Договорите со операторите ќе се раскинуваат без пенали ?

  • Креатор на темата Креатор на темата POS-51
  • Време на започнување Време на започнување

POS-51

Infinity Driver
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.411
Поени од реакции
445
Локација
Помеѓу Кулерот и Процесорот
Мислам дека нема ваква тема, ако има потреба и ако не и е местото за тука нека се премести.

Бавна интернет-врска, губење на мрежата на мобилниот или често менување канали на кабелската телевизија се причини поради кои корисниците можат да се откажат од некоја услуга

Бавна интернет-врска, честа промена на каналите на кабелската телевизија или прекинат мобилен повик поради немање мрежа, за сите овие проблеми корисниците ќе можат да ги раскинат договорите со операторите без да им платат пенали. Ова им го овозможува новиот правилник на Агенцијата за електронски комуникации, со кој на операторите и на давателите на електронски комуникациски услуги им се наметнува минимален квалитет на мрежата кој мора да им го овозможат на крајните корисници. Правилникот е веќе во сила и во тек е јавниот повик за набавка на нова мерна опрема со која ќе се испитува квалитетот на услугата.

- Во правилникот се наведени сите услови и определени се техничките параметри кои операторите и давателите на електронски комуникациски услуги ќе мора да ги исполнуваат. Исто така, во договорите на корисниците со операторите ќе мора да бидат дефинирани сите услови под кои се продава одреден пакет со услуги, како брзината на интернет-пристапот, бројот на телевизиските канали, количината на податоци за пренос и слично. До крајот на годинава ќе ја набавиме софистицираната мерна опрема и нашите инспектори ќе ги контролираат параметрите и оние оператори што нема да ги исполнат, ќе бидат санкционирани - вели Роберт Орданоски, директор на Агенцијата за електронски комуникации.

Се очекува измената на регулативата да ја унапреди конкуренцијата на пазарот, а истовремено да се засили заштитата на крајниот корисник од операторите на мобилната и на фиксната телефонија, интернетот и кабелските телевизии.

- Нашите инспекциски тимови ќе бидат на терен и ќе мерат дали се исполнуваат наведените услови, но и самите оператори ќе мора да доставуваат месечни извештаи. Санкциите значат дека корисниците ќе може да го раскинат договорот со мобилниот оператор без притоа да платат пенали доколку не се задоволни од квалитетот на услугата што ја добиваат, односно ако таа е надвор од пропишаните минимални услови што треба да ги исполнува. Ако имаат каков било проблем, граѓаните ќе треба да ни се обратат. Во таков случај, ние ќе ги земеме сите записи од операторот и ќе утврдиме дали разговорите се прекинуваат поради немање мрежа. Во тој случај, операторот ќе биде санкциониран, односно корисникот ќе може да го раскине договорот без да плати пенали за тоа - изјави Ордановски.

Според него, новиот правилник ќе овозможи побрз развој на електронските комуникации во земјава.

МарJан Блажевски

Извор

Мислам редно време беше да се контролираат операториве, а не во договор ти пишува едно, а во реалност сосем различно. Не може плаќам фиксна телефонија на Близу, а не можам да пријавам технички проблем, ни интернет имам ни телефон, и шо ја должен сум од мобилен да се јавувам и да пријавува и плус да плаќам.
 
За некого е можеби ова небитно - ситница, ама за мене како човек кој поминува завиден дел од денот на интернет, ова е одлична вест!

Нека дојдат после да ми викаат, работиме на проблемот и 2 недели исто да биде :icon_lol: само уште оптикава од T-Home да стане по-достапна, не дека сегашниот интернет не ми чини, ама 50 мегабита аплоад е страшно добра опција, ако се спореди со 1 мегабајт.
 
Одам т-хоум, земам iPhone за 0 денари на 3600 претплата, одам утредента и го раскинувам договорот затоа што не сум задоволен од квалитетот на услугата.

Ако ова стапи на сила, тешко дека некој оператор ќе дава поволности за т.н. постпејд договори.
 
да раскинеш договор без пенали,ќе може да се направи без одредана причина или ?
 
Одам т-хоум, земам iPhone за 0 денари на 3600 претплата, одам утредента и го раскинувам договорот затоа што не сум задоволен од квалитетот на услугата.

Ако ова стапи на сила, тешко дека некој оператор ќе дава поволности за т.н. постпејд договори.

Ехеее, да бе, тоа нема да биде туку така. Како што читаш во текстот, ќе имаш право да раскинеш договор само доколку операторот не го исполни тоа што е наведено во договорот. Ако тебе лично од икс причини не ти се свиѓа нивната услуга, тоа е твој проблем и немаш право да раскинуваш ништо.
 
Одам т-хоум, земам iPhone за 0 денари на 3600 претплата, одам утредента и го раскинувам договорот затоа што не сум задоволен од квалитетот на услугата.

Ако ова стапи на сила, тешко дека некој оператор ќе дава поволности за т.н. постпејд договори.
многу се ку*чиш, ќе ти го земат и готово
 
па во кој договор стои ,пример кој канали ќе ти ги емитува, немаат ништо наведено во договорите,така да не ми јасно баш,плус кој ќе проверува ,кај секој дома ли ќе одат,не ми се верува.
 
па во кој договор стои ,пример кој канали ќе ти ги емитува, немаат ништо наведено во договорите,така да не ми јасно баш,плус кој ќе проверува ,кај секој дома ли ќе одат,не ми се верува.

Toa агенцијата ќе го провери откако корисникот ќе поднесе жалба, а во договорите се е напишано што добиваш, барем во Близу е така.
 
Тешко Blizoo сега... Иначе според јавувањата во АЕК и жалбите ќе биде. Не може туку така вие да си раскинете, треба да се докаже прво.
 
знам дека ти ги простуваат пеналите ако евентуално реактивираш договор во наредни 2 години
 
па во кој договор стои ,пример кој канали ќе ти ги емитува, немаат ништо наведено во договорите,така да не ми јасно баш,плус кој ќе проверува ,кај секој дома ли ќе одат,не ми се верува.
на пример во договорот за 3 Макс стои дека пакетот вклучува броjка од над 80 канали (пример) а ние имаме испод 80
 
А најубаво е секаде да е без договор како кај Телекабел и ќе нема потреба од вакви глупусти и контролирања на операторите.
Не им текнало на Близу, Вип и Т-Хоум ако сакаш да си без договор треба да плаќаш повисока цена.
Со ова операторите пак ќе заебаваат. Ќе викаат интернетот ти е слаб до твојот компјутер е полн е со вируси.
Не верувам дека така лесно ќе раскинуваат договори на кој кога му текне.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom