Еден поздрав од мене до сите навивачи на Челзи (оние шо предвидуваат 5:1 и 1332443:2)
Тоа си е ваше лично мислење и имате право да го напишете овде јавно, но не летајте во облаци.
Никој не плаче за судиите, само се спомнаа факти кои и те како се битни. Битни фактори кои вашиот сакан Јунајтед го извадија од доста големи го*на во последно време.
Како и сите меѓусебни дуели очекувам пред се тактичко надигрување. Натпреваров е од круцијално значење и за 2те екипи, со победа Челзи оди на +7, со победа Манчестер на -1. Голови ќе има, во тоа сум убеден, со надеж дека во онаа на Манчестер повеќе отколку во онаа на Челзи.
Навивачки типував за Челзи, но мислам дека натпреваров ќе заврши нерешено, резултат со кој до одредена граница верувам и 2та тима би биле задоволни. Долга е сезоната, а нерешено со најлутиот ривал и најголем конкурент, без разлика на домашен или гостински терен, и не е толку лоша работа
Некој погоре спомна 2те одбрани се дупиња. Кога играа Челзи и добиваа 1:0 беа дефанзивна екипа, со анти фудбал. Сега кога победува 4:2. 4:0 а богами и губи 2:1 4:1, и игра натпревари со минимум 3 голови, пак не ви чини. Одбраната не е доволно добра моментално, со тоа се согласувам, но далеку од тоа дека е катастрофална. Луѓе ова е модерен фудбал, доста екипи се зајакнаа и нема веќе слаби екипи. Некој во темата на ЛШ беше постирал нешто во смисол "порано се знаеше пишеш Баерн М. Реал, Барса, Манчестер да тепат и беше добитен, сега ништо не излегува ко шо треба" пост кој доволно добро го доловува она што сакам и самиот да го кажам.
Одбраната за Манчестер за разлика од нашата мислам дека е во полоша форма, често први примаат голови, па после мора да се вадат на силниот напад. Но не секогаш ќе биде така, и мислам дека баш на ова ќе обрне внимание САФ.
На крај краева, иако сум навивач на Челзи и 90 минути ќе седам ко на игли, мене ми одговара да се игра фудбал без одбрана. Нека трчаат во напад најизменично, шо ќе биде нека биде

Поарно 3:3 отколку 0:0
