Програма:
1 Ден 29.12.2012 СТРУМИЦА/СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ
Поаѓање во 18.00 часот од Скопје /20.00 часот Струмица. Патот води преку граничниот премин Богородица и Република Грција. Ноќно возење со попатни одмори.
2 ден 30.12.2012 ИСТАНБУЛ
Пристигнување во раните утрински часови. Панорамски разглед на градот, слободно попладне со можност за шопинг во прочуените Капали и Аксарај чаршија. Сместување во хотел. Индивидуална посета на трговскиот шопинг центар HISTORY. Предноводишна забава со ориентална програма и традиционална турска вечера. Ноќевање.
3 ден 31.12.2012 ИСТАНБУЛ
Појадок. Панорамско разгледување на градот со водич: Хиподромот, Sultanahmed – Сината џамија, Римскиот аквадукт, мостот Галата, дворецот Долмабахче Сарај – последната резиденција на Отоманската Империја, Плоштадот Таксим Сарај, Уневерзитетот. Попладнето факултативна посета на Аја Софија и Топкапи. Дочек на Нова Година на плоштадот Таксим или во национален ресторан. Ноќевање.
4 ден 01.01.2013 ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот факултативно крстарење по Босфор и единствена можност за панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот (Како прочуената Кула на Девицата (Maiden’s (Leander’s) Tower), изградена во 408 пред новата ера - еден от симболите на Истанбул, Црквата „ Hagia Irene” - најстарата византиска црква во градот ), како и пловење под мостовите кои ги поврзуваат - Европа и Азија, факултативна посета на палатата Долма Бахче. Слободно предпладне се до поаѓањето за Македонија. Патот води преку Република Грција со попатни одмори.
5 ден 02.01.2013 ИСТАНБУЛ- СТРУМИЦА / СКОПЈЕ
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
ЦЕНА : 7.100,oo денари
Во цената на аранжманот е вклучено
* превоз со високо туристички автобус (кафе, сок, вода, чај)
* две ноќевања со појадок во хотел со 3*во Истанбул
* разгледување на Истанбул со локален водич
* водство и организација на програмата
Во цената на аранжманот не е вклучено :
* Предновогодишна турска вечера во ресторан (30 € - резервација во агенција)
* свечена новогодишна вечера - (65 € резервација во агенција)
* факлутативна посета на Долма Бахче Сарај - 25 €
* влезници за културно-историските споменици.
* крстарење по Босфор - 15 €
* патничко здравствено осигурување (230 ден)