Влиjанието на Српската култура врз модерниот Македонски идентитет

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување Време на започнување
S

Sheldon Cooper

Гостин
По Балканските воjни и неуспехот на Македонските организации за извоjување автономиjа/независност во Македониjа се случува нов бран на пропаганда од соседните земjи. Вардарскиот дел е наjпогоден од Српската пропагандна машинериjа додека Егеjскиот од Грчката и Пиринскиот од Бугарската.

Ќе се задржам конкретно на Вардарскиот дел коj е денес она што го нарекуваме Република Македониjа.

Вардарскиот дел станува Вардарска бановина, се инсталираат Српски училишта, кина, театри, библиотеки и се турка идеjата дека Македонците се jужни Срби. Нормално, останал еден дел на граѓани кои не се согласувале и повторно туркале идеи за Независна Македониjа но за жал тие биле наjстрого казнувани и праќани на Голи Оток, обвинувани за бугарофилиjа и слично.

За време на Втората светска воjна, Вардарска Македониjа ќе се наjде под контрола на Фашистичка Бугариjа коjа ќе оформи држава-марионета „Независна Македониjа“ коjа за знаме и грб ги има ВМРОвските симболи но за жал со про-бугарска конотациjа и е предложена како протекторат на Фашистичка Бугариjа но набрзо ќе се распадне и Вардарска Македониjа ќе се врати кон Jугославиjа. Конечно во 1945 Македонците стануваат рамноправни граѓани како и другите Jугословени но во рамките на СФРJ.

Пост-воениот период е на некоj начин „преродбенички“ момент за Македонците но за жал, нашата култура се калеми по српски терк. Доказ за тоа е денешната македонска азбука, грбот на Р.М, огромниот броj на србизми, љубителите на турбо-фолкот, jугоносталгичарите, про-српските медиуми и партии кои се дел од нашето општество од 1945 до денес.

Србите имале интересна идеологиjа за Вардарска Македониjа. Знаеле за нашата омраза кон Бугарите и тоа го искористувале во нивна полза . Успеале на ВМРО и македонските борци да им дадат Бугарски карактер а македонското писмо кое се употребувало во тоа време да го направат бугарско само за да немаме никакви допирни точки нашето исконско писмо (вистината е дека писмото кое се користело во Македониjа и Бугариjа е всушност МАКЕДОНСКО бидеjќи се употребувало многу порано пред да доjдат Бугарите, да не спомнувам дека е оформено на наша териториjа од Кирил и Методиj).

Цената за признавањето на македонскиот етнос од СФРJ во тоа време си имало своjа цена. Македонските белези биле избришани или препишани на Бугарите кои денес тоа ни го фрлаат пред нос. Сме добиле нова азбука со претежно српски букви, сме добиле нов правопис и лоjалисти кон Комунистичкиот режим кои не сакале да чуjат за сепаратизам. Сепаратистите биле нарекувани Бугараши (месното население чувствувало омраза кон своите граѓани мислеjќи дека се Бугари). Македонците биле „испрограмирани“ да ги мразат Бугарите и Бугарската култура (читаj Македонската) но да ги сакаат Србите и истата таа подмолна идеологиjа функционира и денес.

Србите се наjголемите кочничари на Македонскиот напредок. Тито спречил да се обединиме со Пиринска Македониjа иако имало подлога за тоа, имало подлога и за обединување со дел од Егеjска но исто така тоа не се случило.

Што се сменило од тогаш до денес? Ништо. Ние сеуште пишуваме со истата таа новокомпонирана азбука, сеуште го имаме комунистичкиот амблем за грб, сеуште дел од населението чувствува наклонетост кон Србите а омраза кон Бугарите, сеуште Македонците причаат на српски во секоjа прилика, слават Српски празници во знак на Европска солидарност, пеjачите преферираат да пеjат на Српски па дури и некои песни им се само на тоj jазик итн итн итн. Листата нема краj и Македониjа и во 21 век, 2012 година сеуште не е независна држава со чист македонски идентитет.

Кога ќе се направат значаjни промени за заjакнување на идентитетот преку враќање на старите симболи и одлики кои ни биле дел од нашата стара култура наместо ѕидање антички споменици и зданиjа тогаш ќе можеме да кажеме - ние сме Македонци.

Темава е под деjство на лична фрустрациjа но верувам дека се што опфатив е точно.

Напомена: немам ништо против Српскиот народ, ниту кон Бугарскиот, но тоа не значи дека не можам да направам реална слика за тоа што се случува/ло во нашата земjа.
 
Србите се наjголемите кочничари на Македонскиот напредок.

Што се сменило од тогаш до денес? Ништо.
Ние сеуште пишуваме со истата таа новокомпонирана азбука, пеjачите преферираат да пеjат на Српски па дури и некои песни им се само на тоj jазик итн итн итн. Листата нема краj и Македониjа и во 21 век, 2012 година сеуште не е независна држава со чист македонски идентитет.

Ме изнасмеја... Се која држава си имала реформи на азбука та.
Тоа што некој сака Српски песни или пее на Српски негов проблем..

И тоа е кочница за Македонија да биде Македонска?:cuc:

Македонија е Македонска ако не знаше...
 
Македонската азбука си е Македонска и не е Српска ........ Македонскиот јазик пак јасно се разликува од Српскиот т.е. од Српско-Хрватскиот ........... точно е тоа дека се слични јазици кои се разбираат, но разликите се гледаат и осеќаат од авион !
За азбуката .............. Македонската азбука има 31 буква, а Српската 30 букви, во Српскиот јазик нема буква Ѕѕ, тие користат Зз наместо наше Ѕѕ на пр. они викаат зид, звоно... потоа нашите букви Ќќ и Ѓѓ кај нив се поинакви и поинаку се изговараат ............ значи ако нешто е слично, тоа незначи и дека е исто .......... во Српскиот јазик има падежи, а кај нас нема, кај нив па нема членување, а кај нас има и.т.н.
Македонскиот јазик звучи сосема поинаку од Српскиот, тоа се осеќа многу, нивниот јазик е некако по певлив, нашиот е по тврд некако, разликите се големи .............. инаку на Балканот воглавно постојат 4 различни Словенски(Јужно-Словенски) јазици, тоа се Словенечкиот(Словенија), Српско-Хрватскиот(Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска), Бугарскиот(Бугарија) и Македонскиот кој што се зборува во Македонија како и во регионите од Албанија, Грција, Бугарија и Косово(Гора) каде што сеуште живее Македонско малцинство ......... реалноста е таа, а кој како сака може да си ги гледа работите сам за себеси .................. б.т.в. Македонскиот јазик и писмо дури и во времето на екс СФРЈ биле признати како различни и посебни и биле официјални на територијата на СРМ како и на територијата на СФРЈ ........... инаку три посебни јазици биле признаени во таа бивша држава, тоа биле Српско-Хрватскиот(кој најмногу се употребувал на државно федеративно ниво поради мнозинството на народи кои го говореле во таа екс држава), како и Словенечкиот и Македонскиот со нивните писма кирилично и латинично !
 
PIRATIC
Македонската азбука содржи голем броj на букви од Караџицата.
Следниве букви не се македонски: њ, љ, џ, j - создадени се од Вук Караџич.
Следниве букви требало да се додадат но Лоjалистите не сакале бидеjќи наводно биле слични со бугарските кои претходно елаборирав дека не се бугарски:
н' л', к', дж,
btRVo.png
/i (наместо j) а буквите
yDaMx.png
и знаците ь, ы,
G7Im0.png
се целосно исфрлени од употреба.
Според преродбеничката азбука предложена од Мисирков, доволно ќе беше да се воведат буквите н' л', к', дж,
btRVo.png
/i
и темниот вокал . Тоа ќе беше реформа на азбуката во согласност со унифицирањето/кодифицирањето на македонскиот jазик коj требаше за основа да ги има централните говори и да се почитува правилото 1 глас 1 буква. Тоа што се случи со кодифицирањето на азбуката беше новокомпонирана азбука со нови измислени букви кои немаат допирна дочка со македонската култура само за да бидат блиски со Српската азбука.

ПС. ете дури и Каjгана игра по тие правила и вовела конвертор за тие букви сметаjќи ги за бугарски, така што не можете да ги видите, ги постирав како слики.
 
ОК Годрич тоа си е твое лично размислување и не велам дека си грешка, но од друга страна ако Македонската азбука е Српска, тогаш азбуките на Бугарија, Украина, Белорусија, како и азбуките на земјите од централна Азија кои до пред 20 години беа во рамките на СССР имаат Руска азбука ?!
Бугарската азбука, како и Украинската, Белоруската, Казашката, Туркменската, Киргиската и Таџикската се 90% исти ко Руската азбука, но сепак си имаат и по некоја своја буква и во никој случај не би си рекле самите за својата азбука дека е Руска и пак ќе кажам ако нешто е слично тоа незначи и дека е исто !
 
Годрик*. Човеку за каква руска азбука зборуваш? Кирилицата е измислена во Русиjа или во Македониjа? Во првиот пост обjаснив дека кириличното писмо е излезено од Македониjа, сите словенски народи го превземаа истото за подоцна да го присвоjат а неговите оригинални изумители (ние) користат новокомпонирано писмо. Нели е парадокс?
 
PIRATIC
Следниве букви требало да се додадат но Лоjалистите не сакале бидеjќи наводно биле слични со бугарските кои претходно елаборирав дека не се бугарски:
н' л', к', дж, ј/i (наместо j) а буквите ја, Ју, шт и знаците ь, ы, ' се целосно исфрлени од употреба.
ПС. ете дури и Каjгана игра по тие правила и вовела конвертор за тие букви сметаjќи ги за бугарски, така што не можете да ги видите, ги постирав како слики.
1. Немаш ти ништо елаборирано за азбуката. Се до крајот на ВСВ не постоела македонска азбука.
2. Варијантите на Караџиќ за гласовите "љ" и "њ" се графички поблиски со буквите за истите гласови кои се користеле во словенското писмо на кое се напишани црковнословенските текстови.
 
Годрик*. Човеку за каква руска азбука зборуваш? Кирилицата е измислена во Русиjа или во Македониjа? Во првиот пост обjаснив дека кириличното писмо е излезено од Македониjа, сите словенски народи го превземаа истото за подоцна да го присвоjат а неговите оригинални изумители (ние) користат новокомпонирано писмо. Нели е парадокс?

Постојат две гранки на кириличното писмо .......... едни се водат према Руската азбука(Русија, Украина, Белорусија, централно Азиските републики кои беа во рамките на екс СССР, Бугарија) и други кои се водат према Српската Азбука !
На пр. во Руската азбука ги има буквите ЈУ ЈА ШТ/ШЧ ‘ ЈЕ ЈО И(со цртичка над него) и.т.н. кои ги има и во Бугарската, Украинската, Белоруската, како и во азбуките на централно Азиските држави кои беа порано во рамките на СССР !
А ние Македонците бидејќи сме биле под Српска доминација толку децении, секако дека сме зеле примери од Српската азбука(Караџица), што е тука толку чудно или страшно, тие букви ти што ги пишуваш повеќе имаат сличности со Бугарската т.е. со Руската азбука, бидејќи Бугарите дечко имаат 90% иста азбука како и Русите, а иста таква азбука имаат и Украинците, Белорусите, како и државите во централна Азија кои до пред две децении беа во рамките на СССР !
 
Мајко мила ДЕЛИТ моментален на темава .... неможев ни да го дочитам целион текст од креаторот колку ГЛУПОСТИ изнатропал ... :facepalm:

Како прво која црна омраза кон Бугарскиот народ бре нормален ли си ти
Како второ нели не го признаваше ВМРО(тогашно) како Македонска организација ? па тогашното вмро се Протугеров , Александров , Петар Чаулев , Михајлов .... шо е сеа си го смени ставот или сакаш да си лупеташ рандом ?
 
Благодарност до Годрич за напишаното, го кажа тоа што и јас би го кажал, и тоа од А до Ш.
 
Што има врска Тито со Србите?
Тито ги раководел Србите, во JНА имало многу повеќе Срби отколку Хрвати иако самиот тоj бил Хрват. Во Македониjа поточно, Титовите лоjалисти биле во наjголем процент Србомани, за Хрватофили немам чуено.
 
Тито ги раководел Србите, во JНА имало многу повеќе Срби отколку Хрвати иако самиот тоj бил Хрват. Во Македониjа поточно, Титовите лоjалисти биле во наjголем процент Србомани, за Хрватофили немам чуено.
Тука имаш поента за разлика од предходнине глупости (во главном)
 
1. Да секоjа имала реформи но не и целосна измена
2. Аj прочитаj одново што напишав во првиот пост.

1.Тоа е наша реформа на наша азбука...нешто ти не е јасно?
2.Само за турбо фолкери и српски песми пишуваш,како ти замислуваш да го спореш тоа...
Ало бе човеку тоа е музика...Ај јас да ја сопрам на сила Хип Хоп музиката во Македонија оти е Америчка!!! Или некој мене да ме пљува оти слушам само Рок од Англија...
--- надополнето: 28 октомври 2012 во 20:37 ---
Тито ги раководел Србите, во JНА имало многу повеќе Срби отколку Хрвати иако самиот тоj бил Хрват. Во Македониjа поточно, Титовите лоjалисти биле во наjголем процент Србомани, за Хрватофили немам чуено.

Имало оти Србите биле најмногу народ во таа Југославиа и се палеле најмногу од сите на комунизмот...за разлика од Хрватите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom