Sungerot Bob
Живеј го животот
А ако некој/а цел живот не се жени/ мажи? Цел живот данок ќе плаќа? 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
А ако некој/а цел живот не се жени/ мажи? Цел живот данок ќе плаќа?![]()
По мое воопшто не треба да плаќа, а по крадачко ќе плаќа додека не се земе...... али сепак да прашамВака по твое, шо мислиш?
Јас разбирам даночно ослободување како мерка за стимулирање наталитет, од постоечките даноци со кои е оптоварена една плата, али даночно оптоварување за зголемување наталитет тоа само Македонец може да го испали. Од кога им се стави акцент на пензионериве тотално полудеа или луди биле одсекогаш само сега почесто ги приметувам.
Или пак, да залепам на некоја бандера оглас за да најдам некого на 35 години, па за заеднички интерес да се венчаме?
40% од ПРОСЕЧНАТА плата, колку му доаѓа тоа, 110% од РЕАЛНАТА што ја зема 70-80% од населението?
Ма ни денар бе, кој е тој што си зема за право уште приватен живот да се меша мамето негово. Абе до каде со вакви глупости, да ти ибам вукојебината![]()
Јас разбирам даночно ослободување како мерка за стимулирање наталитет, од постоечките даноци со кои е оптоварена една плата, али даночно оптоварување за зголемување наталитет тоа само Македонец може да го испали. Од кога им се стави акцент на пензионериве тотално полудеа или луди биле одсекогаш само сега почесто ги приметувам.
Да имаш право и никој не те сили да се жениш/мажиш.Еден мал паричен трошок да се пополнат дупките во пензиските и здравствените фондови за кои со твојот животен стил ќе придонесеш.Не те тера никој да се жениш или мажиш ако не сакаш.Па, некои луѓе решиле да живеат сами. И што сега? Па возрасни луѓе се, леле! Имаат право да одлучуваат за својот живот.
Што се нема да измислат?
Да имаш право и никој не те сили да се жениш/мажиш.Еден мал паричен трошок да се пополнат дупките во пензиските и здравствените фондови за кои со твојот животен стил ќе придонесеш.Не те тера никој да се жениш или мажиш ако не сакаш.
Ти со самото тоа што си се одлучил на таков животен стил не придонесуваш за државата,а таа има право да бара тоа да се компензира некако.Моментално да, придонесуваш плќајќи даноци,но за во иднината ти си обичен трошок што туѓи деца ќе мора да го издржуваат.И тоа што ти нема да направиш дете/деца некој друг ќе мора да се жртвува и да направи 1 екстра за да те покрие тебе и твојата себичност.А бидејќи тоа нема да се случи некој ќе мора да го плати тоа и да покрие.
Не дека се согласувам премногу со ова,но дека има логика и тоа како има.40% од платата и данок само за тие што не се во брак е дебилизам.Треба за тие што не се родители.....има голем број на самохрани родители и луѓе во брак што немаат деца.Со ваков закон ќе се удри по првите,а не по вторите што е ептен дебилно.
луѓе во брак што немаат деца.
Ете заборавив тоа да го спомнам како уште една отежнителна околност за еден ваков закон.Пред да го пишеш ова, ти паднало ли на памет дека поголемиот дел од овие брачни парови не можат да имаат деца.