Новогодишни понуди од нашите агенции

  • Креатор на темата Креатор на темата Пепси_
  • Време на започнување Време на започнување
П

Пепси_

Гостин
Се ближи Нова година,па каде и да е веќе ќе почнат и агенцииве со новогодишните понуди за дочек на новата година во некои од европските и балканските држави/градови.

Тука може да даваме информации доколку сте биле некаде надвор од државата за дочек на новата година,позитивни и негативни работи за тоа место,совети што да се посети,каде да се престојува и сл.
Исто така доколку "начекате" некоја интересна понуда,слободно споделете ја тука,можеби на некој ќе му користи.

:)
 
Ги гледав Новогодишните понуди од Далас Унион. Ако има некој патувано со нив, нека сподели искуство.
 
Ги гледав Новогодишните понуди од Далас Унион. Ако има некој патувано со нив, нека сподели искуство.

Токму темата е баш за тоа,сподели ги понудите овде да видиме што се нудат. :)
 
http://www.savana.com.mk/default.as...01-4c1e-4565-b144-5348142110c6&menuID=1&mID=1
Еве нешто комбинирано од Прага-Дрезден-Братислава околу 200 евра.


Мене повеќе ме интересира некоја понуда само за прага,сакам да ја шетам само неа 3-4 дена.

http://supertravel.com.mk/arrangement.aspx?id=242 кавадаречка агенција која нуди само за прага.....конечно најдив и ваква понуда :)


Уште некој да се најде да каже како е да се мине новата година таму.
 
Програма:
1 Ден 29.12.2012 СТРУМИЦА/СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ
Поаѓање во 18.00 часот од Скопје /20.00 часот Струмица. Патот води преку граничниот премин Богородица и Република Грција. Ноќно возење со попатни одмори.
2 ден 30.12.2012 ИСТАНБУЛ
Пристигнување во раните утрински часови. Панорамски разглед на градот, слободно попладне со можност за шопинг во прочуените Капали и Аксарај чаршија. Сместување во хотел. Индивидуална посета на трговскиот шопинг центар HISTORY. Предноводишна забава со ориентална програма и традиционална турска вечера. Ноќевање.


3 ден 31.12.2012 ИСТАНБУЛ
Појадок. Панорамско разгледување на градот со водич: Хиподромот, Sultanahmed – Сината џамија, Римскиот аквадукт, мостот Галата, дворецот Долмабахче Сарај – последната резиденција на Отоманската Империја, Плоштадот Таксим Сарај, Уневерзитетот. Попладнето факултативна посета на Аја Софија и Топкапи. Дочек на Нова Година на плоштадот Таксим или во национален ресторан. Ноќевање.
4 ден 01.01.2013 ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот факултативно крстарење по Босфор и единствена можност за панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот (Како прочуената Кула на Девицата (Maiden’s (Leander’s) Tower), изградена во 408 пред новата ера - еден от симболите на Истанбул, Црквата „ Hagia Irene” - најстарата византиска црква во градот ), како и пловење под мостовите кои ги поврзуваат - Европа и Азија, факултативна посета на палатата Долма Бахче. Слободно предпладне се до поаѓањето за Македонија. Патот води преку Република Грција со попатни одмори.
5 ден 02.01.2013 ИСТАНБУЛ- СТРУМИЦА / СКОПЈЕ
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

ЦЕНА : 7.100,oo денари

Во цената на аранжманот е вклучено
* превоз со високо туристички автобус (кафе, сок, вода, чај)
* две ноќевања со појадок во хотел со 3*во Истанбул
* разгледување на Истанбул со локален водич
* водство и организација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено :
* Предновогодишна турска вечера во ресторан (30 € - резервација во агенција)
* свечена новогодишна вечера - (65 € резервација во агенција)
* факлутативна посета на Долма Бахче Сарај - 25 €
* влезници за културно-историските споменици.
* крстарење по Босфор - 15 €
* патничко здравствено осигурување (230 ден)
417066_499411743423302_1674750361_n.jpg

 
Ги гледав Новогодишните понуди од Далас Унион. Ако има некој патувано со нив, нека сподели искуство.

Има некој патувано со овие или тешко?
Некој друг да сподели нешто за Нова Година?
 
Има некој патувано со овие или тешко?
Некој друг да сподели нешто за Нова Година?

Јас сум таков тип што сакам да шетам за нова година,отколку да кмишам во некоја дупка. Лани бев во Виена, и си поминав одлично,оваа година кус сум со финансии па ваљда ќе одморам,а планирав да одам во прага пошто сите ја фалат.

50 евра не би дал да седам и да слушам турбофолк,додај уште 50/100 евра и ете ти тоб провод настрана.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom