Ќе се намали емитувањето на турски серии?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
ЌЕ МОРА ДА СЕ НАМАЛАТ ТУРСКИТЕ СЕРИИ – ИЗЈАВИ МИНИСТЕРОТ ИВАНОВСКИ

Министерот за информатичко општество, Иван Ивановски, изразува чест кон турските телевизии и продукции, но смета дека доволно било 500 години под турско ропство, време е наместо турските телевизиски серии на телевизиите да се стимулираат македонски серии, информира ТВПакет.
„Наскоро ќе започнеме со јавна дебата за новиот Закон за медиуми кој предвидува нови регулативи. Со нив на жал на понежниот пол, дел од тие емисии коишто се сега кога да вклучиш канал, било тоа да е Ифет, Езел, Илјада и една ноќ или Величенствниот, Кога лисјата паѓаат, Имотот на дамата или ред други ќе бидат намалени. Ќе се бара 30 проценти од емитувањето во клучните часови од 8 наутро до 20 часот навечер да биде македонско производство. 40 проценти во 2014. година, дури 50 проценти во 2015. година. Со тоа ќе се стимулира македонската продукција“, изјави Иван Ивановски.
ТВПакет
Извор.
Како што можете да прочитате од изјавата на министерот, се спрема закон кој ќе бара 30 проценти од емитуваната програма да биде од македонско производство, со што ќе се намали процентот на окупацијата што ни се случува моментално со секакви серии.
Се согласувате ли со оваа мерка?
Што мислите, дали ваков закон би помогнал за производство на квалитетни македонски емисии и серии или пак сметате дека нема потреба од вакви промени?

Што би предложиле вие лично?
 
Мислам дека ако го изгласаат овој закон вмро паѓа на следните избори :icon_lol:
 
Да да и можда некогаш ќе биде, ако не оваа година др па ич. (n)

Мада све е супер вака на зборови ама на дела малце потешко ќе и оди, инаку е многу подобро да има нешто наше на телевизија отколку турските серии :)
 
Убаво замислено но тешко изводливо. Македонската продукција е многу слаба (нема финансии мал пазар) па ке не бомбардират со некои глупи квизови, контактни емисии или емисии од стилот на женски оркестар.
 
Емитувањето на срање програма нема да се намали со ваков закон, ќе се укине ако се дозволи пиратерија т.е се врати телевизијата на ниво од 90-тите.
Секој знае што е добро да се пушти на телевизија, секој знае што е добар филм, а што добра серија за да оди на телевизија, само пари се нема.
 
море не би ги намалил...туку скрос би ги укинал заедно со Сител и со Канал 5 да се прашувам јас
ама тука има мал милион други работи каде што не сме моќни и каде политиката владее
барем да му дозволат само по една да емитуваат...
 
Убаво, а со што ќе бидат сменети? Со МНП? Со Волшебното самарче? Златно славејче?
Набројаните се класика, но е реемитувана илјада пати. Македонија нема доволно јака продукција, или истата не може да си најде место во медиумскиот простор од турски/индиски/бугарски/српски/клингонски серии
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom