Гасификација во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Количината на сегашните резерви на гас не е ама баш никаков фактор околу тоа за колку време на Земјата ќе снема природен гас.

На Земјата постојат безброј организми кои произведуваат секакви видови на гасови, вклучувајќи ги и луѓето, всушност, секоја депонија во светот е еден вид резерва на метан и ред други гасови, од кои луѓето со идеи и со пари можат да профитираат.

Така на пример, фабриката на БМВ во САД која ги произведува X3, X5, X6 и Z4 моторните возила, енергетски во целост се снабдува со електрична енергија произведена од гасни електроцентрали кои работат на гасови 100% обезбедени од депонии, со исклучок на бензините за возилата, тие сеуште не се достапни на депониите. :D

Така да, теоријата дека за 30 или за 300 или за 3000 години на Земјата ќе снема природен гас, паѓа во вода.

А кога сме кај гасификацијата во Македонија, повеќе од општо познато е дека некој ќе мора да профитира од таквата гасификација, претходната влада на Република Македонија во периодот од 2002 до 2006 година која конечно дочека судска пресуда која потврди дека Република Македонија е легитимен и единствен сопственик на ГА-МА, и со сиот здрав ум и разум, под претпоставка дека имало здрав ум и разум во луѓето во таа влада, му предложи на Макпетрол против кого со години се влечкаше по судови, заедно да ја делат сопственичката структура на ГА-МА.

Ова е повеќе од доволен доказ дека некој мора да профитира од било каква гасификација во Македонија, а тоа повеќе од доволно говори кога ќе дочекаме гасификација во Македонија - кога некој кој ќе профитира од истата таа гасификација, ќе се понуди како главен инвеститор во истата таа гасификација, или како главен изведувач на истата таа гасификација.

Веќе 2 години нашинците ни продаваат муда за бубрези велејќи дека Македонија ќе биде дел од гасоводот Јужен Поток.

Изградбата на Јужен Поток е планирана да започне најдоцна до крајот на 2012 година, а претходно мора да биде договорена и затворена конечната финансиска конструкција на инвестицијата.

Истата таа финансиска конструкција веќе е договорена, потпишана и затворена со Србија, Унгарија и со Словенија, наскоро се очекува да биде договорена, потпишана и затворена и со Бугарија и со Грција, учеството на Хрватска во целокупната инвестиција сеуште не е загарантирано, а Македонија и Црна Гора се спомнуваат како можни инвеститори, но не во главниот проект, односно, дури и да учествуваат Македонија и Црна Гора во Јужен Поток, сепак нема да бидат изградени посебни траси кои ќе поминуваат низ овие 2 држави, туку само кракови кои ќе ги направат овие 2 држави зависни од главните траси кои ќе поминуваат низ нивните соседи.

За Црна Гора најверојатно би се пуштил крак кој би транспортирал гас од една од засега 2 потврдени траси (кон Унгарија и кон Словенија) од можни 3 траси (третата кон Хрватска) кои би поминувале низ Србија, односно, Црна Гора би била зависна од тоа колку гас би и пуштила Србија.

За Македонија би се пуштил крак кој би транспортирал гас од една од 3 потврдени траси (2 кон Србија и 1 кон Грција) од можни 4 траси (3 кон Србија и 1 кон Грција) кои би поминувале низ Бугарија, или би можел да се пушти крак од трасата која би поминувала низ Грција, но и во двата случаи, Македонија би била зависна од тоа колку гас би и пуштила Бугарија или Грција, разликите околу тоа колку гас би ни пуштиле нашите соседи, би биле огромни за време на зимски студови.

Како и да е, едно е сигурно, со крак или без крак, дефинитивно низ Македонија нема да поминува ниту една траса од гасоводот Јужен Поток, со што по кој знае кој пат, нашинците оплескаа уште една шанса за современ гасовод, кој ќе транспортира гас од Русија - државата со најголеми резерви на гас во светот, да поминува низ Македонија.
Многу повероватно е пришируване на постоечкиот гасовод во моментот и на некоja от станциите да се отклони дел от гаса от Jжен поток и да се вкара во постоечкиот гасовод ком РМ, но реално да нема нов крак. Винаги постои и можност да се изгради нов крак,но тоj нема да е дел от Jжен поток.
--- надополнето: 14 ноември 2012 во 16:33 ---
Гасот по секоја логика ќе ја намали цената на струјата, ќе немаме потреба од увоз на скапа струја(а притоа да извезуваме :pos: ), па со тоа цената ќе биде постабилна, исто така и со изградба на нови хидроцентрални би требало да се реши еден проблем.
Гаса нема да повлиjaе на цената на струjaта. Тоа ти го гарантирам.:icon_lol:
 
За Македонија би се пуштил крак кој би транспортирал гас од една од 3 потврдени траси (2 кон Србија и 1 кон Грција) од можни 4 траси (3 кон Србија и 1 кон Грција) кои би поминувале низ Бугарија, или би можел да се пушти крак од трасата која би поминувала низ Грција, но и во двата случаи, Македонија би била зависна од тоа колку гас би и пуштила Бугарија или Грција, разликите околу тоа колку гас би ни пуштиле нашите соседи, би биле огромни за време на зимски студови.

Како и да е, едно е сигурно, со крак или без крак, дефинитивно низ Македонија нема да поминува ниту една траса од гасоводот Јужен Поток, со што по кој знае кој пат, нашинците оплескаа уште една шанса за современ гасовод, кој ќе транспортира гас од Русија - државата со најголеми резерви на гас во светот, да поминува низ Македонија.
Па добро побогу, како сите (буквално сите) кандидати на локалниве избори ветуваат „гасификација на ХХ општината„??!?

Извесно е дека подобро поскоро да си планирам централно греење со котел на пелети, гас извесно нема да има во догледно време (деценија/две?).


Но, не е подобар на еколошки план од струјата.
Пријателе, немој вакви лапсуси.
Електрична енергија е „почиста„ енергија од природниот гас само ако е добиена од обновливи извори како брани на водни акумулации, ветерни турбини, соларна енергија, итн итн.

Во Македонија, добар дел од електричната енергија се добива од согорување јаглен. Пример, термоелектраната РЕК Битола.
Замисли каква перверзија е кога таква струја се користи за загревање. Прво се гори јаглен за генерирање топлинска енергија и нејзино конвертирање во електрична енергија преку процес со исклучително мал процент на ефикасност на конверзијата... за потоа истата да се конверзира назад во топлинска, повторно со неефикасен процент на конверзија.
Ништо чисто нема во таква енергија.
 
Па добро побогу, како сите (буквално сите) кандидати на локалниве избори ветуваат „гасификација на ХХ општината„??!?

Извесно е дека подобро поскоро да си планирам централно греење со котел на пелети, гас извесно нема да има во догледно време (деценија/две?).

Никој не ги спречува ни локалните власти, ни централната власт, за да започнат гасификација на општините. Тие можат слободно да го започнат тоа веќе утре, под услов да имаат веќе подготвено конкретен проект за чијашто реализација ќе имаат однапред одвоено конкретни финансиски средства, како и конкретен изведувач кој ќе го реализира истиот тој проект.

Ако ние мораме да чекаме крак од Јужен Поток или од не знам каде, за да може да започнеме со гасификација на македонските општини, тоа е исто како да чекаме прво да пристигнат нови возови, па потоа ќе градиме железнички пруги по кои ќе се движат истите тие возови, тотално бесмислено е и воопшто не држи вода.

А кога сме кај греење на пелети, оваа зима 2012/2013 на мене ми е првата зима со греење со котел на пелети со моќност до 12 киловати. Котелот е поврзан со сите радијатори во 4 собниот стан, како и со бојлерот и секогаш кога котелот е вклучен, имам топла вода во бојлерот. Котелот можам да го оставам да работи постојано, или да му наместам тајмер во кој ден од неделата и во колку часот да се вклучи, како и во кој ден од неделата и во колку часот да се исклучи. Максималната температура која ја достигнува е 120 степени Целзиусови, но мене одлично ме служи и со температура до 50 степени Целзиусови (температурата на водата во цевките и во радијаторите, а не во просториите, се разбира). Во целост сум задоволен од грејната енергија која ми ја овозможува котелот, со исклучок на некои обврски околу одржувањето кои ги бара истиот:

- Потребата од чистење на котелот еднаш до два пати неделно;
- Потребата од чистење на издувната цевка еднаш до два пати месечно;
- Потребата од внимателно купување на чисти пелети, добар дел од македонските пелети се нечисти, содржат парчиња од дрво, кои иако се ептен мали, сепак можат да ја укочат спиралата која ги внесува пелетите од резервоарот со пелети во пламеникот, а ако спиралата е укочена, тогаш нема греење и единствено решение на проблемот е викање сервисери за да ја исчистат спиралата, зимава 2 пати ни се случи тоа, а бидејќи производителот на котелот е фирмата Милкуз од Охрид, и во двата наврати моравме да ги чекаме сервисерите да дојдат од Охрид во Скопје. Поради ова, повеќе не купуваме македонски пелети, туку купуваме српски пелети од Forest Enterprises, наводно се покалорични и подолго време горат, но лично не верувам во тоа бидејќи не ја забележав таквата разлика во споредба со македонските пелети, и со српските и со македонските пелети, една вреќа од 15 килограми гори за 8 до 9 часа, под претпоставка дека котелот ќе работи цело време, односно непрекинато, а го оставаме да работи по цел ден само кога температурите се екстремно ниски, а такви температури не сме имале од втората половина на јануари 2013 па наваму, поради што не го вклучуваме повеќе да работи по цел ден, изминативе 2 недели му го местиме тајмерот за да се вклучува во 5:00 часот наутро и за да се исклучува во 7:00 часот наутро, а преку ден немаме потреба за да го вклучуваме, ако на некој му треба топла вода за туширање, ќе го вклучиме бојлерот. Но дефинитивно српските пелети се чисти и кај нив воопшто не морам да проверувам дали има остатоци од дрво или некој сличен тврд предмет кој може да ја заглави спиралата на котелот. Македонските пелети, освен што се случува понекогаш да бидат нечисти, очигледно содржат и влага, бидејќи откако ќе го исклучам котелот и откако истиот ќе се олади, пепелта е стврдната во форма на камен, додека со српските пелети не ми се има случено ова.

Ако си подготвен/подготвена да ги вршиш овие обврски кои следуваат од користењето на котел на пелети, тогаш слободно купи си таков котел.
 
На пребарувачот во весникот Дневник отчукав „ гасификација “
Ми се појавија 39 написи во кој е спомнат овој збор, само во 2013 година.
Еве погледајте:
http://www.dnevnik.com.mk/default-m...=2013&yearTo=2013&btnSearch.x=0&btnSearch.y=2
Од почетокот на 2013 нема ни сто дена, Дневник не излегува во неделите, што значи дека секој втор ден во Дневник е пишувано за гасификацијата.
Тие написи содржат воглавно изјави на политичари кои ветуваат брза гасификација. Повеќето од тие политичари не објаснуваат што ќе се добие, Но има и ретки кој наведуваат дека наводно со гасификацијата ќе се постигнело:
- економски раст
- зголемена вработеност
- добивање на ефтин енергенс
- трошоци за греење помали за 50%
- намалена емисија на стакленички гасови
- ќе се задоволат многу бројните барања на граѓаните за гасификација
Политичари, политичари....
За среќа уште десетина дена ќе завршат локалните избори и политичарите „ ќе не заборават “, барем до следните избори.
Еве податоци за сегашните цени на природниот компримиран гас:
Цена која Регулаторна му ја одобри на Макпетрол - Пром Гас, за март 2013, заедно со ДДВ е 31,5022 ден/nm3
Одлуката за цената може да ја погледате:
http://www.erc.org.mk/odluki/PG-C-2013 03 14-ODLUKA CENA MAKPETROL PROM-GAS MART 2013.pdf

Инаку еден nm3 содржи околу 10 KWh топлинска енергија
 
Цена која Регулаторна му ја одобри на Макпетрол - Пром Гас, за март 2013, заедно со ДДВ е 31,5022 ден/nm3
Одлуката за цената може да ја погледате:
http://www.erc.org.mk/odluki/PG-C-2013 03 14-ODLUKA CENA MAKPETROL PROM-GAS MART 2013.pdf

Инаку еден nm3 содржи околу 10 KWh топлинска енергија
Добар е односот цена на гас топлинска енергија , или е лош образложи:)
 
Добар е односот цена на гас топлинска енергија , или е лош образложи:)
Цените на топлинската енергија кои Регулаторна ги одобри на Топлификација се дадени без ДДВ и тие цени се:
1 .Топлинска енергија на ниво на мерно место 2,6256 ден/kWh
оваа цена е без ДДВ. Лесно се пресмеува дека цената со 18% ДДВ е 3,0982 ден/kWh.
Ако се спореди ова цена со цената за еден kWh, која е добиен од гас (а тоа е 3,15022 ден/kWh.) испаѓа дека Топлификација има нешто пониска цена, што е надвор од секоја логика.
Меѓутоа Топлификација наплатува и некаква ангажирана моќност. Ангажирана топлинска моќност на ниво на мерно место се наплатува без ДДВ 893,5202 ден/kW/година
Еве од каде се овие цени:
http://www.erc.org.mk/odluki/Odluka za BEG Snabduvanje.pdf
Меѓутоа мерењето на Топлификација не е точно, се работи за измама со мерење. И тоа мерење покажува најмалку 70% повеќе од колку што е стварно потрошено.
Ако сакаш да пресметаш колку приближно, би те чинело затоплување на твојот стан за една грејна сезона со гас:
бројот на квадратни метри на затоплуваниот простор, помножи го со 11. На тој начин ќе добиеш колку nm3 гас ти се приближно потребни и таа вредност помножи ја со цената на гасот од 31,5022 ден/nm3
Еве со пример за стан од 70 м2 -
70 * 11 = 770 nm3 годишно ќе се потроши гас, што ќе чини
770 * 31,5022 ден/nm3 = 24257 денари годишно
Ако сакаш месечно подели со 12 месеци
24257 : 12 = 2021 денари месечно
Ова цена споредија со цената од фактурата на Топлификација и така прегледно ќе имаш колку ќе заштедиш ако преминеш на затоплување на гас
 
Медиумите се преполни со изјави на политичари за гасификациј, кој се далеку од секаква реалност.
Но да почекаме да „ помине “ овој галиматиас, па да објективно ја согледаме гасификацијата
 
Еве, на општо задоволство, заврши изборниот галиматијас, во кој политичарите ни ветуваа брза гасификација
Денес на http://www.build.mk/?p=24339, најдов дека Општина Чаир, ќе почне да бара консултантска фирма која ќе ја советува во процесот на гасификација и дека е објавен оглас за изработка на физибилити студија
Што значи работиве допрва ќе се разгледуваат, односно нема ништо од „ брзата гасификација ’
Мене галиматијасот за „ брзата гасификација “, ми асоцираше на Ленин, а сега ќе објаснам зошто.
Ленин во1920,одржал говор во кој рекол:
„Коммунизм есть Советскаја власть плјус электрификација всеј страны, ибо без электрификации поднјать промышленность невозможно “
( „ Комунизам е Советската власт плус електрификација на целата земја, бидејќи без електрификација не е можно да се подигне стопанството “)
Нашиве политичари и дадоа значај на гасификацијата, каква што Ленин дал на електрификацијата - а гасификацијата е нешто сосема друго.
Затоа, предлагам да се вратиме на темава.
 
На 11. 04. Регулаторна ги утврди цените за гасот за април.
Цената на гасот за април е:

Вкупниот надоместок кој што треба да го платат тарифните потрошувачи непосредно
приклучени на системот за пренос на природен гас, во согласност со став 4 и 5 на овој член, за
месец април од 2013 година изнесува 33,9753 ден/nm3
Целата одлука можете да ја погледате на:
http://www.erc.org.mk/odluki/2PG-C-2013 04 11-ODLUKA CENA MAKPETROL PROM-GAS APRIL 2013.pdf
Овој податок го постирам за да ја разбијам илузијата дека гасот е посебно ефтин.
Еден нормален кубен метар гас содржи околу 10 KWh, што значи еден KWh енергија чини околу 3,4 денари за еден KWh.
Но од оваа енергија, не може се да се искорист. Ако сметаме дека ќе се искорист 80%, цената на енергијата од гас ќе биде 4,25 денари за еден KWh.
Oва е повеќе од ефтината тарифа на струјата.
Скапата тарифа на струјата во моментов е 6,56 денари за KWh, а ефтината е 3,28 денари за KWh
Што значи „ приказна “ е дека со гасификацијата ќе се добиела ефтина енергија.
Гасот има одредени предности - но цената не е негова предност.
Истото може да се види ако се споредат цените на гасот и мазутот - ќе ја споредиме цената на гасот без ДДВ

Цената на гасот во кој не е содржан данокот на додадена вредност изнесува 28,7926 ден/nm3. Што значи еден KWh енергија во вид на гас чини 2,88 денари
Малопродажната цена на мазутот со сите давачки, ДДВ и акцизи е 42, 471 денари за килограм.
Килограм мазут содржи околу 12 KWh енергија, што значи еден KWh енергија од мазут ќе ве чини 42,471 : 12 = 3,54 денари за KWh
.

Ako ги споредиме цените на мазутот и гасот:
3,4/3,54 = 0,96 - гасот е 4% поефтин од мазутот.
Уште по драстична разлики на цени се добива ако се споредат цените на гасот без ДДВ и рафинериската цена на мазутот ( за мазутот се плаќа и акциза )
Рафинериската цена на мазутот е 34,73 денари за килограм. Можеме да пресметаме колку чини еден KWh енергија од мазут
34,73 : 12 = 2,89 денари за еден KWh
Цената на гасот, веќе пресметавме, без ДДВ е 2,88 денари за еден KWh
Што значи цената на мазутот и гасот се потполно еднакви.
Цените на Мазутот се од овде:
http://www.erc.org.mk/odluki/ND-C 08 04 2013 - ODLUKA ZA CENI NA ND so obrazlozenie.pdf
Ете ова е точна пресметка и секој може да ја провери, а она што го ветуваа политичарите во предизборниот галиматијас е галиматијас.
 
Како, што и претпоставуваме, со завршувањето на предизборните кампањи, завршија и вестите околу брзата гасификација.
Единствено во Фактор најдов вест дека Општина Карпош ќе ангажира експерт од Германија како консултат.
http://faktor.mk/archives/43188?utm...%b5%d0%ba%d1%81%d0%bf%d0%b5%d1%80%d1%82%d0%b8
Прелагам да оваа тема и неколку теми кој се со слична тематика да ги споиме во една тема
 
Русија ште финансира на 100% јужен поток на територија Србију со вредност од 1.7 милиарди долара. И штто ке остане за Србија - една заровена тр'ба и транзитни такси ама после 50г.
 
МАКЕДОНИЈА И РУСИЈА ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА ЈУЖЕН ТЕК



getImageThumbnail.axd
Македонија го потпиша договорот со Руската Федерација за соработка во изградбата на гасоводот Јужен тек, со што е остварена стратешка цел за обезбедување енергетска иднина на земјата. Македонија се вклучува со крак, а од каде ќе се гради дали од Србија или Бугарија треба да одлучи Газпром.

Договорот од македонска страна го потпиша вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, a oд Руската Федерација министерот за енергетика Александар Валентинович Новак. На потпишувањето присуствуваа и претставници на руските енергетски компании Газпром и Стројтранс гас.

Договорот, како што е обострано оценето, е добра основа за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји.

По извесен период на преговори и подготовки конечно денеска се потпиша овој договор и тоа е одлична вест за Република Македонија во смисла на обезбедување енергетска стабилност на долг рок, обезбедување доволни количини гас и понатамошен развој на гасната инфраструктура во Македонија, односно продолжување на цевководот до другите градови, изјави премиерот Груевски по потпишување на договорот во Москва.
Очекува проектот да влијае и на дополнително зајакнување на политичко-економските односи на Република Македонија со Руската Федерација и е резултат на пријателството и позитивниот тренд во билатералната соработка.
Груевски истакна дека во моментов има гасовод само од бугарската граница до Скопје, а сега се создаваат предуслови за понатамошни чекори во правец на изградба на цевковод и разгранување низ другите градови. Посочи дека за тоа се почнати прелиминарни чекори, односно Министерството за транспорт и врски на Владата на Република Македонија склучи договор со компанија која прави физибилити студија за секундарна гасификација што значи гасификација во градовите. Како што посочи, потпишан е и договор за нови огромни количини гас.
Јужен поток веќе почна да се гради, се очекува до 2015 година да се изгради во морскиот дел меѓу Русија и овој дел на светот, а подоцна да продолжи и најдоцна до 2018 година целосно да биде завршен, така што од тој аспект ова е значаен голем чекор за Република Македонија, потенцира Груевски.
Тој најави дека се очекува до октомври да се потпише договорот со Стројтранс гас, за што е веќе дадена согласност за текстот на договорот од нивна страна, остануваат уште постапките во министерствата во Владата на Руската Федерација.
Сега разговаравме и околу тоа со министерот за енергетика и неговите надежи се дека до октомври ќе се потпише и договорот со Стројтрансгас, така што тоа ќе значи дека по потпишување на тој договор ќе може да почне градбата на внатрешната инфраструктура, односно мрежа на цевковод за пренос на гас до другите градови во Македонија, истакна премиерот Груевски. Овој договор, како што нагласи, претставува еден дел од севкупната градба на гасоводната мрежа во Македонија и е на некој начин исплата на клириншкиот долг на Советскиот сојуз кон Македонија за да се затвори тоа прашање.
Според него, потпишувањето на денешниот договор е клучно, затоа што ги обезбедува новите количини гас за да се гради цевковод за гасна мрежа внатре во земјата.
Вицепремиерот Ставрески потенцира дека се успеа во напорите Македонија да се вклучи во овој проект иако на почетокот таа не беше составен дел на Јужен тек.
Се покажа дека работата, залагањето и напорите на Владата вродија со плод и среќен сум што успеавме да го потпишеме овој договор и да започне процесот на гасификација на Република Македонија со условите што се создадени со овој Договор, истакна Ставрески. Тој додаде дека на тој начин сите македонски домаќинства, но и индустриските капацитети ќе можат во иднина да дојдат до природен енергенс, до гас, што е значајно за економскиот развој на Република Македонија, значајно е за привлекување нови странски инвестиции, но значајно е и за домашните инвеститори, бидејќи, како што додаде, на тој начин ќе се овозможи поголема конкурентност на македонските фирми, на македонското стопанство, а со тоа нови инвестиции и отворање на работни места.
Министерот за енергетика на Александар Валентинович Новак истакна дека Руската Федерација ги поздравува постојаните заложби за приклучување на Македонија кон овој проект кој е од исклучително значење како за Руската Федерација, така и за државите од европскиот континент, заложба која резултира со денешното потпишување.
Тој потенцира дека овој договор е плод на искрените и пријателски односи меѓу двете држави кои демонстрираат одговорност за потребите на граѓаните. Тој истакна дека Јужен тек веќе почна да се гради, а планот предвидува до 2015 година да се изгради морскиот крак под Црното Море до Југоисточна Европа, а до 2018 година тој проект целосно да биде завршен.
По потпишувањето се одржа средба помеѓу претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и министерот за енергетика на Руската Федерација, Александар Валентинович Новак.
http://kapital.mk/MK/makedonija/96200/makedonija_i_rusija_potpishaa_dogovor_za_juzhen_tek.aspx
 
Собранието го ратификувало договорот за Јужен ток
Пратениците се искарале.
Еве на Тајм мк повеќе написи
Многу се интересни нашиве весници, пишуваат за кавгите на пратениците, а ништо не пишуваат за договорот
Еве погледајте:
http://www.time.mk/?q=gas&search=news
 
Не знам дали следите...
Во соседна Србија, претпријатието Србијагас е во огромни загуби, изгледа има и криминал и му се заканува банкрот
Според мене тоа е последица на фактот што тамошните топлификации трошат гас за затоплување.
Гасот е скапо и племенито гориво, кое може да се употребува во индустријата, металургијата, транспортот....
А за затоплување се потребни ефтини горива
Среќа што во Македонија постои само скопска топлификација
http://www.politika.rs/rubrike/Hronika/Policija-usla-u-Srbijagas.sr.html
http://www.politika.rs/rubrike/Hronika/U-Srbijagasu-sporne-javne-nabavke-i-advokatske-usluge.sr.htm
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom