајле, нема никаков проблем. Само појаснив за другите дека ова не е темата која ја практикуваме, да нема забуни.Не ме сфати.
Човекот наречен храбростХаха, без Миланка нити темата е тема, нити Оскарите се Оскари...
#Ловот на добрата волја
Јас не сум толку многу убеден за Линколн. Повеќе мислам дека Argo ќе биде победникот за најдобар филм.Да, рано е, но и на невидено некогаш знаејќи ја Академијата можеш да претпоставиш што ќе влезе во најтесен избор. Јас типувам дека Линколн ќе земе Оскар за најдобар филм и дека Деј Луис ќе си го земе Оскарот, што верувам нема да биде незаслужено. Од сам трејлер знаеш дека ќе биде филмиште. Очекувам и Спилберг да добие номинација за режија.
Јас не сум толку многу убеден за Линколн. Повеќе мислам дека Argo ќе биде победникот за најдобар филм.
Човекот наречен храброст
Ама врв беше кога пред 2 год ги ругаше сите филмови и пукна од радост говорот на кралот кога зеде![]()
А "Django Unchained"? Предлог до Миланка - „Џанго одврзаниот“Абе годинава некако тапа се насловиве ќе нема со што да се смееме од Интерка
Лани во Манибол највеќе надеж имавме, ама не зезна не го преведе - Манибол си го кажуваше. Годинава нема ни на што да се надеваме.
Па затоа не се ни обидувамШто се правите па и вие манги, ај да ве видам преведете го виде Silver Linings Playbook без да звучите смешно.![]()
Низ другите европски држави го преведуваат некаде како - „Прирачник за оптимисти“, некаде како „Водич за среќен крај“. Можеш и „Сребрениот прирачник“ или „Прирачникот обложен со сребро“, ако сакаш буквално на македонски, ама за последниве две пак ме фаќа смеаАбе мене ми треба превод дека имам канал на Јутјуб со трејлери па им ставам македонски наслови, а за овој не знам како да го ставам. Ако некој знае најблиску што е точно до приказната нека ми каже![]()