Абе Ставро сериозен или не, не знаеш што се може да се деси у живот. Сум стекнал доволно блиски луѓе, да ги замолам да ми отстапат простор за фаќање прашина. Кога ќе ми текне во какви сумљиви подруми и визби сум се пикал, од самиот поглед ти треба 2 инекции против тетанус, од страна гледано изгледало како да дилам хероин, само за да стигнам до Моби Дик на Мелвил, Сатански стихови на Ружди, Улис на Џојс, Големите очекувања на Дикенс, се книги издадени од пред 20-50 години и тоа само еднаш на македонки, или да ја скоро соберам цела колекција на Магма од Темплум, Проаза на Или-Или или пак Странски и југословенски автори кои се 100 наслови а некои и по неколку томови вкупно околу 130-140 книги. Да не заборавам Шекспир, Толстој, Светска книжевност во 50 тома од Иго, Лондон, Балзак и Достоевски со тврди корици и жолти омоти, Пушкин во тврда корица плус омоти, црвените од Светски класици од 40 книги за кои користев секакви методи за да ги добијам последните 2, Чехов, Хемингвеј, Гогољ сите во тврди корици и сите на македонски па нема пара освен да е нож на коска што ќе ме натера да ги продадам. Остави ги некаде, другари вујковци, стрини, нека фаќаат прашина, само не ги продавај, ќе те прогања цел живот тоа. Аман мене стомак ми се врти дур читам. Може и грешам со нагаѓањево ама не терај мазохистички пристап, нов почеток па ај сега нека гори се старо шо би рекол Аца Лукас-Нек боли још јаче ако треба да је бол нек боли најјаче.
Дали некој го има Роман о Лондону на македонски ама преведен (знам дека е подобро на српски ама тешко ми е на српски да ја читам не ми оди).
Едит: Ако не би ја прифатил и Сеобе (ако е на македонски)
Го имам јас Црњански, од таа едиција од зелените е странски и југословенски наслови, 2 тома тврда зелена корица со златни букви, ама не ми е за продавање. Уште 15 книги ми фалат да ја докомплетирам таа збирка од 100 книги. Да знаеш како сум барал колку точно ги има на број, а и денес не сум за 2-3 сигурен дали тие се книгите што ги барам.