Данок за ергените над 35 години и момите над 30 години ?

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Во нормална држава би се преземале мерки кои не се контрапродуктивни. Македонија во никој случај не е Швајцарија. Со 200 евра плата колку што е просек во МК пола одвојуваш за сметки, кирија, храна, други трошоци. А како што пастирот со владата донесува уште деморализирачки закони кои само мотивираат што повеќе и повеќе млади да бегаат од оваа септичка јама ваков закон да се донесе ќе биде капка која ќе ја прелее чашата (а ако не биде тоа, тогаш ЕВН со зимското поскапување и Топлификација).

1.Интелекту, кажи ми, како да ги покријам сите сметки, арачи и рекети со само 200 евра?
Иди првин прошетај во Швајцарија види колку кошта храната, колку кошта такси за имот, итн итн. Па после прави се паметен.
1. Па иди усоврши се во некоја област место да висиш на форуми со денови па може и ќе стигнеш по 600 евра месечно да земеш. Па освен за сметки да ти останат пари и за други работи.Поздрав[/quote]

Samo za napomena... Kolku se takvi vo drzavava so 600e+ mesecno,a kolku takvi so 200-250e? Koj vo drzavata nesto ke raboti i proizvede ako site stanat *takvi* so plata od 600 evra?
 
Sto ke se razrabotat sega onie agenciite za spojuvanje na bracni drugari, haha

Abe ok, najdi si nekoj na tvoe nivo, ne mora ni da ziveete zaedno, ni postela da delite ama nisto, odvoeni stanovi ako treba, samo na papiru da bide brak,,,:pos:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5
Интернет, кола, бензин, цигари, купечки алкохол, мобилен телефон, готова и процесирана храна...
После ќе си произведуваш по нешто, и ќе крпеш крај со крај. Шопинг, мопинг, кафенце, дремејне по кафичи, ќе забравеш.. .Ехее од колку нешта човек може да си скрате, само и само да помогне на државата да тргне напред. Плус ќе се жене, па со невестата ќе си имат 4-5 детенца и за 10-15 години ќе пораснат децата че станат работоспособни. И со целата скромност и работливост, истовремено проткаена со реформираното образование, ќе и тргне на државата напред. Човек само желба требе да има.

Од толку многу луксузи се имам откажано и пак не е како што треба. А замислата не ти е лоша, ама ова е Македонија, па размисли убаво зошто идејава е научна фантастика.
 
Иди првин прошетај во Швајцарија види колку кошта храната, колку кошта такси за имот, итн итн. Па после прави се паметен.
1. Па иди усоврши се во некоја област место да висиш на форуми со денови па може и ќе стигнеш по 600 евра месечно да земеш. Па освен за сметки да ти останат пари и за други работи.Поздрав

Прашај го твојот актив партнер Грујо зошто сум на форумов, а воедно прашај ги и лепешкарите од Образование кои веќе 20 години се одговорни за промашувањата во образовниот кадар.[/quote]
Ако сакаш да успееш секогаш ќе најдеш начин, ако не сакаш да успее секогаш ќе си најдеш изговор. Ако образованието е какво што е што те боли си имаш алиби што не си успеал во животот , образованието ми е криво, државата ми е крива, родителите ми се криви што не се богати, Значи сите се криви само ти си прав. Што мислиш диплома ќе земеш и готово ќе се потепаат уштеден студен со диплома да земат, така е тоа. А има ли подобар изговор бар во Македонија ако не си успејал , државата или образованието да ги посочиш како виновник. Прашај ги тие што успејале на добар дел од нив дали државата им помогнала или образованието што го добиле им било бомбона па успеале, ама тие не плачеле како тебе и не барале кривци.
 
Интернет, кола, бензин, цигари, купечки алкохол, мобилен телефон, готова и процесирана храна...
После ќе си произведуваш по нешто, и ќе крпеш крај со крај. Шопинг, мопинг, кафенце, дремејне по кафичи, ќе забравеш.. .Ехее од колку нешта човек може да си скрате, само и само да помогне на државата да тргне напред. Плус ќе се жене, па со невестата ќе си имат 4-5 детенца и за 10-15 години ќе пораснат децата че станат работоспособни. И со целата скромност и работливост, истовремено проткаена со реформираното образование, ќе и тргне на државата напред. Човек само желба требе да има.
Ure joking right? :tapp: So 2x200 evra ako imas familija ni 15 dena ne moze da isteras.
 
Од толку многу луксузи се имам откажано и пак не е како што треба. А замислата не ти е лоша, ама ова е Македонија, па размисли убаво зошто идејава е научна фантастика.

Макс Легендо, една ластовичка не праа пролет.
Не е научна фантастика. Требе само деталите да се обработат и договорат (додуша договарат се циклично додека се спроведуват.. Нешто како Action Research) и е тргнан процесо. Сега за да ги осетеш благодетите, треба невеста и 4-5 деца.
 
Ако сакаш да успееш секогаш ќе најдеш начин, ако не сакаш да успее секогаш ќе си најдеш изговор. Ако образованието е какво што е што те боли си имаш алиби што не си успеал во животот , образованието ми е криво, државата ми е крива, родителите ми се криви што не се богати, Значи сите се криви само ти си прав. Што мислиш диплома ќе земеш и готово ќе се потепаат уштеден студен со диплома да земат, така е тоа. А има ли подобар изговор бар во Македонија ако не си успејал , државата или образованието да ги посочиш како виновник. Прашај ги тие што успејале на добар дел од нив дали државата им помогнала или образованието што го добиле им било бомбона па успеале, ама тие не плачеле како тебе и не барале кривци.
Ајде кажи ни како да успејме во животот па и ние да се израдваме се дечениња да ни трчкараат како тебе што ти успејало. Ама немој да речиш партиска книшка то не се важи.
 
Прашај го твојот актив партнер Грујо зошто сум на форумов, а воедно прашај ги и лепешкарите од Образование кои веќе 20 години се одговорни за промашувањата во образовниот кадар.
Ако сакаш да успееш секогаш ќе најдеш начин, ако не сакаш да успее секогаш ќе си најдеш изговор. Ако образованието е какво што е што те боли си имаш алиби што не си успеал во животот , образованието ми е криво, државата ми е крива, родителите ми се криви што не се богати, Значи сите се криви само ти си прав. Што мислиш диплома ќе земеш и готово ќе се потепаат уштеден студен со диплома да земат, така е тоа. А има ли подобар изговор бар во Македонија ако не си успејал , државата или образованието да ги посочиш како виновник. Прашај ги тие што успејале на добар дел од нив дали државата им помогнала или образованието што го добиле им било бомбона па успеале, ама тие не плачеле како тебе и не барале кривци.[/quote]

Не реков дека плачам, напротив државата многу ме мотивира. Ме мотивира да се иселам од неа и нејзините нелогични закони.
 
Ајде кажи ни како да успејме во животот па и ние да се израдваме се дечениња да ни трчкараат како тебе што ти успејало. Ама немој да речиш партиска книшка то не се важи.
Утепај толку време колку што јас имам утепано во специјализации, сетификати, обуки тренизни итн. Па и ти ќе успееш во животот. Место да седиш на форуми едноставно е.
 
Утепај толку време колку што јас имам утепано во специјализации, сетификати, обуки тренизни итн. Па и ти ќе успееш во животот. Место да седиш на форуми едноставно е.
Абе све је то убо шо кажа. А какви сертификати од која наука ти се и кај продавајет и јас да земам?
 
I am not joking. Со ногу помалку сам вадил месец. Битно е да се има желба. Ама неам фамилија. Признавам.
Желба за опстанок?
200 евра плата за фамилија се доволни, ако секој месец ги уплаќаш топтан сите на коефициент 2 и да ги удвоиш. Значи или ќе има месо месецот или ќе нема ни леб...ризичен живот.
 
Vo Makedonija se uspeva samo so partiska kniska ili ako si se rodil vo bogata familija. Sekoja cest na tie sto uspeale i se iskacile nagore bez kniska i bez pari u pozadina ama takvi na prsti moze da gi izbrois.Ako i gi ima obicno se kriminalci,sitni i golemi.
 
Не реков дека плачам, напротив државата многу ме мотивира. Ме мотивира да се иселам од неа и нејзините нелогични закони.
Па исели се , твој живот твој избор. Нема да плачам по тебе ако се иселиш иди во Чешка како што сакаш па иди види дали така лесно се вади лебот таму, како што мислиш или заради кризата и кај нив има масовни отпуштања иди види го Чешкиот филм, па после ќе ми кажуваш искуства. И јас знам познаници што беа во Чешки филм па се вратија тука од што рози цветаат таму. Иди таму првин неколку месеци поработи преживеј, па после ќе ми кажуваш Чешки приказни.
 
*LION*, мило кој „усовршен“ зема во Македонија 600 евра бре златен.
Другарка ми која дипломира на Македонски јазик и книжевност, со доквалификации да може да биде професор по Македонски јазик (моментално вработена како келнерка во кафич за 8000 ден.), другарка ми која дипломира на правен, стажираше 2 години во Основен суд за незнам колку пари но мислам „ич“, го положи правосудниот и си се врати во родна Струмица зошто овде со сето тоа усовршување и даваа плата од 18000 ден., другар ми кој заврши на Градежен факултет и сега е шалтерист во кладилница за 10000 ден., другар ми кој дипломира на Археологија и до сега сезонски ги копаше Цареви кули во Струмица преку лето на +40 за 500 ден дневница, со пари кои најнормално доцнат за исплата треба да преживее цела година (моментално вработен како рецепционер во хотел), или исто уште еден дипломиран правник со 2 години стажирање кој не работи ништо. Е да само едниот другар дипломиран електро инжинер успеа да се вработи во ЕВН, но и тој не зема 600 евра плата. А да не почнам да зборам за децата чии родители немале финансии да ги пратат на факултет, па сега се шивачки, чистачки и лепачи на плочки, за нив месечна плата не надминува 6000 ден.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom