Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.785
- Поени од реакции
- 52.786

Во деветото коло од премиер лигата Челзи го дочекува Манчестер Јунајтед на Стемфорд Бриџ. Овие два тима и оваа сезона се помеѓу главните фаворити за освојување на титулата, па и едните и другите ќе сакаат да ги освојат трите бода за да го потврдат овој статус.
После губењето на титулата во последните минути од последното коло минатата сезона, Манчестер Јунајтед го искористи летниот период за да донесе квалитетни засилувања на клучни позиции за да може да му конкурира на шампионот Сити.
Челзи пак, после лошата сезона во домашното првенство и завршување на шестата позиција, најлош пласман во ерата на Абрамович и разделбата со Дрогба го подмлади тимот со квалитетни млади таленти од кои се очекува достојно да ги заменат играчите кои редеа успеси изминатите години.
Челзи ја започна сезоната одлично и после осум изиграни кола се наоѓа на врвот на табелата со 22 поени од можни 24, со 4 поени предност пред тимовите од Манчестер. Ова е голем успех за Сините од Лондон со оглед на тоа што беа доведени доста нови играчи кои што треба да се вклопат во тимот, како и промена на стилот на игра.
Манчестер Јунајтед се наоѓа на втората позиција со освоени 18 поени. Тие имаат шест победи и два порази оваа сезона. Црвените Ѓаволи сезоната не ја започнаа на најдобар начин, и често покажуваат несигурност во играта и примаат голови во почетните минути на натпреварот. Сепак, Фергусон располага со квалитетен тим кој засега успешно се справува со овој проблем.
Јунајтед го има најдобриот напад во лигата со постигнати 21 гол во осум натпревари, 2 гола повеќе од Челзи кој заедно со Арсенал ја има најдобрата одбрана во лигата со примени 6 гола.
Победа за Челзи би значела потврдување на лидерската позиција на табелата. Овие три поени би му дале на тимот предност од седум поени пред ривалот Манчестер Јунајтед. Победа за Јунајтед ќе значи доближување на само еден поен разлика од Челзи и дополнително ќе ја разгори борбата за титулата.
Можни состави:
Челзи
Чех
Иванович - Луиз - Кејхил - Кол
Микел - Рамирес
Хазард - Оскар - Мата
Торес
Манчестер Јунајтед
Де Геа
Рафаел - Фердинанд - Еванс - Евра
Керик - Клеверли - Сколс
Руни - Ван Перси - Чичарито
Рафаел - Фердинанд - Еванс - Евра
Керик - Клеверли - Сколс
Руни - Ван Перси - Чичарито
Интересен факт
Manchester United have not won at Stamford Bridge in the league since April 2002 when they secured a 3-0 victory courtesy of goals by Ruud van Nistelrooy, Paul Scholes and Ole Gunnar Solskjaer.